Факултет за Информатички Науки и Компјутерско Инженерство - ФИНКИ

Член од
27 ноември 2008
Мислења
1.433
Поени од реакции
341
Интерактивни апликации за втор колоквиум теорија да не чува некој прашања што се паднале?
 
Емкаа

the worst thing about prison was the dementors.
Член од
14 мај 2008
Мислења
4.987
Поени од реакции
12.550
Интерактивни апликации за втор колоквиум теорија да не чува некој прашања што се паднале?
Јас лани теоријата ја полагав на испит, ама прашањата беа релативно лесни, предавањата ги поминав вечерта пред полагање и положив. Знам дека имаше примери и да заокружиш на пр. каква навигација е ова, итн. Лесно е.
 
Член од
27 ноември 2008
Мислења
1.433
Поени од реакции
341
Да бе еве читкам сега плус домашните ги имам правено познато ми е ... и на првиот сите поени ги зедов ама ајде демек ако има некој нешто дополнително не е на одмет :)
 
Член од
22 февруари 2014
Мислења
172
Поени од реакции
27
Дечки, некој што слушал Напредно програмирање или има познавање, сакам да прашам:
- кога треба да искористам некоја колекција (листа, мапа, сет, табела whatever) и треба да ги одржувам елементите сортирани (да речеме, треба да бидат сортирани според име, а ако имаат исто име, тогаш според презиме), која колекција би требало да ја искористам? Интуитивно некако TreeMap или TreeSet ми доаѓа (листите природно не се сортирани при додавање нови елементи), но проблемот со нив е што не дозволуваат да имплементираш свој компаратор, па сум во конфузија. Некој идеја/совет?
Благодарам однапред.
П.С. Што во случај кога треба да ги чувам сортирани според позиција (позицијата не постои ко атрибут внатре во класата)...?
 
Последно уредено:

Hyperz

Изгубен во времето и просторот...
Член од
13 август 2011
Мислења
715
Поени од реакции
423
Дечки, некој што слушал Напредно програмирање или има познавање, сакам да прашам:
- кога треба да искористам некоја колекција (листа, мапа, сет, табела whatever) и треба да ги одржувам елементите сортирани (да речеме, треба да бидат сортирани според име, а ако имаат исто име, тогаш според презиме), која колекција би требало да ја искористам? Интуитивно некако TreeMap или TreeSet ми доаѓа (листите природно не се сортирани при додавање нови елементи), но проблемот со нив е што не дозволуваат да имплементираш свој компаратор, па сум во конфузија. Некој идеја/совет?
Благодарам однапред.
П.С. Што во случај кога треба да ги чувам сортирани според позиција (позицијата не постои ко атрибут внатре во класата)...?
TreeMap(Comparator comp)//Constructs a new, empty tree map, ordered according to the given comparator.
Код:
https://docs.oracle.com/javase/7/docs/api/java/util/TreeMap.html
Ако треба да ги чуваш според позиција најверојатно се мисли на ArrayList.
 
Член од
25 јуни 2014
Мислења
4
Поени од реакции
0
Здраво:)

Сакам да прашам што е разликата помеѓу ФИНКИ и ИИ-ПМФ ?
Кој факс е полесен? (и зошто?) *чисто информативно*
 
Have an ice day

Get Free
Член од
26 јануари 2014
Мислења
544
Поени од реакции
1.021
Дечки, некој случајно PHP(Програмиски практикум) материјали да не има закачено на облак ?!
Ми требаат итно! :)
 
Член од
27 ноември 2013
Мислења
5
Поени од реакции
0
Здраво дечки, доколку има некој кој би се нафатил да помогне за проектот по Дизајн и архитектура на софтвер - рефакторирање во JAVA (најдобро некој што го слушал предметот изминатата година) нека ме контактира да се договориме или нека ми препорача некој што мислите дека би можел да помогне. :)
 
Amaterasu

123123113
Член од
17 април 2012
Мислења
1.188
Поени од реакции
1.189
Здраво колеги, сакам да ве прашам за совет/мислење/искуство во врска со следниве предмети :
Mобилни апликации, Операциони истражувања, Интелегентни системи, Безбедност на компјутерски системи, Алгоритми и сложеност, Интернет технологии.
 
Член од
23 јуни 2008
Мислења
9.265
Поени од реакции
5.045
Ај некој да ми каже Игор Мишковски кога има консултации ? Да му отидам да го посетам :)
 
Член од
10 февруари 2008
Мислења
844
Поени од реакции
444
Здраво колеги, сакам да ве прашам за совет/мислење/искуство во врска со следниве предмети :
Mобилни апликации, Операциони истражувања, Интелегентни системи, Безбедност на компјутерски системи, Алгоритми и сложеност, Интернет технологии.
За Алгоритми и сложеност што кажуваа колегите е дека бил доста потежок од АПС, но и се учеле доста работи. Мене АПС не ми се свиѓаше многу зашто колоквиумите ни беа copy-paste на алгоритам и смени 2-3 реда. Ако те интересираат алгоритми и сакаш да научиш повеќе бирај го, ако сакаш полесни предмети дефинитивно избегни го.
 
Eva Molotow

Anti-social Engineer
Член од
6 јуни 2008
Мислења
532
Поени од реакции
392
Здраво колеги, сакам да ве прашам за совет/мислење/искуство во врска со следниве предмети :
...Безбедност на компјутерски системи...
БНКС го слушав минатиот летен кај Весна Димитрова, но колку што знам, го слушавме колеги од повеќе смерови, вклучувајќи и колеги кои го слушаат Безбедност и Криптографија од ИИ, поради што предметот содржеше и доста криптографија што според мене е непотребно, со оглед на тоа што има цел предмет посветен на криптографија. Годинава најверојатно ќе го сменат.

Не го полагавме на колоквиуми, имаше еден тест (кој беше 70% математика, а на аудиториски немаме ниту една задача решена), 4 лабораториски во стил "имплементирај AES во CBC и ECB режим", "имплементирај RSA" и сл... претежно copy-paste од нет, и проект кој беше факинг 50% од предметот. Првичната замисла на Весна и беше да направиме некои веб апликации, да ги ставиме на сервер и да си ги напаѓаме, но не добивме сервер од Боро и така си останаа апликациите, чисто за презентација. :)
 
Па баш за овој предмет го читав "дескрипшнот", ми се виде како интересни работи да ќе се учат, ама па овие работи што ми ги наброја, AES CBC, ECB, RSA, сите ги имаме учено по Крипто, не сакам да ми биде предметов како повторување....
Значи ништо од ова :
Архитектура на системите за заштита кај оперативни системи, автентикација, контрола на
пристап:листи на пристап, имплементација на контрола на пристап (Unix, Java), Bell и La
Padula модели. Механизми на оперативни системи за подршка на MAC политиките.
Безбедносни политики Clark-Wilson и Кинески ѕид. Слабости на заштитата кај оперативните системи. Безбедност на интернет протоколи. Web сигурност. Безбедно управување со мрежи. Заштитни механизми кај TCP/IP базираните мрежи и кај DNS.
Злонамерници. Злонамерни софтвери. Заштитни ѕидови (Firewalls). Детекција на вируси, тројански коњи и обиди за неовластено најавување. Spam (преку e-mail подсистем).
Заштита кај smart и други видови на картички. Протоколи за безбедни електронски
трансакции; Безбедност во комуникациските програми. Безбедност во бази податоци.
не се учи ?
 
Kajgana Shop

На врв Bottom