illusioner
Happyrotter
- Член од
- 20 јуни 2007
- Мислења
- 774
- Поени од реакции
- 15
I da proglasime den na zalost ako si zamina pred vreme Gejskata ambasadorka tie ne provociraat na sekoj mozen nacin
Ti ne beri gajle za nas Makedoncite.Името ке се смени, тоа е факт. Затоа не се срамејте многу од вакви работи, туку обидете се да ги признаете.
Шефицата на гејската Канцеларија за врски во Република Македонија, Александра Пападопулу, ја напушти денешната конференција „Културата и аудио-визуелната комуникација - вектор на мирот и европската иднина на земјите од ЈИЕ“, поради, како што рече, користењето на уставното име наместо референцата ....М.
Пападопулу од самиот почеток на конференцијата што ја организира македонското Министерство за култура, неколкупати побара да се обрати пред присутните, но и беше речено да почека додека да се обратат министрите и замениците од дванаесет земји од ЈИЕ како што е предвидено со програмата.
По обраќањето на македонската министерка за култура на Елизабета Канческа-Милевска, амбасадорката Пападопулу повторно побара да се обрати и откако и беше дозволено таа искажа револт, поради, како што рече, користење на уставното име на Република Македонија, наместо референцата ....М, и политизација на културниот настан, по што ја напушти конференцијата.
Модераторот на конференцијата, ректорот на Универзитетот за аудио-визуелни уметности ЕСРА Париз-Скопје-Њујорк, Јордан Плевнеш, по реакцијата на Пападопулу, рече дека ниту таа, ниту кој било друг од учесниците на собирот, претходно не поставиле никакви барања или забелешки во врска со името. Ако имаше ќе ги разгледавме, но немаше, додаде Плевнеш.
Јордан Плевнеш
„Европската унија не може да се движи напред, ако некоја земја употребува вето како израз на национален егоизам“, забележа Плевнеш.
Евроамбасадорот Ерван Фуере, кој учествуваше на конференцијата, одби да ја коментира реакцијата на гејската амбасадорка. Искажа поддршка за денешната конференција, која како што истакна, е во духот на развојот на културата меѓу земјите од ЈИЕ.
На конференција присуствуваат министри, заменици министри и државни секретари од сите земји од ЈИЕ, освен претставник од Србија, кој поради обврски не можел да дојде. Официјално бил поканет и претставник од гејското Министерство за култура, но, како што посочи Плевнеш, најверојатно како негова замена дошла амбасадорката Пападопулу, пренесува МИА.
НЕ! Искрено гајле немам, најискрено. Јас сакам ЕУ да влеземе, сакам НАТО, не сакам да сум изолиран(од Светот) за некои нејасни проблеми. Името ке се смени, не дека за инает го пишувам ова, туку така е, знам дека знаеш, знам дека мака ти е што ништо не може да направиш ама ке се смени. Ни ВМРОвци ни СДСМ не го негират тоа. Биди малце реалистична.
Потполно те подржувам во сопствена земја да ми кажува како се викаме е не ќе може извини и доста со раскол дајте веќе еднаш да се обединиме Македонци од кја партија да припаѓате треба пред се националната гордост Македонец/Макдонка да е со нас.Ова е преседан. Како е возможно мене да ми се наметнува во СОПСТВЕНА држава да употребувам ФИРОМ? Ова е страшно, јас сум згрозена, плукам по постапкава, се грозам до каде може да оди малоумноста и безобразлукот на Грците. Страшно! Ова е за најголема осуда.
И извини The Macedonian, зарем е потребно да имаш мадиња на сопствен терен? Страшно е ова. Зарем треба да имаш храброст за да во сопствената држава го користиш легитимното право да се обраќаш кон земјава како Македонија? Воопшто не станува збор за храброст, ама воопшто. Многу нормално и легитимно право.
А Ерван Фуере како претставник на ЕУ е првиот кој што треба да го осуди овој омаловажувачки потег и да ја критикува Грција, ама добро уствари, они можат се, ама ние не.
СРАМОТА! ПЛУКАМ ПО ОВА! НИКОЈ НЕМА ПРАВО ДА МЕ НАТЕРА ДА СЕ НАРЕКУВАМ! НИКОЈ НЕМОЖЕ ДА МИ ГО ОДЗЕМЕ ЛЕГИТИМНОТО ПРАВО ДА КАЖАМ ОД КАДЕ ДОАЃАМ! ОВА ПРЕТСТАВУВА ГРУБО КРШЕЊЕ НА ЧОВЕКОВИ ПРАВА! УЦЕНУВАЊЕ ВО СОПСТВЕНАТА ДРЖАВА!
И наместо за ова да се крене врева, наместо оваа тема да има 10 страни со осудување и плукање по Грција, наместо медиумите да ја разапнат постапкава и граѓанката на соседот од југ на Македонија, луѓето се караат за СДСМ и ВМРО и си докажуваат чив е поголем! е браво Македонци, свака ви част! Браво!!!
така е ...абе без име сме како стадо метилави овци кои се вртат у круг НЕМА МЕЊАЊЕ НА ИМЕ
Закон, закон клетва. :wink: Не сум го видел клипчево.така е ...