Па види, не се учи на факултет тоа што можеш да го научиш во компанијата. Ништо не е џабе. Се што се учи таму вреди, макар и најмала ситница. Јас бев на пракса затоа што сакав да одам и да научам нешто, а не затоа што факултетот ме обврзува. И не, не е како кај информатичарите. Тие (на пример развивачите на софтвер) не можат без компјутер, јас би можел (теоретски). Ако треба некој проект да направам (а технологијата ми овозможува такво нешто на компјутер во денешно време), можам и на хартија да нацртам. Програмерите не можат рачно код да пишуваат. Тоа сакам да кажам.
Абе друже. Доколку работиш во Македонски Телеком, секое можно парче опрема што треба да се вметне во мрежа, мора да се конфигурира. Значи, сервери, свичеви, рутери (ова спаѓа под телекомуникации така?) се конфигурира со поврзување со компјутер. Мониторинг се врши преку компјутер. Се користи telnet за remote access. Менаџирање на мрежата се врши преку компјутер преку соодветни алатки и со помош на соодветни протоколи. Тенденција во телекомуникациите е целосен премин на IP. IP протоколен стек се интегрира во сите можни уреди, од персонални компјутери, мобилни, PDA, па се до телевизори и којзнае можеби и фрижидери и шпорети во иднината (читај Internet of things). Ќе работиш во IP мрежи, фала богу ќе минуваш време пред компјутер. Не сакаш да работиш во Македонски Телеком? Нема проблем, остани на факултет како асистент/демонстратор/истражувач. Прашај ги истражувачите од WINGroup горе на ТК институт дали се занимаваат со програмирање. Одговорот е: ДА. Не ми веруваш? Може си прочитал на страната на ФЕИТ за наградата што ја доби WINGroup пред некој месец. Знаеш зошто беше? За најдобро
демо. Не за најфина антена, не за измислување на нов преносен медиум, туку за демо. Асистените исто се занимаваат со слични работи. Симулирање и моделирање? Фала богу пред компјутер. Сите публикации кои ги објавуваат се резултат на некое истражување кое е поткрепено со експериментални резултати, а под експериментални резултати мислам на резултати добиени со моделирање и симулација. Сакаш да работиш во некоја компанија да администрираш мрежа? Пак пред компјутер. Сакаш да работиш во кабелски оператор? Исто како и во МТ. Евентуално ако сакаш да бидеш монтер. Тука немаш гајле, најверојатно компјутер нема да видиш, освен кога ќе си слободен и ќе дремеш на интернет.
Поентата не ми е да ти одам контра цело време, ниту имам нешто против тебе. Поентата ми е да ти укажам дека
можеби твоето работно место и твојата одговорност нема да зависат во таа мера од компјутер како во програмерскиот случај, ама факт е дека нема бегање од него.
Совет: иако си на телекомуникации, сериозно размислувај да започнеш со изучување на бази на податоци. Можеби сега ти звучи неповрзано со струкава, но ќе видиш во понатамошните предмети дека сите можни телекомуникациски сервиси се нераскинливо врзани со бази на податоци. Помина времето кога телекомуникациите повеќе влечеа накај електрониката и електротехниката. Сега повеќе се стремат кон информациско-комуникациските технологии.
Биди ми поздравен и искористи го убаво остатокот од летото. Од септември, со нови батерии.