Факултет за Електротехника и информациски технологии

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.500

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.500
Ај иди објасни им на професорите по информатика на Електро.
Ми се одмили програмирањето од факултетов.
Ѓорѓевиќ кажа дека не може програмирање да се полага на ПЦ зошто премногу студенти сме и ќе испаднело на пример СП колоквиум 5 дена да се одржува само тој, за да поминат сите студенти.
 
A

apidrone

Гостин
Ај иди објасни им на професорите по информатика на Електро.
Ми се одмили програмирањето од факултетов.
Полагање програмирање на РС нема шанси. Премногу студенти се. Инфо пошо се помалце, на компјутер полагаат. И Интернет програмирање едвај го организираат, пошо тоа само ИКИ/Инфо го полагаат (и чат пат уште некој од друг смер). Ама СП и ООП за цела прва година не може. Тука предноста е во тоа што не ти треба на пример цел код за да добиеш бодови. Замисли што ќе беше ако не ти компајлира, а ти имаш некоја ситна грешка (или логичка, а нема шанси да приметиш што е).
 

Mainframe

Mr.Goodkat
Член од
14 јануари 2008
Мислења
336
Поени од реакции
30
Па види, не се учи на факултет тоа што можеш да го научиш во компанијата. Ништо не е џабе. Се што се учи таму вреди, макар и најмала ситница. Јас бев на пракса затоа што сакав да одам и да научам нешто, а не затоа што факултетот ме обврзува. И не, не е како кај информатичарите. Тие (на пример развивачите на софтвер) не можат без компјутер, јас би можел (теоретски). Ако треба некој проект да направам (а технологијата ми овозможува такво нешто на компјутер во денешно време), можам и на хартија да нацртам. Програмерите не можат рачно код да пишуваат. Тоа сакам да кажам.
Абе друже. Доколку работиш во Македонски Телеком, секое можно парче опрема што треба да се вметне во мрежа, мора да се конфигурира. Значи, сервери, свичеви, рутери (ова спаѓа под телекомуникации така?) се конфигурира со поврзување со компјутер. Мониторинг се врши преку компјутер. Се користи telnet за remote access. Менаџирање на мрежата се врши преку компјутер преку соодветни алатки и со помош на соодветни протоколи. Тенденција во телекомуникациите е целосен премин на IP. IP протоколен стек се интегрира во сите можни уреди, од персонални компјутери, мобилни, PDA, па се до телевизори и којзнае можеби и фрижидери и шпорети во иднината (читај Internet of things). Ќе работиш во IP мрежи, фала богу ќе минуваш време пред компјутер. Не сакаш да работиш во Македонски Телеком? Нема проблем, остани на факултет како асистент/демонстратор/истражувач. Прашај ги истражувачите од WINGroup горе на ТК институт дали се занимаваат со програмирање. Одговорот е: ДА. Не ми веруваш? Може си прочитал на страната на ФЕИТ за наградата што ја доби WINGroup пред некој месец. Знаеш зошто беше? За најдобро демо. Не за најфина антена, не за измислување на нов преносен медиум, туку за демо. Асистените исто се занимаваат со слични работи. Симулирање и моделирање? Фала богу пред компјутер. Сите публикации кои ги објавуваат се резултат на некое истражување кое е поткрепено со експериментални резултати, а под експериментални резултати мислам на резултати добиени со моделирање и симулација. Сакаш да работиш во некоја компанија да администрираш мрежа? Пак пред компјутер. Сакаш да работиш во кабелски оператор? Исто како и во МТ. Евентуално ако сакаш да бидеш монтер. Тука немаш гајле, најверојатно компјутер нема да видиш, освен кога ќе си слободен и ќе дремеш на интернет.
Поентата не ми е да ти одам контра цело време, ниту имам нешто против тебе. Поентата ми е да ти укажам дека можеби твоето работно место и твојата одговорност нема да зависат во таа мера од компјутер како во програмерскиот случај, ама факт е дека нема бегање од него.

Совет: иако си на телекомуникации, сериозно размислувај да започнеш со изучување на бази на податоци. Можеби сега ти звучи неповрзано со струкава, но ќе видиш во понатамошните предмети дека сите можни телекомуникациски сервиси се нераскинливо врзани со бази на податоци. Помина времето кога телекомуникациите повеќе влечеа накај електрониката и електротехниката. Сега повеќе се стремат кон информациско-комуникациските технологии.

Биди ми поздравен и искористи го убаво остатокот од летото. Од септември, со нови батерии.
 
A

apidrone

Гостин
1. Не бев во Телеком, туку во Т-Мобиле.
2. Местото беше гнасно, ништо од тоа што го спомна погоре го немаше таму. Поинтересно е трета смена чувар да бидам него таму.
3. Времето поминато пред компјутер на инженер и на програмер и тоа како се разликува. Програмерите повеќе користат тастатура, овие другите со маус баратат (drag & drop функции и слично).
4. Сакам да работам со компјутер. Можеби не во Телеком, ама во нешо слично не би било лошо (иако знам дека на почеток ќе ме бапнат на некоја базна станица, ако уопште ме примат).
5. Истражувачите од WinGroup не се занимаваат со апликациско програмирање (евентуално нешто ситно, дефинитивно не километри кодови и слично). Бев на отворениот ден. Така ми кажаа. Можеби погрешно сум разбрал. Дефинитивно ќе присуствувам на наредниот таков настан.
6. Бази на податоци, хм. Не знам. Ако мислиш на предметот, ризични ми се сите предмети што ги сервисира(ше) ИКТИ. Не сакам да се зезнам гадно. Евентуално нешто самостално да пробам. Видеќемо.

Bottom line: Муабетов со компјутерите, сакав да кажам дека имав желба повеќе да ме носат на терен, за одблиску да ги видам сите тие ствари за кои што имам теоретски познавања. Друго е пример во Сивус да ти дадат лаптоп и да програмираш (ако знаеш).
 
Член од
24 јуни 2011
Мислења
522
Поени од реакции
462
Сега како матурант пред кои стои важна одлука во животот сакам да ве прашам за совет.Каде е подобро да се запишам на ФЕИТ или ФИНКИ.Исто така сакам да ми кажете што е подобро ИКИ или КСИА.Како звање добивам со ИКИ а какво со КЦИА.Што можам да работам со едното а што со другото и кои се потенцијални работни места кои би можел да ги добијам со завршено високо образование на претходно наведените насоки.
Однапред благодарам на сите кои сакаат да ми помогнат.
 
A

apidrone

Гостин
Да, пробуваат да ги имитираат ФИНКИ и да го напраат по user friendly сајтот, ама некако повеќе ми праеше кеиф стариот.
По хардкор беше стариот, али не е лошо и вака, ќе се навикнеме :) Него да не знаеш ова веб поштава како функционира, и дали воопшто функционира?
 

Boomerang

Немој CTRL+W.
Член од
18 јуни 2006
Мислења
3.709
Поени од реакции
809
По хардкор беше стариот, али не е лошо и вака, ќе се навикнеме :) Него да не знаеш ова веб поштава како функционира, и дали воопшто функционира?
Poima neam, ne sum probuval..
 
Член од
4 август 2011
Мислења
178
Поени од реакции
517
Dali fakultetot nudi moznost za prefrluvanje od eden na drug smer, na primer prva godina da se zapisam na erps a od vtora da se prefrlam na ksia ?
 
A

apidrone

Гостин
Dali fakultetot nudi moznost za prefrluvanje od eden na drug smer, na primer prva godina da se zapisam na erps a od vtora da se prefrlam na ksia ?
Горе во студентска служба, на огласната табла ги има сите опции, под кои услови можеш да се префрлаш. Еве грубо од мене: Ако имаш просек 9,50 (или повисок) идеш од кај сакаш у кај сакаш. Ако најдеш колега кој би сакал да си ги смените смеровите (а притоа морате двајцата сите испити исчистени да ги имате). Ако има слободно место истотака можеш да се префрлиш. Префрлање од државна во квота со кофинансирање можеш секаде освен на ИКИ пошо само таму се полни приватната. Во твојот пример, можеш да се префрлиш ако го имаш горенаведениот просек, ако најдеш некој шо сака од ксиа на ерпс (али не верувам да најдеш), или ако прифатиш да студираш на ксиа ама со кофинансирање (пошо не верувам дека во државната ќе има место).
 

Топче

Арсеналиста
Член од
18 септември 2010
Мислења
9.227
Поени од реакции
14.561
Има некој тука што ќе полага она математикана за ИНФО у понеделник?
Ако има таков тогаш дали има некакви било какви електронски материјали, макар и слика од телефон од претходни испити?
 

Kajgana Shop

На врв Bottom