Татко на две ќерки во периодот од декември 2008 до март 2009. година, заедно со својот пријател, во повеќе наврати ги силувал своите деца, соопшти полицијата.
Според истиот извор, полицијата вчера со кривична пријава за „Родосквернавење“ и „Полов напад врз малолетник кој не наполнил 14 години“ до надлежното ОЈО-Скопје ги предаде С.С.(34) и Д.З.( 28) двајцата од Скопје.
Имено во периодот од декември минатата година, па се до почетокот на март оваа година, С.С. и неговиот другар Д.З. во повеќе наврати ги земале девојчињата од основното училиште – (интернат за згрижување на деца преку ЈУМЦСР – Скопје), каде истите учеле и престојувале преку целата недела.
За време на викендот децата ги земал нивниот татко и ги носел во соба во барака на ул.„Босна и Херцеговина“ каде што времено престојувал, и каде што со својот пријател ги силувале, а потоа им се заканувал да молчат оти ќе ги убиел.
Децата не можејќи повеќе да го издржат физичкото и психичкото малтретирање се довериле на една од вработените во интернатот.
Во петокот по предходно известување од страна на директорот од училиштето во просториите на СВР-Скопје случајот го пријавила нивната 28 годишна мајка од Скопје, која и самата била малтретирана од својот сопруг.
Од страна на надлежниот Истражен Судија на двајцата осомничени по сослушувањето им е одредена мерка притвор во времетраење од 30 дена. /крај/со/ст Превземено од макфакс
До кога бе народе ќе бидиме сеирџии на ваквите грозоморни настани, каде е правосудството каде се органите на власта, но од политички кампањи никој нема време да обрни внимание на тоа што се случува во државава. Време е веќе да се воведат построги закони. Ќе излежат 3 години и по 3 години пак ќе читаме статии за истите сторители. Само со многу строги закони по примерот на оние во чешка и останатите земји каде што бројот на педофилијата е голем би се намалила оваа девијантна појава во нашата земја.:helou: