Што мислите кои се најкорисни изборни предмети за 3 семестар?
Бегај од лошковска, се друго ќе ти биде корисно. Таа го држи Интернет програмирање, има интересна содржина предметот, но женава не ти ја препорачувам. Ако не ми веруваш, слободно прашај постари колеги кои ги познаваш и ќе видиш дека истото ќе ти го кажат. И мене претходно ме предупредија за неа, но си велев дека само и се лутеле поради недавање поени на увид. Но, не е така, женава најверојатно има психички проблеми и од никаде ќе ти создаде милион проблеми.
Интерактивни апликации ти го препорачувам (и таму држи предавања горе-наведената жена), но нема влијание врз организацијата и оценувањето бидејќи е задолжена само за теоретскиот дел (е-тест). Исто така, разгледај предмети за 3та и 4та година без предуслови, има доста корисни.