Факултет за Информатички Науки и Компјутерско Инженерство - ФИНКИ

Член од
17 јули 2014
Мислења
67
Поени од реакции
41
Некој што слушал некој од предметите да каже збор два(лесен/тежок, корисен, интересен...)
*Мултимедијални технологии
*Мултимедиски системи
*Мрежни оперативни системи
*Вовед во роботика
*Машинско учење
 
Член од
1 мај 2014
Мислења
114
Поени од реакции
171

Мрежни оперативни системи е онака лесен предмет и добра подготовка од аспект на шел скриптите за предметот системски софтвер (оперативни системи) што е во 6-ти семестар за ИКИ ако нешто не смениле, се полага и теорија и задачи на хартија беа, и има опционална семинарска, Соња/Анастас го предаваат и Милош е асистент.

Машинско учење можеби е онака по специфичен математички предмет, но барем Коцарев не давеше со тие работи, а вежбите по се ориентирани кон алгоритми и графови, јас кога бев имаше задачи и на хартија и во матлаб нешто, пак велам ако не смениле.

Другите ги немам слушано, но за овие два нема да имаш проблем за положување, па и зошто не и за повисоки оценки. И двата предмети се корисни според мене.
 
Член од
23 април 2014
Мислења
43
Поени од реакции
4
Нешто за предметите:
- Виртуелни општества
- Управување со техничка поддршка
И мислење за професорите Анастас Мишев и Соња Гиевска.
 
Член од
13 март 2012
Мислења
154
Поени од реакции
82
Предметот Компјутерски Мрежи според вас кај кој е подобро да се слуша:
- Дејан Спасов
- Марјан Гушев

И дали како 6ти предмет(изборен) можам да го запишам интерактивни апликации а сум МТ(смер).Поради тоа што презапишувам К1,ДМ1,СП а запишувам Компјутерски Мрежи,Маркетинг и имам можност за уште еден изборен предмет.
 
Член од
17 март 2015
Мислења
9
Поени од реакции
0
Дали некој има слушано Анализа на софтверски барања и Компјутерски подржано производство?
 
Daniel.

Juventino per sempre
Член од
18 август 2009
Мислења
620
Поени од реакции
356
Ќе може некој да даде мислење (по можност и материјали) за Напреден Веб дизајн?
 
The King of Clay

Модератор
Член од
28 јануари 2012
Мислења
5.038
Поени од реакции
3.635
Предметот Компјутерски Мрежи според вас кај кој е подобро да се слуша:
- Дејан Спасов
- Марјан Гушев

И дали како 6ти предмет(изборен) можам да го запишам интерактивни апликации а сум МТ(смер).Поради тоа што презапишувам К1,ДМ1,СП а запишувам Компјутерски Мрежи,Маркетинг и имам можност за уште еден изборен предмет.
ИА можеш да го запишеш како 6ти предмет, но претходно треба да поднесеш молба за екстра кредит.

КМ не знам што да ти речам кај кого да го слушаш, јас го слушав кај Гушев официјално, а на едно предавање бев кај Спасов. Не ми се допадна како предава Спасов, некако лежерно и незаинтересирано. Гушев од друга страна доста подобро, но 3 пати во текот на семестарот пушта список и барем на еден од нив мора да си потпишан за да оствариш право на потпис. Тоа е само еден услов за потпис кај Гушев покрај оние стандардните лабараториски вежби. Значи дефинитивно Гушев или Спасов, евентуално Ристов бидејќи овие се тројцата кои теориајта ја даваат на е-тест, а останатите даваат теорија на лист со пишување што според мене е доста позезнато.
 
Значи можам овие 3 да ги презапишам, Мрежи да го запишам како 4ти поради тоа што имам слушано АОК, Маркетинг како 5ти како изборен(нема услов) и како 6ти ИА преку молба ?
 
The King of Clay

Модератор
Член од
28 јануари 2012
Мислења
5.038
Поени од реакции
3.635
Значи можам овие 3 да ги презапишам, Мрежи да го запишам како 4ти поради тоа што имам слушано АОК, Маркетинг како 5ти како изборен(нема услов) и како 6ти ИА преку молба ?
Да, запиши ги прво тие 5 и ќе пратиш молба на molbi.finki.ukim.mk како 6ти предмет тие да ти го запишат ИА бидејќи сам нема да можеш на iknow, ќе ти јавува прекорачување во кредити.
 
Член од
27 септември 2010
Мислења
5.079
Поени од реакции
7.165
Ми треба ваш совет, значи на 25ти полагавме Дискретна математика 1 и од тогаш до сега уште мојата професорка (Весна Димитрова) нема истакнато резултати. Остануваат уште утре и понеделник како можни денови за запишување на оценки по предметот доколку е положен бидејќи краен рок за пријавување на нов семестар е до понеделник. Дали ќе можам да си го пријавам семестарот без Дискретна математика и во случај да сум паднат по предметот да пишам молба да ми се рачуна како 6ти предмет?
 
Џ

ЏинЏер

Гостин

Можеш. Ако не ти е положен со молба ќе го запишеш или како шести предмет, или ќе замениш некој од запишаните.
 
The King of Clay

Модератор
Член од
28 јануари 2012
Мислења
5.038
Поени од реакции
3.635
Ми треба ваш совет, значи на 25ти полагавме Дискретна математика 1 и од тогаш до сега уште мојата професорка (Весна Димитрова) нема истакнато резултати. Остануваат уште утре и понеделник како можни денови за запишување на оценки по предметот доколку е положен бидејќи краен рок за пријавување на нов семестар е до понеделник. Дали ќе можам да си го пријавам семестарот без Дискретна математика и во случај да сум паднат по предметот да пишам молба да ми се рачуна како 6ти предмет?
Во право е членот погоре. Всушност проблемот е на професорите што чекаат милион дена за да истакнат резултати, некогаш се и неподносливи. Јас кај Весна Димитрова имам чекано месец и пол за теорија резулатти Калкулус 1... среќа беше колоквиум во прашање, меѓутоа не знаеш на што си, дали да спремаш втор колоквиум итн.
 
Член од
13 март 2012
Мислења
154
Поени од реакции
82
Да, запиши ги прво тие 5 и ќе пратиш молба на molbi.finki.ukim.mk како 6ти предмет тие да ти го запишат ИА бидејќи сам нема да можеш на iknow, ќе ти јавува прекорачување во кредити.
Фала ти за инфово!
 
Член од
27 септември 2010
Мислења
5.079
Поени од реакции
7.165
Во право е членот погоре. Всушност проблемот е на професорите што чекаат милион дена за да истакнат резултати, некогаш се и неподносливи. Јас кај Весна Димитрова имам чекано месец и пол за теорија резулатти Калкулус 1... среќа беше колоквиум во прашање, меѓутоа не знаеш на што си, дали да спремаш втор колоквиум итн.
Претеруваат веќе, почнаа резултати по ДМ2 да истакнуваат(се полагаше пред 3 дена), а ние уште не знаеме што да правиме со новиот семестар. :mad:
 
Kajgana Shop

На врв Bottom