види што им дале да копираат од штаб
"How much they pay you? some more as 1000 Denars adn a sandwich?"
Oрда ретардирана.
Не бе, нема борба веќе.
На фб миленковци држат повеќе народ. Војската шо прави копипејст по коментари, таква неписмена, е далеку побројна. На улица оние старине, на залез шо се, ама им дале некоја пензиичка или имаат ќерка пикнато во некое школо, најмасовно излегуваат, заедно со локални ретардињовци. Ни првите, ни вторите, ни третите поим немаат на што коментираат, за што протестираат или што бранат. Никаква допирна точка со проблемот, никаква интеракција со материјата, никаква критична мисла. Им го пакуваат во една реченица од типот на "нема да дозволиме да не владеат странци", "тука сме за да спречиме уривање на Уставниот суд"....такви, прости реченици. Ако некој новинар е поупорен, ако се обиде да им објасни, сите до последен се губат.
Мислам, на темава имаш, на истата страна со нашиве мислења, класичен примерок за ова за што зборувам.
Напротив, Уставниот Суд донесе одлука согласно уставот на Република Македонија. А ти, докажи ми дека одлуката е неуставна, па ќе ти поверувам дека пишуваш стручно, а не „муабетчиски“. Треба да знаеш дека судовите (па и Уставниот) работат според напишани закони, а не според емоции. Без разлика дали ни се допаѓа или не, одлуката. Не знам дали можеш да ме разбереш, па еден пример ќе ти дадам: ако за некој престап е предвидена казна затвор од 1 до 5 години, не може судија да донесе пресуда повеќе од 5 години, колку и да грешел престапникот. Она што го пишува, мора судот според тоа да одлучува.
Повторувам, покажи ми според кој член или став од уставот Уставниот суд погреши. Ако ми докажеш, ќе се согласам дека е така.
Глеј со шо си имаш работа. И сега, некој малку позапознаен, а прилично наивен, ќе проба да му објасни дека благодарение на луѓе што размислувале поинаку денес не е на сила сеуште хамурабиевиот законик. Оти ако ваквите биле мнозинство, овие живо ехо на владејачката класа тип на луѓе, уште ќе закопувале крадци у земја до рамена и ќе им пуштале змија, ќе пикале прељубници во вреќа, заедно со мачка, змија и петел....уште ќе набивале дезертери на колци. Ќе важеле талионските правила, ќе имало око за око казнување, ќе постоел тој антрололошки принцип дека човек со изразит нос и густи веѓи е роден криминалец... и уште многу други. Тоа се било своевремено уставна категорија. Тоа се било пишано на таблици, било аманет од боговите, било закон од небото, пратен на земјата, обзнанет од царевите.
Тој позапознаен, а наивен, ќе проба да му објасни дека правото постои како огледало на цивилизацијата. Тоа е жива, прогресивна материја која еволуира. Ќе му објасни дека аболицијата е остаток од други, примитивни времиња и дека за среќа, е еден од последните предизвици на модерната (западна) правна наука. Дека за некои 20тина години, можеби ќе можевме да се пофалиме дека во нешто сме биле први. Дека први сме го решиле проблемот со аболицијата.
Ама тоа ќе оставиме на некој наивен. Останатите сме свесни дека овие луѓе нити знаат, нити ги интересира. Си имаат диктат, си го следат диктатот, го земаат 1000чето и сендвичот и си одат дома да гледаат ѕвезде гранда.