Human
Explorer
- Член од
- 10 октомври 2009
- Мислења
- 12.066
- Поени од реакции
- 4.716
Не очекувај од македонски сајт наменет за поширока публика да добиеш прецизни информации, кога дури и од светските медиуми (Ројтерс, РТ итн) не добиваш нешто повеќе. Впрочем, токму тие се изворот на информации за мак. сајтови.Кoрекција: ~1400 светлосни години.
Овие од еНаука треба да си ја преиспитаат целта на сајтот пошто ова што го пишале има огромни проблеми и не е воопшто "научно" од нивна страна.
Прво, пишале дека е откриена планета со големина на Земјата. Што не е точно, ако се земе дека дијаметарот изнесува 160% од тој на Земјата, како што е пишано малку подоле. Тоа автоматски ја става планетата во категорија на Супер-Земји, а според понови истражувања, доста веројатно и во гасести Мини-Нептуни, а не "карпести" планети како што ја опишале авторите таму. Што не само големината, него и содржината, е ставена под знак прашање дали е земјеста/цврста. Со 160% дијаметар, шансите се едвај 50/50. Потоа артиклот продолжува со тврдење дека ова е најмалата откриена планета до сега, тотално игнорирајќи ја планетата Kepler-186f која е со само 10% поголем радиус од Земјата, и реално може да се нарече Earth-sized бидејќи доволно далеку е од категоријата на Супер-Земји, и е воедно најмалата до сега откриена и потврдена планета од страна на Кеплер.
Како тежок лаик во област на астрономијата и планетарниве науки, ако јас можам да забележам вакви пропусти и глупости збрани на едно место, тогаш дечкиве од еНаука треба да си ги соберат парталите и да се пензионираат од репортажи на тема астрономија и егзопланетарни откритија зошто ова е навистина срамота.
Има и многу полошо, од еден од најпознатите мак. сајтови. Замисли колку луѓе го читаат...
Инаку, дефиницијата за Супер-Земји и Мини-Нептуни е нова и не е прецизно дефинирана. Во самата дефиниција се остава простор за понатамошни измени.
Што се однесува до планетата, можно е да е првата каде ќе потврдиме дека постои живот надвор од Земјата. Со лансирањето на Џемс Веб во 2018 и изградбата на неколку ~30 метарски телескопи околу 2020та, ќе може многу подетално да се истражи нејзината атмосфера и површина, водејќи евентуално до заклучокот дали има или не живот.