Уставен ја прифати иницијативата за помилување за изборни нерегуларности

Член од
31 јануари 2014
Мислења
5.169
Поени од реакции
2.272
Јас ваков закон не би подржал, кој и да дојди на власт. Секој мора да одговара за својте дела.
Дпмне сама против себе си прави хајки со измешано време и место на донесува на банални одлуки,кој со секое применување на вакво дејствие одма вината се префрла кај власта затоа што овозможи такви закони и одлуки шо остава место за манипулација.
Во сите држави, за опозицијата е многу нормално да ги бара црните дамки на власта. НЕ Е нормално власт да протестира против опозиција, е тоа го нема никаде во светов.
Значи тоа што 2009 година СДС беше против измените (т.е. сакаше законот да остане во форма која што сега ја врати Уставниот) значеше дека СДС 2009 година беше за изборен криминал, педофилија и што уште не? Дали тогаш грешеа или денес? Дали тоа што претседателот од 1991 до денес има право да помилува убијци, разбојници и други извршители на кривична дела значи дека убиствата, тепачките, нанесување повреди се дозволени?
Секаде имаш ПРО и КОНТРА протести ама нема везе, заборавив дека вие одредувате кој смее да протестира и дава поддршка кој не.
 
Член од
23 март 2015
Мислења
7.011
Поени од реакции
1.983
Мислам дека „на нероден Петко капа му се крои“. За да има некакви бранувања, треба прво да се случи некое помилување, па да има реакции. Вака... џабе е. Плус, мислам дека џабе се напаѓа Уставниот Суд, мислам дека не донесе неуставна одлука. Ако е неуставна, нека некој експерт ја докаже со правни аргументи.
 
Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.276
Само да прашам, сега значи можам слободно да клецкам малолетнички и да полнам изборни кутии со куп ливчиња за верем на гласање?

За еден другар ми е....
 
Член од
31 јануари 2014
Мислења
5.169
Поени од реакции
2.272
Само да прашам, сега значи можам слободно да клецкам малолетнички и да полнам изборни кутии со куп ливчиња за верем на гласање?

За еден другар ми е....
Да само ти требаат врски кај Иванов.
 
Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.276
Да само ти требаат врски кај Иванов.
е па не е фер некој да крши гласачки кутии и клецка млади чупиња а друг да гледа и да лифка
Не е тоа уставно, треба сите да сме еднакви, ќе организираме протсти ние од унијата на педофили - изборни измамници!
 
Член од
31 јануари 2014
Мислења
5.169
Поени од реакции
2.272
2009 година, кога Утрински беше независно сдсмовско гласило.

Доколку се донесат предложените измени на Законот за помилување, тие можат лесно да паднат на Уставен суд

Гордана Дувњак

Ограничувањето на правото на претседателот на државата да дава помилување е противуставно, тврди професорот во пензија и поранешен член на Републичкиот судски совет, Љупчо Арнаудовски. Тој смета дека доколку се донесат измените и дополнувањата на Законот за помилување, што ги предлага Министерството за правда, тие можат лесно да паднат на Уставен суд.

„Со ограничувањето на правото на помилување се губи смислата на овој институт, кој во основа е многу стар и потекнува уште од кралско време, со кој се покажува волјата, но и милоста на суверенот.Не случајно шефот на државата дава помилувања во пресрет на големи празници, како Илинден, 8 Септември, Нова година..“, нагласува професорот Арнаудовски.
Во таа прилика, опозицијата ја критикуваше власта дека изготвила измени со кои длабоко се навлегува во надлежностите на функцијата претседател и дека со нив единствено сака да ги зголеми ингеренциите на Владата.

Поранешниот премиер Владо Бучковски, а сегашен пратеник од редовите на СДСМ, оцени дека со измените на Законот се испраќаат и политички пораки, со кои се настојува да се маргинализира позицијата на шефот на државата.

Дополнително со ваков закон се воведува дискриминација во РМ, затоа што за одредена група за сторители на кривични дела се констатира, со ваквите измени и дополнувања, дека не е возможна ресоцијализација, што апсолутно не е во согласнот ниту со темелните вредности на Уставот, ниту со она што значат надлежности на претседателот на републиката, рече пратеникот од СДСМ, Емилијан Станковиќ тогаш.

Дополнително, Иванова го прашувала тогашниот министер за правда Михајло Маневски, каде во регионот и светот постои вакво ограничување на овластувањата на шефот на државата.
 
Член од
3 март 2013
Мислења
2.678
Поени од реакции
1.357
Значи тоа што 2009 година СДС беше против измените (т.е. сакаше законот да остане во форма која што сега ја врати Уставниот) значеше дека СДС 2009 година беше за изборен криминал, педофилија и што уште не? Дали тогаш грешеа или денес? Дали тоа што претседателот од 1991 до денес има право да помилува убијци, разбојници и други извршители на кривична дела значи дека убиствата, тепачките, нанесување повреди се дозволени?
Секаде имаш ПРО и КОНТРА протести ама нема везе, заборавив дека вие одредувате кој смее да протестира и дава поддршка кој не.
Не знам зошто упорно правиш мизерни споредби меѓу две сосем различни времина. По муабетиве ти испаѓаш најголем манипулатор ако судиме по тоа. А си против Манипулаци.
Значи вака. Ако беа СДСМ безгрешни, сеуште ке беше на власт, грешеа,правеа грешки и ја изгубија власта. Е од тогаш поминаја точно 10 години.

Ова што го прави Дпмне денес,наликува скрос исто со последните денови,месеци од владеењето на СДСМ. Пали-гасни и никој ништо не ти можи. Ама за се има почеток и крај па така и сега.
Промени мора да има, и ќе има.
 
Е па добро. Значи да си оди ВМРО, да почекаме 5-10 години и може пак да дојдат. Во меѓувреме да ги вратиме истите кои грешеа и уште грешат. Супер звучи. Си се мењаат си прават грешки губат избори па после еден два циклуси пак се враќаат.
 
Член од
12 март 2009
Мислења
19.955
Поени од реакции
15.973
..
2009 година, кога Утрински беше независно сдсмовско гласило.

Доколку се донесат предложените измени на Законот за помилување, тие можат лесно да паднат на Уставен суд

Гордана Дувњак

Ограничувањето на правото на претседателот на државата да дава помилување е противуставно, тврди професорот во пензија и поранешен член на Републичкиот судски совет, Љупчо Арнаудовски. Тој смета дека доколку се донесат измените и дополнувањата на Законот за помилување, што ги предлага Министерството за правда, тие можат лесно да паднат на Уставен суд.

„Со ограничувањето на правото на помилување се губи смислата на овој институт, кој во основа е многу стар и потекнува уште од кралско време, со кој се покажува волјата, но и милоста на суверенот.Не случајно шефот на државата дава помилувања во пресрет на големи празници, како Илинден, 8 Септември, Нова година..“, нагласува професорот Арнаудовски.
Во таа прилика, опозицијата ја критикуваше власта дека изготвила измени со кои длабоко се навлегува во надлежностите на функцијата претседател и дека со нив единствено сака да ги зголеми ингеренциите на Владата.

Поранешниот премиер Владо Бучковски, а сегашен пратеник од редовите на СДСМ, оцени дека со измените на Законот се испраќаат и политички пораки, со кои се настојува да се маргинализира позицијата на шефот на државата.

Дополнително со ваков закон се воведува дискриминација во РМ, затоа што за одредена група за сторители на кривични дела се констатира, со ваквите измени и дополнувања, дека не е возможна ресоцијализација, што апсолутно не е во согласнот ниту со темелните вредности на Уставот, ниту со она што значат надлежности на претседателот на републиката, рече пратеникот од СДСМ, Емилијан Станковиќ тогаш.

Дополнително, Иванова го прашувала тогашниот министер за правда Михајло Маневски, каде во регионот и светот постои вакво ограничување на овластувањата на шефот на државата.
Се ова е јасно, гебелсова пропаганда која плука сама на себе. Прво не се знае што е изборен криминал. Ако избирачкиот список со мртви и иселени е Изборен Криминал, таков список е наследен од времето кога сегашната опозиција беше на власт, ајде од нив да почне хајката...
Друго, абер се нема од тежина на криминални дела. Најтешко криминално дело е убиството, ако убиството го амнестираш а силувањето не, му даваш стимул на криминалецот да убива.
До пред неколку години, под трговија со дрога потпагаше и поседување на 2-3 грама марихуана, се што е повеќе од 1 доза . Сега наеднаш марихуаната се легализира, не само во медицински цели, има држави каде и за рекреативни цели. Па и педофилијата нема некој прецизни правни рамки на светско ниво, дури во самата ЕУ имаме либрален однос во Данска а на пример УК ја подигна старосната граница на 16години, што нема никаква врска со реалноста таму. Пишував веќе за примерот со познатиот режисер Полански, осуден педофил, кого Франција го заштити пред 40 години ( УСА уште го бара) а пред неколку години исто така беше приведен па пуштен во Швајцарија; а тој доби голема подршка од Франција и други ЕУ држави... А таа иста Франција пред 2 години го испорача наставникот кој беше во бегство од УК во Франција заедно со својата ученичка на УК, за еден случај што не е воопшто карактеристичен за такво дело.
Целата ова хајка и хистерија која ја пласира опозицијата е проѕирна и несериозна, а посебно што нема врска со правото, да не напоменуваме дека самите себе се демантираат. Всушност сакаат да прејудицираат дека имало изборни измами, тоа секојдневно го лаат, кога ќе се открие некој заборавен умрен или иселен граѓанин во Избирачкиот список.
Епа снаата е иселена од 1986 , станот го продадоа 2001 а пак се води во Изб.Список ЦЕЛО време, ајде да го обвиниме СДСМ за изборен криминал 1994, 1998 и 2006 ?
 
Член од
31 јануари 2014
Мислења
5.169
Поени од реакции
2.272
Кој фактор е овој?
 
Член од
12 март 2009
Мислења
19.955
Поени од реакции
15.973
ДИК БЕЗ ОДЛУКА: ТЕРЕНСКАТА ПРОВЕРКА НА ГЛАСАЧИТЕ ЌЕ ПОЧЕКА
http://www.utrinski.mk/default.asp?ItemID=2A3D35065A7F0F42908B571B9136AEDC
Податоците се црпеа од Фондот за пензиско и здравствено осигурување, Управата за водење матична евиденција, МВР, Народна банка и други. Како сомнителни ќе се сметаат оние гласачи што ги нема во најмалку две бази на податоци.

Па сите што имаат ЕМБГ се во 2 бази, МВР и Матична евиденција ... циркусијада..
Епилогот ќе биде дека СДСМ на крај сам ќе признае дека и тие лажирале избирачки списоци и избори 1994,1998 и 2006 ( за ова 2006 имаше и од МОСТ), само да нема избори на 5 јуни
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.734
Поени од реакции
12.165
Секаде имаш ПРО и КОНТРА .
А зошто си ти толку упорно -за-, сигурно не спаѓаш во некоја потенцијална група за избори, педофилија или наркодилери и какви се не, имаш ќар од тоа помилување на криминалци? Пошо се отепа од бранење темава дека тоа било ок.
 
Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
44.232
Поени од реакции
81.381
А зошто си ти толку упорно -за-, сигурно не спаѓаш во некоја потенцијална група за избори, педофилија или наркодилери и какви се не, имаш ќар од тоа помилување на криминалци?
Oд кај знаеш ти дека не спаѓа?
Може човекот си има мака. Види ги Миленко и Divider на пример, им се заканува затвор и мораат да одработат.
Не е секој син на Вељановски па да може со 10.000 евра да стаи друг да лежи или пак да се заканува на кој стигне, или пак со кока да го фатат на граница и ништо да не е тоа - како што кажа министерката од МВР.
 
Член од
31 јануари 2014
Мислења
5.169
Поени од реакции
2.272
А зошто си ти толку упорно -за-, сигурно не спаѓаш во некоја потенцијална група за избори, педофилија или наркодилери и какви се не, имаш ќар од тоа помилување на криминалци? Пошо се отепа од бранење темава дека тоа било ок.
Тој закон постоеше до 2009 и ништо не се случи така да нема да се случи ни сега. Во принцип сум против неограничено право на помилување но сигурен сум дека има добра причина зошто тој закон постоеше претходно и зошто постои речиси во цел свет. Јас не го бранам самото укинување на тој дел од законот туку правото на Уставниот суд да се произнесе дали тој дел од законот е во согласност со уставот или не. Ете се произнесоа и наскоро ќе дадат образложение.
Се друго се очајни трикови на опозицијата која патем бараше преку Мери николова да се намалат казните на сите осуденици вклучувајќи и педофили. Дали тие се ЗА педофилија?
 
Kajgana Shop

На врв Bottom