ФИЛМСКИ ВРЕМЕПЛОВ 1923-2022 (Патување 39: 2013 - 12.11-24.11.2024)

Член од
17 октомври 2011
Мислења
14.705
Поени од реакции
36.539
Sorry @McLovin , сосема заборавив вчера. Ама морам прво еден длабок наклон :cuc: за твојот рекорд: 6 изгледани филма од една година! И со мојот еден, прават 7, што е еднакво на добрите времиња во предизвиков.

Одиме понатаму!
1731435235446.png

Патување 39: 2013 - 12.11-24.11.2024

Скокаме само неколку години подоцна, во 2013.

Годината во која не напуштија: филмскиот критичар и сценарист Роџер Еберт, Џејмс Гандолфини, Пол Џенкинс, Лу Рид, Пол Вокер, Питер О Тул, Џоан Фонтејн и многу други.

На филм прв пат се појавија: Баркхад Абди, Ансел Елгорт, Миа Гот, Лупита Нионго (и зеде Оскар!), Џена Ортега, Да'Вин Џој Рендолф, Џејкоб Тремблеј, Софи Тарнер, Мејзи Вилијамс и др.

Сигурно се родени некои нови идни ѕвезди за кои допрва ќе дознаеме.

1731435794995.png

1731435849106.png

Листа со сите номинирани за Оскар: https://letterboxd.com/unofficialampas/list/86th-academy-awards-oscars-2014/
 

McLovin

Politically Incorrect/Comedian/Mastrubator
Член од
11 август 2016
Мислења
3.412
Поени од реакции
13.436
39. 2013

Dallas Buyers Club

dallas-buyers-club-review_orig.jpg



Кога веќе сме кај 2013-та, морам да го репризирам ова ремек дело. Топ 3 улоги на мојот омилен актер - Метју. Кине во филмов.
Инаку, филмот е по вистинска приказна, за класичен ред нек од Америка кој е ХИВ позитивен.

4.5/5
 

McLovin

Politically Incorrect/Comedian/Mastrubator
Член од
11 август 2016
Мислења
3.412
Поени од реакции
13.436
39. 2013

Nebraska

nebraska-1200-1200-675-675-crop-000000.jpg



Мелахоничен, топол филм за стар човек кој е убеден дека има добиено милион долари. За да си ја земе наградата мора да отиде од Монтана до Небраска (1300km), авантура во која што ќе се вклучи и неговиот помал син. Сепак, фокусот во филмот не е врз наградата туку на односот татко-син, предобро прикажано инаку, особено за оние што не се толку блиски.
Многу убава драма, ниту за секунда не беше досаден. Одлични дијалози. Монохроматската кинематографија му дава некаков посебен шмек.

4.5/5


Аа многу сум дарежлив у последно време.
 

McLovin

Politically Incorrect/Comedian/Mastrubator
Член од
11 август 2016
Мислења
3.412
Поени од реакции
13.436
39. 2013

12 Years a Slave

12years-750x400.jpg



Морав да го репризирам и овој култов филм од поновата генерација. Визуелно предобар филм, сигурно ми оставил одличен впечаток штом првиот пат сум го оценил со 4.5. Овој пат ќе му дадам оценка 4 бидејќи на моменти беше досаден, постојано плачење и врескање.

4/5

Мислам дека тоа би било тоа за 2013та.
 
Последно уредено:
Член од
17 октомври 2011
Мислења
14.705
Поени од реакции
36.539
57. Adore - Anne Fontaine (2013)
1731662269753.png

Поим немав за филмов, никогаш немав слушнато ништо за него, ама кога барав што да гледам од 2013, се појави, и го гледав заради 3 причини: Наоми Вотс, зашто е R-rated и зашто @wot му ставил осмица. :coffee: Испадна без врска. Обично не пишувам ништо за дејството за да не спојлнам нешто некому, ама за филмов ова ви е препорака да не го гледате, а и онака никој освен нас двајца не се врти во темава, па who cares! Се работи за две жени, најдобри другарки уште од детството, двете имаат синови кои кога ќе пораснат исто така ќе станат другари и двајцата ќе се заљубат во мајката на другарот и ќе имаат сексуална врска едниот со едната, другиот со другата. Чуден љубовен четириаголник од кој очекував нешто повеќе, ама добив само тоа - чуден љубовен четириаголник. Нема некој развоен пат во филмов, се е рамна линија, дури и крајот е млак и по малку морничав. Значи, ако сакате да гледате како двајца млади дечки коваат две средовечни милфици, ова е филмот за вас. Ако сакате да гледате добар филм, одминете го.
5/10
 

McLovin

Politically Incorrect/Comedian/Mastrubator
Член од
11 август 2016
Мислења
3.412
Поени од реакции
13.436
Ако беше порно филм ќе се заинтересирав, вака знам дека ништо нема да видам и ќе ме гушат 2 саати со филозофии и цензури.
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
14.705
Поени од реакции
36.539
Ако беше порно филм ќе се заинтересирав, вака знам дека ништо нема да видам и ќе ме гушат 2 саати со филозофии и цензури.
Нема филозофии и цензури, ама многу е глуп. Претпоставувам единствена филозофија тука е love is love. Ама не го гледај.
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
14.705
Поени од реакции
36.539
58. Coherence - James Ward Byrkit (2013)
1731714870761.png

Наводно, во 1923 комета поминала над небото на Финска и предизвикала дезориентација и халуцинации кај луѓето. Некои од нив се изгубиле и никогаш не се вратиле дома, други доживеале привремено губење на меморијата... Една жена пријавила во полиција дека мажот кој бил во нејзината куќа не е нејзиниот маж. Тврдела дека таа го убила маж и претходниот ден (и покрај признанието полицијата не можела да направи ништо, зашто немало тело). Но полицијата потврдила дека човекот во нејзината куќа е навистина нејзиниот сопруг. Ова е само приказна на која почива филмот. Во реалноста, навистина имало голема комета, но во 1823, сто години пред тврдењето од филмот. И кометите не прелетуваат над држави. Во најмала рака барем четвртина од Земјата би можела да ја види кометата, а не само Финска. Но како и да е, ликовите во филмот ја раскажуваат оваа приказна како да е вистина за да се најде поткрепа за она што следува. А следува...

8 пријатели (4 пара) се собираат на вечера во домот на едни од нив една вечер додека на небото се појавува (повторно измислена) Милерова комета. Кометата предизвикува чудни ефекти врз техничките уреди: екраните на телефоните пукаат сами, снемува струја во цели населби, но предизвикува и необјасниви работи во умот на луѓето, па така во еден момент тие мислат дека повеќе паралелни универзуми се спојуваат во еден баш во таа точка на времето. Се до следното утро, кога изгледа дека се се враќа во нормала. Или не?

Јако филмче! Филмче кое ќе си поигра и со вашиот мозок додека се обидувате да сфатите што всушност се случува. Но колку побрзо сфатите дека не треба да се обидувате да го отплеткате клопчето, толку повеќе ќе уживате во филмот. Како и да е, за ова се потребни повеќе гледања за да дешифрирате се.

Препорака за сите кои сакаат научно-фантастични филмови од овој тип. Се надевам дека ќе ви се допадне.

8/10
 

wot

aloof
Член од
20 мај 2008
Мислења
19.631
Поени од реакции
34.020
Наоми Вотс, зашто е R-rated и зашто @wot му ставил осмица. :coffee:
Најверојатно првите две причини се причини за постоењето на третата причина воопшто. Не е лоша ни Робин. Јас можеби сега и не се сеќавам на филмот но затоа не се ни сомневам во мојата површност. :D

58. Coherence - James Ward Byrkit (2013)
Супер филмче. (y)
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
14.705
Поени од реакции
36.539
59. Begin Again - John Carney (2013)
1732310326037.png

Имав некои многу попознати филмови на листата негледани од 2013, но барав нешто полесно за гледање, некако не ми беше денот да гледам комплицирани трилери или хорор, мистерии и слично. Ова се погоди ко кец на десетка! Убаво филмче за врските, за семејството, за изборите кои ги правиме во животот, за давањето втора шанса но и за музиката, за довербата и за нештата кои водат до среќа. Кира Најтли, Марк Рафало и Адам Левин одлични во улогите на млада, но разочарана музичарка оставена од човекот на кого му ги посветува последните 5 години од животот откако него славата ќе го удри во глава, и за порано успешен, но пропаднат музички продуцент кому се му се срушило кога сопругата решава да го напушти за друг музичар, а тој станува алкохоличар. Вака звучи многу депримирачко, но навистина е лесно, забавно feel good филмче во кое уживав. 7/10
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
14.705
Поени од реакции
36.539
60. The World's End - Edgar Wright (2013)
1732310769588.png

Петмина пријатели од средношколските денови, децении подоцна се собрани од нивниот „лидер“ за да завршат една мисија која не им успеала кога биле матуранти - во една вечер да ги поминат сите 12 паба во нивното мало британско гратче Њу Хејвен и во секој од нив да испијат по една кригла пиво. На почетокот одлично им оди, се додека не сфатат дека во градот не е се исто како во средношколските денови и луѓето кои некогаш ги познавале веќе не се истите... И се тоа би било ОК доколку од нив и нивната мисија не зависи судбината на целото човештво и на планетата Земја. Интересна, забавна научно-фантастична комедија во која баш научно-фантастичниот дел беше малку too much за мене. Но во секој случај, интересно филмче какво што не очекував. 6/10
 
Член од
12 март 2024
Мислења
148
Поени од реакции
249
^Дел од трилогија е, Cornetto Trilogy. Глеј ги и Hot Fuzz и Shaun of the Dead, другите два дела.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom