ada
Модератор! ок?
- Член од
- 21 август 2006
- Мислења
- 5.706
- Поени од реакции
- 566
Родителите се по правило оние кои ни нудат утеха секогаш. Тие се оние кои со години не лечат и бдеат над нас кога сме болни, оние кои ни ги бришат солзите, а срцето им плаче заедно со нас, оние кај кои секогаш може да се вратиме...тие се она безусловно засолниште од бурите на животот.
Но, што кога ситуацијата е поинаква?
Што кога некој од нив е болен, немоќен, уплашен?
Кога ја чекори тенката линија помеѓу живот и смрт и само неизвесноста е сигурна...Што тогаш?
Како во таков случај, ти, кој доскоро си бил во обратната ситуација, да пробаш да ја олесниш нивната бол, превземајќи дел од товарот на сопствен грб?
Поконкретно, што кога некој од родетелите боледува од смртоносна болест, и сега е вашиот ред да се грижите за него?
Како да се утеши, како да не го осети нашиот страв и очај, како да му се даде потстрек?
Значи не зборам тука за физичката нега, туку за душевниот дел? Како да ја утештш душата на твојот најблизок, кога и сам не можеш да најдеш утеха?
Верувам дека некои од форумџиите, на жалост, се нашле во ваква немила ситуација, па ме интересираат вашите искуства околу темава.
Имено, сега јас се наоѓам во таква ситуација и едноставно не знам како да се однесувам, а притоа да не ја пренесам сопствената агонија на мојот родител.
Однапред ви благодарам на советите и искуствата.
Сигурна сум дека ќе ми бидат од корист.