Уште една планета како земјата, Има ли луѓе таму?

Dimitar :)

SA-MP lover
Член од
29 јануари 2015
Мислења
160
Поени од реакции
33
Мисијата Кеплер на НАСА потврди планета со големина на Земјата во „зоната погодна за живот" околу ѕвезда со големина на Сонцето.
Ова откритие заедно со уште 11 нови мали планети во зоната погодна за живот претставуваат пресвртница во потрагата по уште една Земја.

Новооткриената Кеплер-452b е најмалата планета досега откриена, која орбитира во зоната погодна за живот - областа околу ѕвездата која би можела да задржи течна вода на површината - Г2-тип на ѕвезда како нашето Сонце. Потврдувањето на Кеплер-452b го зголеми бројот на потврдени планети на 1030.
Кеплер-452b е 60% поголема во дијаметар од Земјата и се смета за планета супер-Земја. Додека нејзината маса и состав се’ уште не се анализирани, претходните истражувања покажуваат дека планетите со големина на Кеплер-452b имаат добри шанси да бидат карпести.

Додека Кеплер-452b е поголема од Земјата, нејзиното 385-дневно орбитрирање е само 5% подолго.

Планетата е за 5% подалеку од својата матична ѕвезда Кеплер-452 во однос на Земјата од нашето Сонце. Ѕвездата на Кеплер-452b се проценува дека е 6 милијарди години стара односно за 1,5 милијарди години постара од нашето Сонце, има иста температура, но 20% е посветла и има за 10% поголем дијаметар.

Можеме да мислиме на Кеплер-452b како постар, поголем братучед на Земјата. Оваа планета има поминато 6 милијарди години, во зоната погодна за живот на својата ѕвезда т.е. најмалку 1,5 милијарди подолго од Земјата. Постојат значителни можности за постоење на сите потребни услови за живот.

Системот Кеплер-452 е 1.400 светлосни години одалечен, во соѕвездието „Cygnus“. Овој наод е прифатен за објавување во „Тhe Astronomical Journal“.

Покрај потврдувањето на Кеплер-452b, мисијата Кеплер го зголеми бројот на нови егзопланети-кандидати од 521 на 4696. Неопходно е следење и анализи за да се потврди дека се вистински планети.

12 од новите планети кандидати имаат пречник од 1-2 пати поголема од оној на Земјата, а орбитрираат во погодната зона. 9 од нив орбитрираат околу ѕвезди кои се слични на нашето Сонце во големина и температура.

Текстот е превземен од
http://www.enauka.mk/vesti/mikro-i-makro/item/2257-kepler-otkri-zemja-2-0
 
Fringe

Скитник низ паралелни светови
Член од
24 септември 2011
Мислења
7.898
Поени од реакции
3.004
Добро утро,стара вест е ова и далеку е 12 милиони светлосни години.
 
Член од
19 април 2013
Мислења
2.004
Поени од реакции
2.100
има луѓе таму, и баш сега пишуваат на форум како е откриена уште една планета слична на нивната. :D
 
XИкса

Гласник на вистината
Член од
13 август 2015
Мислења
27
Поени од реакции
31
Нема луѓе ама голем е процентот да има живот во друга форма..:vrtioci:
 
C

Crux

Гостин
Зарем човекот е универзална форма на живот која се појавува секаде каде што има услови за тоа?:)
Нашата очигледна самобендисаност не дозволува ни да помислиме дека би можело да има нешто супериорно на нас во универзумот. Генерално владее тежок скептицизам дека воопшто постои живот освен на планетава. Ние сме единствена и уникатна господова креација.
Во врска со поставеното прашањето, да, ако негде има услови нормално дека човекот е универзална форма на живот. Тоа или евентуално нешто вака

Член од
30 јули 2014
Мислења
5.087
Поени од реакции
15.929

Сакаш да кажеш дека зелени телетабиси владеат со Универзумот?
 
C

Crux

Гостин
Сакаш да кажеш дека зелени телетабиси владеат со Универзумот?
Апсолутно. Зелени телетабиси со задници ко перници и инсталирани мини-дисплеи во пределот на стомачињата :love:

Патем, еве еден доста опширен пост за Фермиев парадокс, поврзан со темава. Можеби те интересира, ако веќе не си го прочитал. Топло го препорачувам, доста има за читање :)
 
Sungerot Bob

Живеј го животот
Член од
7 август 2012
Мислења
32.391
Поени од реакции
36.504
Овие научнициве стварно се чудни. Секој месец наоѓаат по некоја нова планета, која била слична на земјата, имала услови за живот........................................, па ако е можна за живот што не отидат таму да живеат. Да можеше човекот да живее на друга планета ќе живееше, но неможе.
:)
 
XИкса

Гласник на вистината
Член од
13 август 2015
Мислења
27
Поени од реакции
31
Овие научнициве стварно се чудни. Секој месец наоѓаат по некоја нова планета, која била слична на земјата, имала услови за живот........................................, па ако е можна за живот што не отидат таму да живеат. Да можеше човекот да живее на друга планета ќе живееше, но неможе.
:)
Па не може зашто се одалечени со светлосни години а не со километри.. И зашто да се чудни тие не се виновни што постојат други планети таков си е космосот само што луѓето не се добро информирани. Логично е да има други планети штом околу Сонцето има има и околу другите ѕвезди има и егзопланети, штом има други планети значи има и други живи суштества. Ние и да веруваме и да не веруваме тоа е факт. И порано не веруваа дека Земјата е топчеста и дека се врти околу Сонцето и им се смеаа и ги прогонуваа тие што така мислат, ама денес е наопаку. Заради таквите заостанува светот луѓе со низок менталитет и размислување со колективната свест..
 
Шкорпион

Corvus oculum corvi non eruit?
Член од
16 октомври 2009
Мислења
7.349
Поени од реакции
7.606
Добро утро,стара вест е ова и далеку е 12 милиони светлосни години.
Кoрекција: ~1400 светлосни години.

Овие од еНаука треба да си ја преиспитаат целта на сајтот пошто ова што го пишале има огромни проблеми и не е воопшто "научно" од нивна страна.

Прво, пишале дека е откриена планета со големина на Земјата. Што не е точно, ако се земе дека дијаметарот изнесува 160% од тој на Земјата, како што е пишано малку подоле. Тоа автоматски ја става планетата во категорија на Супер-Земји, а според понови истражувања, доста веројатно и во гасести Мини-Нептуни, а не "карпести" планети како што ја опишале авторите таму. Што не само големината, него и содржината, е ставена под знак прашање дали е земјеста/цврста. Со 160% дијаметар, шансите се едвај 50/50. Потоа артиклот продолжува со тврдење дека ова е најмалата откриена планета до сега, тотално игнорирајќи ја планетата Kepler-186f која е со само 10% поголем радиус од Земјата, и реално може да се нарече Earth-sized бидејќи доволно далеку е од категоријата на Супер-Земји, и е воедно најмалата до сега откриена и потврдена планета од страна на Кеплер.

Како тежок лаик во област на астрономијата и планетарниве науки, ако јас можам да забележам вакви пропусти и глупости збрани на едно место, тогаш дечкиве од еНаука треба да си ги соберат парталите и да се пензионираат од репортажи на тема астрономија и егзопланетарни откритија зошто ова е навистина срамота.
 
Последно уредено:
Член од
9 мај 2015
Мислења
224
Поени од реакции
83
Океј,све во ред.Ама е оддалечена 1400 светлосни години ? То е премногу,најбрзото нешто што го има направено човекот,Helios 2,кое достигна брзина од 252667 километри во сат,би му требало над 1,000,000 и повеќе години за да стаса до таму.Нека направат вселенски брод кој е способен да ја поднеси брзината на светлината,па ќе зборуваме за патување до огромни дистанци.Човекот и да стаса до најблискиот систем,Alpha Centuari (4,2 светлосни години),би било нешто невертојатно.Али проблем е што во тој систем нема планета каде што можат луѓето да се прилагодат.Далеку сме можи 300 години од создавање на такво нешто.
 
Sungerot Bob

Живеј го животот
Член од
7 август 2012
Мислења
32.391
Поени од реакции
36.504
Па не може зашто се одалечени со светлосни години а не со километри.. И зашто да се чудни тие не се виновни што постојат други планети таков си е космосот само што луѓето не се добро информирани. Логично е да има други планети штом околу Сонцето има има и околу другите ѕвезди има и егзопланети, штом има други планети значи има и други живи суштества. Ние и да веруваме и да не веруваме тоа е факт. И порано не веруваа дека Земјата е топчеста и дека се врти околу Сонцето и им се смеаа и ги прогонуваа тие што така мислат, ама денес е наопаку. Заради таквите заостанува светот луѓе со низок менталитет и размислување со колективната свест..
Јас не викам дека не постојат други живи суштества на другите планети, туку викам дека многу е погрешно што веста ја објавуваат во смисол ,,Најдовме нова планета, со услови слични на Земјата, па сега ајде да се преселиме''. Ок е тоа што имаат уште едно плус достигнување, но факт е дека човекот неможе да живее на некоја друга планета, колку и да има слични услови.
 
XИкса

Гласник на вистината
Член од
13 август 2015
Мислења
27
Поени од реакции
31
Јас не викам дека не постојат други живи суштества на другите планети, туку викам дека многу е погрешно што веста ја објавуваат во смисол ,,Најдовме нова планета, со услови слични на Земјата, па сега ајде да се преселиме''. Ок е тоа што имаат уште едно плус достигнување, но факт е дека човекот неможе да живее на некоја друга планета, колку и да има слични услови.
Па моментално не може, но ако поживееме на Земјава доволно за да се усоврши науката ќе може иако е мал процентот да се случи тоа, патот е битен а за еволуцијата ќе се снајдат. Има научници што конструираат вселенски летала кои имаат поинаков начин на летање со цел да не се троши гориво. Но брзината е поголем проблем ама сепак науката напредува и се наоѓаат начини. Затоа не треба да ги исфрлиме идеите за живот на друга планета, зашто мислата и желбата се напредокот верувај и ќе можеш
 
Kajgana Shop

На врв Bottom