Утеха - како?

Член од
8 февруари 2007
Мислења
1.968
Поени од реакции
43
Колку и да звучи нечувствително најпрвин мора да се соочиш со целата таа ситуација и да го прифатиш фактот дека тоа е тоа. Може да се биде гневен, да се затвориш помеѓу 4 ѕида и да плачеш ден ноќ...но тоа нема да смени ништо. Соочувањето и прифаќањето на суровата реалност е првиот чекор.

Слабост нема пред нив. Колку и дае тешко мора да се однесуваш што е можно понормално пред нив, скоро онака како и секој ден пред да се најдеш во оваа ситуација. Човек си, нормално е да ти е тешко и да ти се плаче..но никогаш пред таа личност.
Ти треба многу сила за да издржиш. За тебе и личноста која ја сакаш. Издржливост и многу храброст, за да ги надминеш препреките.:back:
 

Мишелинка

расол
Член од
19 мај 2006
Мислења
3.449
Поени од реакции
385
Јас имам само еден совет - зборувај. Сподели го сето она кое поради немање време не си го кажала претходно, сподели ги мислењата кои ги имаш, сподели ги чувствата, кажи и безброј пати дека ја сакаш! Нема ништо што може да направи родителот да се чувствува подобро од тоа да знае дека е вистински близок со своето дете, кое веќе е возрасна, оформена личност...
Колку и да звучи клише - што и да е потребно тука сум. Ако не за друго, за муабет може да ти се најдам...
Биди силна. Поздрав
 

Kajgana Shop

На врв Bottom