Факултет за Информатички Науки и Компјутерско Инженерство - ФИНКИ

statusQuO

Модератор
Член од
18 јуни 2008
Мислења
13.038
Поени од реакции
7.615
Утре е неработен така?
Иам лабараториски а никад не се знае со факултетов да не напраам уште еден минус кој ќе ги изработува после.
Или па да отидам и да не работат.
 
Член од
22 февруари 2014
Мислења
172
Поени од реакции
27
Чува некој колоквиумски/испитни задачи напредно програмирање за да ми испрати? Дополнително, некои сајтови со задачи за вежбање за предметов, материјали, такво нешто некој да препорача? Нема збирка ко за другите програмирање или испитни да си ги купиш, затоа прашувам....Фала однапред.
 
Член од
22 февруари 2014
Мислења
172
Поени од реакции
27
Некој задачи за хеширања и дрва по АИПС? Има поставено на систем, но сакам повеќе да разгледам :)
 
Член од
1 јули 2014
Мислења
4
Поени од реакции
0
Дечки има некој начин да се ресетира etest.finki.ukim.mk да можеш одредени глави по некој предмети повторно да ги решаваш.
 
Член од
22 февруари 2014
Мислења
172
Поени од реакции
27
Благодарам за љубезноста колешке. А другите....изгуглав, не најдов такво какво што барав. Ама премногу е тешко да го претпоставите тоа очигледно, сарказмот мора да е на прво место. Какви луѓе еј, страшна работа.
 

Eva Molotow

Anti-social Engineer
Член од
6 јуни 2008
Мислења
532
Поени од реакции
392
Благодарам за љубезноста колешке. А другите....изгуглав, не најдов такво какво што барав. Ама премногу е тешко да го претпоставите тоа очигледно, сарказмот мора да е на прво место. Какви луѓе еј, страшна работа.
Како нема, ова што е http://www.cs.princeton.edu/courses/archive/spr07/cos226/exercises/hash.html :)
Не зафркавај сеа и ти, според ников треба да си доста снаодлив/а. :D
 
Член од
14 август 2014
Мислења
7
Поени од реакции
0
Здраво дечки :)
Некој ако може да ми помогне со решавање на оваа задча?
Задачата е од алгоритми и програмирање со хеш табели :)
Да се напише програма која ќе работи како поедноставен македонско-англиски речник. Најпрво корисникот внесува N парови на зборови (македонски и англиски, одделени со празно место). Потоа се внесува текст на македноски јазик кој треба да биде преведен на англиски.
Благодарам
 

Eva Molotow

Anti-social Engineer
Член од
6 јуни 2008
Мислења
532
Поени од реакции
392
Здраво дечки :)
Некој ако може да ми помогне со решавање на оваа задча?
Задачата е од алгоритми и програмирање со хеш табели :)
Да се напише програма која ќе работи како поедноставен македонско-англиски речник. Најпрво корисникот внесува N парови на зборови (македонски и англиски, одделени со празно место). Потоа се внесува текст на македноски јазик кој треба да биде преведен на англиски.
Благодарам
Имаш нешто почнато од задачава или ја чекаш на готово? :)
 
M

Mr.InF3ction

Гостин
@Miki Lfc
Во принци има неколку чекори:
1. да сфатиш што е проблемот
2. да мислиш како би го решил проблемот ако не постојат хеш табели
3. да сфатиш-мислиш како хеш табела ке ти помогне да го решиш проблемот полесно,подобро,побрзо

4. направи една табела каде каде што за Key и Value ќе бидат од типот стринг
5. Читаш од тастатура и полниш хеш табелата каде што Key ќе биде македонскиот збор а Value ќе биде англискиот збор
6. Читаш цела реченица од тастатура, за секој збор бараш во хеш табелата дали постои запис со таков клуч...

Болдираното важи за СЕ, не можеш да решиш некој проблем со помош на нешто..ако не знаеш тоа нешто за што служи.
 
Последно уредено од модератор:
Член од
5 јуни 2008
Мислења
3.632
Поени од реакции
5.724
Слушам некој муабет SoCD лабораторијата не е повеќе во Анекс на приземје. Дали е ова без врска или стварно е на друга локација?
 

*Slash*

Comfortably Numb
Член од
31 јули 2008
Мислења
758
Поени од реакции
1.207
Луѓе, малце помош молам! :D пишав и во темата за семос, ама оваа попосетувана е изгледа..

Дали некој посетувал некој од овие 3 пакети курсеви и искуства/препораки/поплаки/било што..?

http://semosedu.com.mk/default.aspx?mid=39&pid=31&kategorijaId=96&Lan=MK

Едит: Било Мајкрософт било јава..:brlav:
 

Kajgana Shop

На врв Bottom