Поради заминувањето на Џонтра, кој беше единствен кој не дружеше тука, и останавме само двајца меѓу кои само јас треба да ги гледам постарите филмови, Времепловов ќе го паркираме на неодредено време, додека не се појави некој кој ќе не дружи во патувањето низ годините.
Ова беше најновиот Оскаровец што го немам гледано, што значи сите после него ми се гледани. Кај овој ме одвраќаше само должината. Ама до предизвиков, реков, секогаш кога ќе отидеме во година од која го немам гледано Оскаровецот, ќе го гледам Оскаровецот, па така собрав сили денес... И ми требаше сила, зашто ова нема да го извадам од глава уште долго. Длабоко трогателна трагедија во три чина е филмов. И тоа буквално! Може да се подели во три дела, секој од нив со различна боја и сензибилитет, но преовладува трагичното во третиот дел кога буквално ми одзеде здив. Не дишев. Се работи за тројца другари, млади деца од едно провинциско гратче на руски доселеници во Пенсилванија кои прилично наивно одлучуваат да одат во Виетнам, веројатно сакајќи да покажат храброст но и пожртвуваност за својата (нова) татковина. Но ужасите кои таму ги чекаат не ги ни помислувале, па од таму се враќаат сосема различни луѓе:
едниот со длабоки лузни на душата, другиот без нозе, третиот... мртов
Навистина реална приказна за ужасите на војната и за последиците од неа. Војната разорува цели семејства, цели колективи илјадници километри подалеку од таму. Искрено, немав гледано филм со месеци и не очекував дека првиот по толку време ќе биде некој кој толку ќе ме погоди. Предобар! 10/10
Немам што да додадам!
Одличен одличен филм. Три саати останав закован пред телевизорот, нешто што тешко се случува за филм во последниве години.
Останав со впечаток дека пак има дупки во филмот, и би требало да трае саат плус .
Мерил Стрип каква мачка е..
Годината во која АМПАС почна да номинира по 10 наместо по 5 филма за Оскар за најдобар филм.
Годината во која излезе Avatar и стана филм со најголема заработка во историјата.
Годината во која светот го напушти Мајкл Џексон. Подоцна и режисерот Џон Хјуз, па Патрик Свејзи, Британи Марфи и многу други.
И годината во која за прв пат ги видовме на филм: Остин Батлер, Гвендолин Кристи, Гал Гадо, Доналд Гловер, Крис Хемсворт, Лиам Хемсворт, Обри Плаза, Закари Кинто, Стивен Јеун и Даниел Стивенс.
Годината на мојот најомилен анимиран филм: Up.
И годината од кога јас почнав да ги логирам филмовите кои ги гледав.
Морав да го репризирам.
Филм во коj фокусот е над Американско-Евреjска група коja е испратена во Франциjа за да лови Нацисти. Целото деjствие во филмот се сведува кон еден настан т.е филмска премиера за Наци пропаганда филм.
Филмот е добар, иако некако не ме влечеше ниту првиот пат ниту сега. Глумата е многу пресилена, особено на Бред Пит. Од друга страна глумата на Кристофер Валц е чисто ремек-дело, мистериозно и мрачно, на моменти пак смешно.
Мојот омилен анимиран филм! Три пати го имам гледано. И приказната е преубава, секогаш топли срца. Хуморот е на одлично ниво... Буквално нема ништо во филмов на што можам да му најдам замерка. Не за џабе беше номиниран и за најдобар филм воопшто. И ако не се лажам - тоа е третиот и последен таков анимиран.
Мојот омилен анимиран филм! Три пати го имам гледано. И приказната е преубава, секогаш топли срца. Хуморот е на одлично ниво... Буквално нема ништо во филмов на што можам да му најдам замерка. Не за џабе беше номиниран и за најдобар филм воопшто. И ако не се лажам - тоа е третиот и последен таков анимиран.
Грешен избор на зборови од владин претставник може да доведат до почеток на војна. За да биде спречена ескалација на Блискиот Исток, поради недоразбирање, неколку министри, новинари, генерали и важни личности од УК, САД, ОН ќе мора да најдат решение за несакани последици.
Британски хумор, класичен хаос и летање навреди и пцовки. Многу јаки навреди слушнав во филмот, ќе мора да ги искористам.
Гандолфини и Капалди беа многу добри и пресмешни.
Француски филм е ова. Приказната за Пророкот го следи Малик Ел Џебена, 19-годишен ситен криминалец кој е осуден на шест години затвор, но набргу се наоѓа заробен меѓу двете главни фракции, Корзиканците и муслиманите, додека не биде принуден да застане на страната на првата. Заплетот го опфаќа неговиот подем во хиерархијата на затворениците, бидејќи тој полека ја стекнува почитта од двете страни и покрај неговото алжирско потекло.
Добар филм, малку долг ама мислам дека и не може пократко бидејќи карактерите се предобро разработени и има добар карактер девелопмент.
Теранс е полицаец од Нју Орлеанс кој поради зависност од лекови, поради болки во грбот, е пристрастен и кон разни забранети опијати. Употребата на недозволените супстанци и близост со проститутка, со големи криминалци како муштерии, прави полицаецот да мора да игра двојна игра и да балансира меѓу професионалниот живот и зависноста.
Филмовите со г-н Николас Кејџ секогаш ми се интересни, главно заради неговата глума, без разлика дали филмот е под секоја критика.
Не ми се допадна. Не ми се допаѓаше ни кратката новела на Даал која баш пред некоја година ја читав, не ми се допадна ни анимацијата на Андерсон. Ликовите се недопадливи, приказната неинтересна, плус тој тука ја продолжил... И освен хуморот кој на моменти беше ОК, ништо друго не ми се допадна во филмот.
Оваа страница користи колачиња за персонализирање на содржината. Со продолжување на користењето, се согласувате со нашата политика за користење колачиња.