Факултет за Информатички Науки и Компјутерско Инженерство - ФИНКИ

Eva Molotow

Anti-social Engineer
Член од
6 јуни 2008
Мислења
532
Поени од реакции
392
Дали е вистина тоа дека на ФИНКИ може пример ако сме на МТ да зимаме изборни предмети и од другите смерови, пример од КНИ?
Да. Можеш од кој факултет сакаш да земеш предмет (во склоп на УКИМ).
 
Toneh

is a turtle
Член од
21 август 2005
Мислења
5.510
Поени од реакции
907
Да. Можеш од кој факултет сакаш да земеш предмет (во склоп на УКИМ).
Со тоа што бројот на изборни предмети од други факултети не треба да е поголем од 10% од вкупно сите предмети од твојот смер. Во превод, ако КНИ има 40 предмети, смееш да одбереш до 4 изборни од други факултети.
 
Член од
20 ноември 2011
Мислења
68
Поени од реакции
11

а од истиот факултет но од друга насока ?
 
/МIRЧ3_МкД\

Временски патник
Член од
7 март 2012
Мислења
380
Поени од реакции
102
Вака, има ли некој шо учествувал на РобоМак натпреварите, да ми каже како поточно се работи во група на проектите, колкаво предзнаење е потребно, дали мора да си со сите 9/10ки и слично ?
 
Член од
28 ноември 2011
Мислења
140
Поени од реакции
24
Нека сподели некој студент на смерот "Примена на е-технологии" ... Дали е тежок,што се изучува и кај гледаат вработување,здравје по заврувањето,плати и сл.
Мислам дека со 93.6 поени би влегол во државна квота ?
 
Член од
14 ноември 2010
Мислења
708
Поени од реакции
140
Математика ти е втор екстерен ?
 
Amaterasu

123123113
Член од
17 април 2012
Мислења
1.203
Поени од реакции
1.225
Нека сподели некој студент на смерот "Примена на е-технологии" ... Дали е тежок,што се изучува и кај гледаат вработување,здравје по заврувањето,плати и сл.
Мислам дека со 93.6 поени би влегол во државна квота ?
Мислам дека не би требало да биде проблем, нема голем интерест за тој смер.
Еве тука можеш да ги провериш резултатите од ланските уписи :
http://www.fakulteti.mk/upisi/2012-2013/rezupis2012.aspx
 
/МIRЧ3_МкД\

Временски патник
Член од
7 март 2012
Мислења
380
Поени од реакции
102
Сесијата во август , од кога почнува ? од 15 некаде ?
 
Член од
21 октомври 2009
Мислења
1.533
Поени од реакции
2.411
Вака, има ли некој шо учествувал на РобоМак натпреварите, да ми каже како поточно се работи во група на проектите, колкаво предзнаење е потребно, дали мора да си со сите 9/10ки и слично ?
Во група ќе бидите во просек 4ца. 1 странец, 1 од организаторите, 1 од 3/4 година и 1 мал (средно) или од друг македонски град (има од БТ, од Штип итн итн)
Треба да знаеш електроника и основи на програмирање.
Ќе програмираш во Басик, што е попрост јазик од Ц.
Предност имаат странски суденти , вклучително од унив. во Битола и унив. во Штип и студенти од 3та и 4та година на ФЕИТ/ФИНКИ.
Ако си прва или втора шансите ти се мнооогу мали, ама доколку сакаш премногу да учествуваш можиш да поразговараш со некој професор и тој да те испика. Пример, Лошкоска може да ти среди работа. Сепак ако влезиш како „домашен студент“ од ФЕИТ/ФИНКИ ќе можеш да се натпреваруваш во Лавиринт и во Сумо. Останатите 3 насоки (роботска рака, хуманоид и уште едно) се поексклузивни и се за постари или не-домашни студенти. Предност секако имаат девојките (y) во аплицирањето. Исто така можеш да учествуваш само една година на робомак..... А да ќе заборавев,навечер има журки и гага пиење колку ти душа сака (трпи)
 
/МIRЧ3_МкД\

Временски патник
Член од
7 март 2012
Мислења
380
Поени од реакции
102
^супер, само изгледа ќе треба да почекам уште некоја година :D (само шо завршив прва)
 
Kajgana Shop

На врв Bottom