Факултет за Информатички Науки и Компјутерско Инженерство - ФИНКИ

Член од
24 октомври 2019
Мислења
104
Поени од реакции
34
Не ме смеј, од кај заклучи дека сум студент и тоа дека не сум при крај? Па уште и совети ми дава? :ROFLMAO: Веќе имам работено во фирма, иако моментално работам фриленс. Од искуство ти кажувам сум одел по интервјуа кадешто ме викале, само на едно место ме прашаа за факултет и тоа спонтано испадна.
А дипломиран/а си?
 
Член од
2 февруари 2020
Мислења
45
Поени од реакции
17
Здраво колеги, ако може предлог изборни за трет семестар. поточно мислење за следниве предмети, Интернет програмирање на клиентска страна/Напредно програмирање/Шаблони за дизајн на кориснички интерфејси и нешто друго да потполни полесен предмет, со оглед на тоа дека имам алгоритми. Воедно дали предметот кој е задолжителен Компјутерски мрежи и безбедност е тежок, што поточно се учи? Ви благодарам однапред.
 
Член од
15 ноември 2013
Мислења
1.467
Поени од реакции
2.500

Шаблони за дизајн на кориснички интерфејси - имаш теорија и задачи , по теоријата се учат шаблони на кориснички интерфејси , каде се користат , како изгледат и слично , се полага е-тест на курсес имаш дадено слики од одредени шаблони каде што треба да погодиш на дадената слика кој шаблон/и е искористен , теоријата е прилично лесна , на делот од задачи се учи jQuery(библиотека на JavaScript) на колоквиуми ти е дадено една задача каде што треба да го погодиш кој шаблон треба да се искористи во дадената ситуација и да го имплементираш со html/css и jQuery , теоријата ја држеа Ивица , Иван и Лошковска , задачите ги држеше Влатко Спасев. Заборавив да напоменам дека за делот на задачи можеш да бираш дали сакаш шаблоните да ги црташ во тетратка или да програмираш , со цртање најмногу што можеш да извадиш е 6ка.Мене ми беше прилично интересен и лесен предмет.

Компјутерски мрежи и безбедност - исто имаш теорија и задачи , се учат слоевите од кои е составен интернетот како Апликациски,Транспортен,Мрежен и Податочен се учат подетално секој од овие слоеви , исто и се учат основи на Безбедност како енкрипција со приватен/јавен клуч , RSA и Diffie-Hellman алгоритмите за енкрипција ( само основни работи не се навлага многу длабоко ).За мене беше многу интересен и лесен предмет.

Ако сакаш уште еден лесен изборен предмет земи го Економија за ИКТ инженери , го држи Смилка и како сите други нејзини предмети e многу лесен за полагање.
 
Последно уредено:
Член од
12 јануари 2018
Мислења
212
Поени од реакции
121
Здраво колеги, ако може предлог изборни за трет семестар. поточно мислење за следниве предмети, Интернет програмирање на клиентска страна/Напредно програмирање/Шаблони за дизајн на кориснички интерфејси и нешто друго да потполни полесен предмет, со оглед на тоа дека имам алгоритми. Воедно дали предметот кој е задолжителен Компјутерски мрежи и безбедност е тежок, што поточно се учи? Ви благодарам однапред.
КМБ го слушав по старата програма пред 2 год. Сеуште ми е омилениот предмет што сум го слушал на факултетов. Како што кажаа погоре, прилично интересен предмет е. Исто така е и доста корисен предмет по кои мора да ги знаеш основите дури и во сон. Имаат примена скоро секаде.
 
Член од
18 јули 2017
Мислења
43
Поени од реакции
8
Здраво на сите! Имам голема двоума во моментов. Би сакал да се запишам на Финки после 1 година начисто изгубена на Феит. Моментално имам страв повторно се заглавам во претежок материјал. Дали финки е полесен факултет? Единствено нешто што положив на Феит беше програмирање со 9тка. Не ми оди математика многу. Се мислам помеѓу Пит и Сиис. Некои другари ми кажаа да не губам време со факултет и да одам право на курсеви како семос. Имате ли препораки/мислења?:unsure:
 
Член од
18 април 2014
Мислења
75
Поени од реакции
12

ФИНКИ воопшто не е полесен од ФЕИТ, туку напротив ако веќе не си се снашол на ФЕИТ првата година не очекувај дека на ФИНКИ ќе си поминеш полесно, многу понеорганизиран факултет е од ФЕИТ. Исчитај наназад на страниците што пишува за да добиеш повеќе претстава за што станува збор. Како што разбрав само програмирањето ти одело во прва година. Ако веќе имаш желба за ФИНКИ, тогаш запиши се на смерот со најмалку математика, мислам ПИТ е по новите програми, но размисли си добро. Можеби курс/академија ти е подобра варијанта. Во секој случај, факултетот воопшто не е лесен.
 
Член од
26 август 2018
Мислења
79
Поени од реакции
33
Некој што држи онлајн приватни часови по веројатност и статистика?
 
Член од
11 јуни 2012
Мислења
126
Поени од реакции
23
Дипломската за 4 годишни е 6 а за 3 годишни е 12?
 
Последно уредено од модератор:
Член од
11 јуни 2012
Мислења
126
Поени од реакции
23
A dalii ispinata ke bide online ili nso fizicko prisustvo ?
Автоматски споено мислење:

Некој што држи онлајн приватни часови по веројатност и статистика?
Prasaj ja biba nacevska najdi ja na fb ona mozno e da drzi , za sekoj slucaj prasaj :)
 
Kajgana Shop

На врв Bottom