Факултет за Информатички Науки и Компјутерско Инженерство - ФИНКИ

Член од
5 јуни 2008
Мислења
3.632
Поени од реакции
5.724
Некое инфо за Географски Информациски Системи? Дали има теорија или само со семинарска се положува?
 
Член од
27 ноември 2013
Мислења
5
Поени од реакции
0
Здраво дечки, ако има некој што слушал Медиуми и комуникации или Концепти на информатичко општество да ми разграничи околу двата предмети, во однос на предавања, вежби, начин на полагање и сл. Се одлучив за Визуелно програмирање како прв предмет, за вториот се уште се двоумам. :)
 

acermk

лавот во сенка
Член од
18 јуни 2009
Мислења
1.920
Поени од реакции
826
Инфо за професорот Антовски Љупчо по Архитектура на компјутери?
 
Член од
26 јануари 2007
Мислења
823
Поени од реакции
832
Доцнам малку, не видов дека си ме цитирал. Ако е истата програма по која што се работеше лани, ако си слушал мрежно и те интересира АСП.НЕТ земи со го ЕМК без мислење, ќе ти се најде корисен ти велам. Плус и лесен е, на колоквиуми нема код, нема програмирање ништо, само прашања од презентациите на Трајанов(ако тој го држи повторно), ко што е разлика меѓу продавница од цигли и e-продавница, предности, недостатоци... имам некои испитни ќе ги ги пратам ако сакаш.

За другиве Податочно рударење е интересно во глобала, ама не ко предмет на факултетов бидејќи не се учи многу изгледа. Го немам слушано, прашај некој друг за посигрно.

Алгоритми за анализа на податоци го запишав сега, во 8ми семестар бидејќи ми е предмет кој го испуштив во 6ти, а е доста користен. Се учат напредни SQL-кверија и манипулации со бази, складишта на податоци, OLAP, влечење информации и слично. Малку луѓе го запишуваат, лани имаше 6 луѓе само, има 2 колоквиуми кои не се во колоквиумска, или се недела порано или недела подоцна. Ако го запишеш ќе се дружиме на предемтот. п.с. Убаво е да имаш слушано и положено бази за овој предмет, инаку не го земај. Исто и за податочно рударење.

За БКМ пишав погоре.
--- надополнето: 30 јануари 2014 во 20:22 ---



Ако си кукавица и бегаш од предмети што ти требаат, а бираш предмети што никогаш нема да ти потребаат само за да положиш лесно или да поминеш со семинарска, тогаш: Инжинерска економика, Мерни сетила, Електрични мерења, Нуклеарни централи. Други не ми текнуваат.
--- надополнето: 30 јануари 2014 во 20:26 ---



Се прогамира во C#, десктоп апликации, ништо сложени, основни работи. Малку на крај на предметот се спомнува MVC, серијализација исто мислам дека само по предметов се учи, ко метод за зачувување на податоци и тоа е. Има семинарска по слободен избор, која треба да е што е можно покомплицирана за да имаш повеќе поени. Јас правев штимер за гитара, програмирав Фуриеви трансформации за да манипулирам со звукот. Интерсно :)
Инаку, не верувам многу да се најде предметов за работа или нешто, ама онака за сопствен кејф да си напраиш некаква апликација која ќе ти го олесни животот се наоѓа. Од искуство зборам ова, си имам испрограмирано неколку апликации за лична употреба кои секојдневно ги користам.

Algoritmi za analiza na podatoci ima li materijali, od poranesni predavanja...? Btw data mining nema mn dopirna tocka so toa sto se uci na predmetot bazi na podatoci :) tuku poveke so masinsko ucenje i statistika...
 
Г

Грејвдигер

Гостин
Здраво дечки, ако има некој што слушал Медиуми и комуникации или Концепти на информатичко општество да ми разграничи околу двата предмети, во однос на предавања, вежби, начин на полагање и сл. Се одлучив за Визуелно програмирање како прв предмет, за вториот се уште се двоумам. :)

И двата се лесни предмети. Медиуми ми беше поинтересен, бидејќи ме интересираат такви понетехнички работи, а се поврзани со технологијата. Се работи за интернет комуникација, како да се претставиш себеси, комуникација, стори телинг и слично... Се полага со 2 проектни кои ги добиваш едно две недели пред колоквиумска и во колоквиумска недела идеш само ја предаваш и толку. Првата беше нешто со анкета, додкеа втората есеј на одредена тема (се договарате со професорот). Така беше лани, сега не знам како ќе е .

КИО, подебилен предмет нема. Не ми текнува што имаше теорија за учење, ама на аудиториски разгледувавме некои интернет сервиси за тајм тракинг, водење на буџет и такви тракатанци. Исто имавме проект и по овој предмет и секоја недела требаше да даваме извештај (изгенериран од еден од тие сервисите) и да кажеме што сме работеле. Цел предмет се полага на втор колоквиум. И да... може да ти се падне прашање „Информатичко општество на јапонски јазик”, сериозно. :)
 

Amaterasu

123123113
Член од
17 април 2012
Мислења
1.141
Поени од реакции
1.085
Сите тоа ми го кажуваат никој конкретно не ми објаснува околу човеков :D
Конкретно - тешко дека ќе научиш нешто. 80% од часот ќе слушаш за политика, за гласање, за општата состојба во државава, за учителки од средно, основно, за состојките на нес кафе, за relationship статусот на Сораја и така натаму... Мислам после АОК кај Анто можеш слободно да одиш на некој trivia quiz и да си освоиш прво место...
 

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.489
Конкретно - тешко дека ќе научиш нешто. 80% од часот ќе слушаш за политика, за гласање, за општата состојба во државава, за учителки од средно, основно, за состојките на нес кафе, за relationship статусот на Сораја и така натаму... Мислам после АОК кај Анто можеш слободно да одиш на некој trivia quiz и да си освоиш прво место...
:pos:

И кај Тентов беше така (јас Архитектури/ЛКДА таму слушав), само што два часа ги правеше како еден и како што викаш ти расправаше за од политика до кладилници и фудбал и формула 1 патеки.
 

Донев

★★
Член од
9 мај 2008
Мислења
35.559
Поени од реакции
52.351
Мене не ми предаваше, ама имавме среќа Спасов два пати да не може да ни држи предавање, па Анто го замени :D
Лекцијата за 10 минути ја предаде и после почнаа муабетите од горе.
 
Член од
5 декември 2009
Мислења
439
Поени од реакции
66
Конкретно - тешко дека ќе научиш нешто. 80% од часот ќе слушаш за политика, за гласање, за општата состојба во државава, за учителки од средно, основно, за состојките на нес кафе, за relationship статусот на Сораја и така натаму... Мислам после АОК кај Анто можеш слободно да одиш на некој trivia quiz и да си освоиш прво место...

Сепак реалноста е дека кој и да ти предава друг пак нема да научиш. Вака кај Анто барем нема досадно да ти биди.
 
Член од
10 февруари 2008
Мислења
843
Поени од реакции
444
Сите тоа ми го кажуваат никој конкретно не ми објаснува околу човеков :D
Секој час пушта список и ако те нема во три не добиваш потписи е сега колку е точно ова за потписи не знам. Можда ке ви каже и дека за десетка мора да одите на разговор кај него што исто не е точно затоа што нема време за разговор со студенти. Со материјалот не се замара многу, баш приметив некои од командите што беа во MIPS и тој ги испогреши. Исто така ќе научиш и зошто зградата што се гледа од 315 не е заврешена, како работат градежниците, за трките на водно... Сигурно ке ви каже и за овој блог http://antofakti.blogspot.com/

Сепак реалноста е дека кој и да ти предава друг пак нема да научиш. Вака кај Анто барем нема досадно да ти биди.
Од друга страна пак и ова е точно барем за Спасов кој го заменуваше неколку часа.
 

Dani

1 + 1 = 10
Член од
22 јуни 2010
Мислења
24.066
Поени од реакции
57.337
:pos:

И кај Тентов беше така (јас Архитектури/ЛКДА таму слушав), само што два часа ги правеше како еден и како што викаш ти расправаше за од политика до кладилници и фудбал и формула 1 патеки.
Бадијала не бил гостин кај Миленко :icon_lol:
 

Kajgana Shop

На врв Bottom