Ирелеватно е тоа, дали прават или не , а дека ќе надејш My Passport произведен од LG тешко. Така да без да навлагаме во детали генералниот квалитет на дисковите на WD поготово екстерните е top notch. Имам еден лично, другар мој има, а исто така и Корун е сопственик на еден ако не се лажам. До сега сум имал 0 проблеми а и на нет ривјуата се одлични. Кога се во прашање WD и нивната издржливост/отпорност нема што да се дискутира. Е сега во последно време Самсунг сериозно се наметнува со нивните произоводи поготово F3 & F4 сериите кои се доста побрзи од оние на WD и пред се доста потивки. Но од друга страна сигурноста и изджливоста не се на ниво на дисковите од палетата на WD, доаѓа како компромис помеѓу најбрзото и најсигурното. Од друга страна пак имам 2x F3 Spinpoint во Raid0, и да чукнам во дрво до сега перфектно работат. Брзината на трансфер е одличнa и префрлањето на дата од една во друга партиција е уживање, просек од некои 150мбс, одлични перформанси за добра цена.