- Член од
- 12 мај 2008
- Мислења
- 506
- Поени од реакции
- 25
Божице,има таму една книга..од Петар Лазов.Кога ја издал ја прогласиле за најдобра во Југославија.Панчо замина во пензија иначем)
А на која книга математика мислиш да се прочита?
На математичка анализа ли?
Секоја равенка,запис,закон или било какво правило(аксиома или сл.) ти се нумерирани во таа книга.
Нумерирани се во сите други книги,ама Лазов откога ќе го спомне еднаш некој закон,на пр:
О‘=Ѕ!....(3.52)
после веќе се служи само со (3.52).
И ти цела книга ќе ја поминеш читајќи го следново...
Значи,преку 3.52 надоврувајќи се на 4.20 и повикувајќи се на општата теорема на Лаплас 9.87 може лесно да се дојде до заклучок дека:
Мерцедес+Дрога=Кока Кола....(12.98)
Мошне смешно ама веруј ми поарна книга за вектори не постои.
Следете ги внимателно сите тие равенки(некогаш Лазов ќе те врати и три теми наназад за да видиш од каде излегува формулата) и сигурно ќе научиш.
Панчо у пензија значи....ех времиња....младост...убавини...колку сакам сега да се вратам барем на 2 саата да одседам едно предавање кај Панчо...