Факултет за Информатички Науки и Компјутерско Инженерство - ФИНКИ

Член од
25 јуни 2011
Мислења
17
Поени од реакции
18
Бев скоро решена за КНИ ама сега почнувам да се премислувам за ИКИ. Читав и наназад освен физика што е различно и каде е подобро?
 
Amaterasu

123123113
Член од
17 април 2012
Мислења
1.168
Поени од реакции
1.146

Освен физика имаш и електро-техника. Ова е за прва година, понатаму сигурно има повеќе различни предмети. За тоа каде е подобро никој неможе да ти одговори, за некого е подобро ИКИ за некого КНИ. Најдобро е да отидеш на на страната на ФИНКИ, прочитај го општиот опис за КНИ и ИКИ, разгледај ги предметите, виде што те влече највеќе, па врз основа на тоа донеси си одлука :D
 
/МIRЧ3_МкД\

Временски патник
Член од
7 март 2012
Мислења
380
Поени од реакции
102
^Да, ако те интересира Физика и Електротехника, понатаму имаш и електроника ИКИ ти е добар избор. Со овие предмети колку толку добиваш некои знаења и за машинските (хардверски делови). А КНИ ти е исто така добар програмерски смер само шо таму не ги замараат со овие предмети. Како и да е ќе си видиш ти подобро.
 
Член од
20 јуни 2012
Мислења
147
Поени од реакции
40
Јас иам решенија на 7то издание ако ти врши работа.
ги имам и јас тие ,
ми треба која било издание , да ја има книгата и решенијата(Solution Manual) и да бидат од иста верзија
ај ако има некој нешто вакво да сподели.
 
Член од
25 јуни 2011
Мислења
17
Поени од реакции
18
Ги имам разгледано, вие што ми препорачувате?
А сега го гледав овај за обновливи извори на енегрија, што се дешава таму, многу потешко е? Знам дека прашувам во тема за финки ама се надевам ќе знае некој :)
 
Amaterasu

123123113
Член од
17 април 2012
Мислења
1.168
Поени од реакции
1.146
Ги имам разгледано, вие што ми препорачувате?
А сега го гледав овај за обновливи извори на енегрија, што се дешава таму, многу потешко е? Знам дека прашувам во тема за финки ама се надевам ќе знае некој :)
Па реално тешко е некој да ти препорача нешто, треба да си одлучиш сам/а, прво разгледај што те интересира, дали сакаш програмирање, хардвер... A за смеровите од ФЕИТ најдобро да си прашаш на нивната тема, сигурно ќе се најде некој да ти објасни. Само да ти кажам нешто што им го кажувам на сите оние што планираат да се запишат на ФИНКИ. Факултетот е тежок, си има многу за учење, ако немаш добри предзнаења математика ќе ти биде уште потешко. Треба да учиш секојдневно и не само да учиш, туку и да разбираш. Не е само да земеш да ги прочиташ лекциите, треба да сфатиш за што станува збор, треба да бидеш подготвен/а на тоа дека може да се случи да си цел ден на факултет од 8 до 8, да одиш на предавања/вежби и во сабота (на ФИНКИ не се губат часови, никогаш :D ), да полагаш 5 колоквиуми во 6 дена итн., со еден збор факултетот не е ништо полесен од ФЕИТ, не знам зошто толку многу луѓе се запишуваат....

Да го искористам постов да си прашам, има некој искуство со Визуелно програмирање, да каже нешто повеќе за предметот?
 
Член од
27 ноември 2008
Мислења
1.433
Поени од реакции
341

Лесен. Се учи Windows Forms Application C#. Професори Ѓорѓевиќ и Маџаров. Асистент Томче. Демонстратор Гајдуко хаха.
Лесен значи, лабараториските лесни. Томче на вежби решаваше по една задача. Пример колоквиуми имаа стаено. Првиот прелесен обична апликација, вториот нешто да се движат топчина по екран. Првиот колоквиум е боза. После натаму идат малку досадни ствари некои анимации цртање во winforms али не е тешко. Ако не знаеш C# ова ти е шансата. И после има еден проект за праење и то . :)
 
Фала многу на одговорот, ме интересираше дали навистина е вреден предметот, дали се учи нешто корисно :D
Иначе во кој семестар се слуша, зимски или летен ? Не сфатив на страната пишуваше 2,4., дали тоа се мисли втор семестар, четврт семестар?
 
Па искрено е вреден. Остај C# шо ќе научиш ако незнаеш, ќе научиш како се тоа се програмиа со on-click настани и такви работи шо многу ми помогна да направам апликацијата по Бази во .NET, пример. Во летен се слуша јас сега во 4ти го слушав.
 
Член од
25 јуни 2011
Мислења
17
Поени од реакции
18
Па реално тешко е некој да ти препорача нешто, треба да си одлучиш сам/а, прво разгледај што те интересира, дали сакаш програмирање, хардвер... A за смеровите од ФЕИТ најдобро да си прашаш на нивната тема, сигурно ќе се најде некој да ти објасни. Само да ти кажам нешто што им го кажувам на сите оние што планираат да се запишат на ФИНКИ. Факултетот е тежок, си има многу за учење, ако немаш добри предзнаења математика ќе ти биде уште потешко. Треба да учиш секојдневно и не само да учиш, туку и да разбираш. Не е само да земеш да ги прочиташ лекциите, треба да сфатиш за што станува збор, треба да бидеш подготвен/а на тоа дека може да се случи да си цел ден на факултет од 8 до 8, да одиш на предавања/вежби и во сабота (на ФИНКИ не се губат часови, никогаш :D ), да полагаш 5 колоквиуми во 6 дена итн., со еден збор факултетот не е ништо полесен од ФЕИТ, не знам зошто толку многу луѓе се запишуваат....

Да го искористам постов да си прашам, има некој искуство со Визуелно програмирање, да каже нешто повеќе за предметот?

Математиката најмногу ми оди, затоа и се запишувам, физика не толку, па затоа решив КНИ ама ме убедуваат за ИКИ, но ко што ми изгледа ќе си останам на тоа што сакав.
 
Jaqen H'ghar

Faceless man
Член од
25 март 2009
Мислења
1.077
Поени од реакции
1.271

Зашто да не се запишеш на АСИ ?
 
Член од
25 јуни 2011
Мислења
17
Поени од реакции
18
Зашто да не се запишеш на АСИ ?

Воглавно не можев да се одлучам ФИНКИ/ФЕИТ, овај смер не го ни отворив да разгледам. Што е разликата во дипломиран инженер по информатика со информатички науки мене се ми изгледа исто и дали ако одам на ИКИ(Дипломиран инженер по електротехника и инф.технологии) е поценето?
 
Jaqen H'ghar

Faceless man
Член од
25 март 2009
Мислења
1.077
Поени од реакции
1.271
Воглавно не можев да се одлучам ФИНКИ/ФЕИТ, овај смер не го ни отворив да разгледам. Што е разликата во дипломиран инженер по информатика со информатички науки мене се ми изгледа исто и дали ако одам на ИКИ(Дипломиран инженер по електротехника и инф.технологии) е поценето?
АСИ-Академски студии по информатика. Пренесоно од ПМФ, според мене најдобри смерови од АСИ се Програмско инжинерство и Информациски системи.

Со оглед на тоа шо додека да дипломираш ќе има уште минимум нови 1000 инжинери кои да одбереш гледај да учиш зашто при толку голема конкуренција ќе се бара добар квалитет.
 
Г

Грејвдигер

Гостин
Воглавно не можев да се одлучам ФИНКИ/ФЕИТ, овај смер не го ни отворив да разгледам. Што е разликата во дипломиран инженер по информатика со информатички науки мене се ми изгледа исто и дали ако одам на ИКИ(Дипломиран инженер по електротехника и инф.технологии) е поценето?

Остави ФИНКИ/ФЕИТ/ПМФ, сите ги имаш на ФИНКИ. :) Имаш доволно време, разгледај ги сите смерови кои предмети ги имаат, што се учи и што тебе те интересира. Почни да ги елиминираш еден по еден и ќе видиш на крај што ќе добиеш :)
 
Член од
20 ноември 2011
Мислења
68
Поени од реакции
11
Дали е вистина тоа дека на ФИНКИ може пример ако сме на МТ да зимаме изборни предмети и од другите смерови, пример од КНИ?
 
Kajgana Shop

На врв Bottom