Уставен ја прифати иницијативата за помилување за изборни нерегуларности

W

wicked_1

Гостин
Мхм. Знаеш, можно е да имало за овој случај обвинителни пресуди. Обвинителни пресуди се нешто што е сосем можно да се случило, а да не се сеќавам. Иако, да бидам искрен, последен пат кога имам прочитано за обвинителни пресуди, иако со друг назив, било негде пред француската револуција(делумно и за време на француската револуција), каде постоела инквизаторска постапка и судството било судијата Дред, па служело како обвинителство, порота, судија и егзекутор. Не можам да се сетам на последната таква обвинителна пресуда затоа што, за жал, уште не сум бил роден. Неколку секунди пред да го прочитам твојов пост и оваа кованка мислев дека такво нешто не постои денес, ама ете, човек учи додека е жив.
Полека бе Рази намали со мелодрамите полека си збориме, мислев на осудителна ништо страшно. =)
Then again, изгледаи не погрешив толку со обвинителната, пошо по твоиве дефинирања што тоа би значело, не сум бил далеку од вистината.

Како бе си се покри? Каква е таа си се покри логика? Кој може да се покрие после такво нешто? Типот е аболициран, нема тука покривање. Како вака само за Заев важи дека можело после Посерко да биде Бисерко? :D
Некој сега ќе ти набројува добри дела на Грујо, ќе ти вика си се покри Грујо, ќе ти вика Грујо вака направи за студентите, така направи за пензионерите, си се покри. Ќе ти вика да баталиш амнестии, да баталиш мерцедеси од 600 000, да баталиш прикривање и штитење на Урковци со мртво дете под нив, он со автопати и реновирани школи и градинки, со преведени дела од научници и...не знам, ќе ископаат нешто, дека со се тоа скроз си се покри. И ти треба да се согласиш, тој некој ќе се води по истава беспрекорна си се покри логика. :D
Џабе ќе расправаме за ова, разменава те гаѓа емоционално многу, ќе стАнеме сител.
 
LordDragonII

Dr.Strangelove
Член од
15 август 2008
Мислења
10.995
Поени од реакции
5.725
Место во Уставот (на нашата Република) да има член кадешто ќе пишува дека осудено лице, криминалец не смее да учествува во политичките и опшествените процеси (бидејќи очигледно не исполнувал такви обврски) види што се дешава.

Е тоа е тоа кога не гласате за мојата партија ВМРО - THC (Вино Мастика Ракија и Осанато - Такозвани Hard Core; not to be confused with Tetrahydrocannabinol*), со главното крило КШК (Кајгана Шовинистичка Кру).
 
Член од
24 март 2010
Мислења
15.150
Поени од реакции
25.592
Место во Уставот (на нашата Република) да има член кадешто ќе пишува дека осудено лице, криминалец не смее да учествува во политичките и опшествените процеси (бидејќи очигледно не исполнувал такви обврски) види што се дешава.
Го пишува тоа. Осудено лице не смее да биде бирано.
 
Член од
16 февруари 2007
Мислења
2.777
Поени од реакции
8.214
Полека бе Рази намали со мелодрамите полека си збориме, мислев на осудителна ништо страшно. =)
Then again, изгледаи не погрешив толку со обвинителната, пошо по твоиве дефинирања што тоа би значело, не сум бил далеку од вистината.
Ја секогаш полека си зборам бе. Тоа што требаше да го сфатиш е дека во аболиција нема место за пресуда. Значи, тоа мораш да го знаеш пред да почнеш да дискутираш на вакви теми. Тоа е една основна дистинкција и тоа дека така меко ти одговорив е пример за зборење полека. :)
Сеа баш откако ти го прочитав постов каде пресуда мешаш со аболиција, на еден клет му кажував пример за незборење полека со еден мој професор и една моја несудена колешка, кога професорот ја праша "Кажете ми вие мене колешке, што е тоа правно лице", а оваа му одговори со "Правно лице, професоре, е лице кое врши правни работи". За жал, тој одговор беше и епитаф на таа несудена колешка во таа сесија и после тоа ретко ја гледав на факултетот. Веројатно се отпиша. :(
Муабетов ми е, да не се навредиш, ама малку прочитај барем за дефиницииве пред да дискутираме за овие поими. :)
 
Не се вреѓам, таман работа, а за тоа за читањето не е лошо малку и ти да прочиташ. Аболиција може да се донесе се додека не се донесе правосилна пресуда, т.е се додека предметот и страните се активни и постојат лекови. :(
 
Рудници и

ООЗТ Рудници и железарница - Скопје
Член од
9 декември 2009
Мислења
12.133
Поени од реакции
18.131
Одлукава е донесена баш за него. Нема он да остане таму ни малку.

Иначе со оваа срамна одлука ВМРО штотуку ги запечати шансите некој некад да одговара за едни од најсрамните избори во Македонија - тие од 1994-та.
Али не нѐ изненадува тоа, знаеме дека интересите на фамилијата се најбитни за нив, а не правдата. Докажано безброј пати. Иначе да ги болеше уво за ова, досеа стопати ќе ги уапсеа Бранко и остала багра тајкуни/директори што ја опљачкаа Македонија при приватизацијата. А они избраа да ги надминат.
Толку, се е кажано.

Инаку ова е адвокатот Ристо Китевски, кој ја поднесе иницијативата да се помилуваат изборни измамници!

Соработник на адвокатот на Јанкулоска и Темелко е иницијаторот до Уставен суд

Не е потребен Гугл, еве ти :
поранешен голман на РК Охрид (аматерски јбг, пиво цигари и спорт не иде заедно) и член на локалниот огранок.Друго?

Баш ме интересират зошто толку жустро не се заложи(ја) прво за самите себе, како играчи на РК Охрид кога 2 пати по ред беа тепани во Чаир од екипа на нивниот коалиционен партнер - или за мир во куќа...
 
Последно уредено:
Член од
24 март 2010
Мислења
15.150
Поени од реакции
25.592

Мисљим, немора да се почнувал со циганската аљи ви сам и со наши коаљиционен партнери.
А, тоа е рехабилитирано лице. Добиваш затворска казна, ја лежиш, го множиш периодот на лежење пута два, и после си пак неосудуван, т.е. рехабилитиран. Тоа е затоа што општеството (за разлика од природата, нели) верува дека луѓето се менуваат и поправаат. Ама кога ќе го видиш вака на слика, и рехабилитирано личи.
 
Член од
16 февруари 2007
Мислења
2.777
Поени од реакции
8.214
Не се вреѓам, таман работа, а за тоа за читањето не е лошо малку и ти да прочиташ. Аболиција може да се донесе се додека не се донесе правосилна пресуда, т.е се додека предметот и страните се активни и постојат лекови. :(
Леле. :)
Значи, пази. Обвинителот, во текстот ја пишува до збор пресудата која сака од судот да се верификува и да се стане правосилна. Таквата пресуда е, еве ќе упростиме, wishful thinking, тоа е како кога девојчињата порано си пишуваа во споменари за совршениот дечко, какви очи да имал, каква коса да имал. Тој текст после мине низ фази, одбраната дава свој, со ослободителна пресуда од сличен споменар на мало девојче, па имаш докази, па вештачења и на крај судот одлучува кој дечко од чиј споменар на кое девојче е поубав. Или си бира некој свој, ни плав, ни со црна коса, туку можеби некоја средна вредност, со смеѓа на пример. На Заев Бране фати и му го запали споменарот заедно со идеалниот дечко, заедно со тој на обвинителите. Пепел ги стори. Затоа, значи затоа тоа што Бране го направи се вика аболиција. Ако имаше пресуда тогаш тоа на Бране ќе се викаше амнестија. Ако имаше пресуда и Зоки одлежеше некоја година у затвор, ќе се викаше помилување.
 
Последно уредено:
Член од
5 јуни 2008
Мислења
3.632
Поени од реакции
5.724
Фино лепо си пуниш 5-16 избирачки кутии. Те судат и доаѓа Хорхе те помилува. Избори регуларни, рекордна излезеност, победа за лавот патриотски. Ем лавот сит, ем овцата во администрација.
Сон на секој политичар во светот. Кај нас реалност.
 
LordDragonII

Dr.Strangelove
Член од
15 август 2008
Мислења
10.995
Поени од реакции
5.725
А, тоа е рехабилитирано лице. Добиваш затворска казна, ја лежиш, го множиш периодот на лежење пута два, и после си пак неосудуван, т.е. рехабилитиран. Тоа е затоа што општеството (за разлика од природата, нели) верува дека луѓето се менуваат и поправаат. Ама кога ќе го видиш вака на слика, и рехабилитирано личи.
Има уште, може да почнам од пратеници до локално ниво...
За секоја слика која ќе ја постирам да јадеш сендвич - нема да издржиш.

Не ги брани и признај.
Добар Вемеровец си.

Имам надеж...
 
Член од
21 мај 2008
Мислења
10.867
Поени од реакции
11.487
Знаете до кога ќе бидеме утепани граѓани и утепана држава? Додека се' се гледа на сдсм и дпмне, Груевски и Заев...а не на правото и неправото.
 
Член од
24 март 2010
Мислења
15.150
Поени од реакции
25.592
Има уште, може да почнам од пратеници до локално ниво...
За секоја слика која ќе ја постирам да јадеш сендвич - нема да издржиш.

Не ги брани и признај.
Добар Вемеровец си.

Имам надеж...
Законска рехабилитација
Член 104
(1) Осудата за изречената алтернативна мерка освен условна осуда и осудата со која сторителот на кривичното дело е ослободен од казна се бришат од казнената евиденција ако осудениот во рок од една година од денот на правосилноста на судската одлука не стори ново кривично дело.

(2) Условната осуда се брише од казнената евиденција по една година откако ќе помине времето за проверка ако за тоа време осудениот не стори ново кривично дело.

(3) Осудата на парична казна и казната забрана на управување со моторно возило, изречена како единствена казна, се брише од казнената евидеиција кога ќе поминат три години од денот на извршената, застарената или простената казна ако за тоа време осудениот не стори ново кривично дело.

(4) Осудите на затвор до три години се бришат од казнената евиденција кога ќе поминат пет години од денот на издржаната, застарената или простената казна ако за тоа време осудениот не стори ново кривично дело.

(5) Повеќе осуди на исто лице можат да се бришат од казнената евиденција само истовремено и тоа ако постојат услови за бришење на секоја од тие осуди.

Судска рехабилитација
Член 105

(1) По протекот на три години од денот на издржаната, застарената или простената казна судот може да определи да престанат правните последици од осудата што се однесуваат на забрана на стекнување на определени права.

(2) По протекот на две години од денот на примената на казната привремена забрана за вршење одделна дејност на правното лице, судот може да одлучи забраната да престане.

(3) По протекот од две години од денот на примената на казните: забрана за добивање дозвола, лиценца, концесија, овластување или друго право утврдено со посебен закон, забрана за учество во постапки за јавен повик, доделување на договори за јавна набавка и договори за јавно - приватно партнерство, забрана за основање на нови правни лица или забрана за користење на субвенции и други поволни кредити, судот може да одлучи забраните да престанат пред истекот на рокот на времето за кое се изречени.

(4) По протекот на три години од денот на применувањето на казните забрана на вршење на професија, дејност или должност и забрана за управување со моторно возило и времено протерување странец од земјата, како и на казната трајна забрана за вршење дејност на правното лице, судот може да одлучи да престанат.

(5) При одлучувањето за рехабилитација судот ќе го земе предвид однесувањето на осудениот по осудата, околноста дали ја надоместил штетата, дали ја вратил имотната корист, како и други околности од значење за оваа одлука.

(6) Судот може, на молба на осудениот да определи да се брише од казнена евиденција осудата на затвор: над три години до пет години во рок од пет години; над пет години до десет години во рок од десет годнни; над десет години до 15 години во рок од 15 години, од 20 години во рок од 20 години, од денот на издржаната, застарената или простената казна, ако во тоа време осудениот не изврши ново кривично дело. При одлучувањето за бришењето на осудата, судот ќе води сметка за поведението на осудениот по издржаната казна, за природата на кривичното дело и за другите околности што можат да бидат од значење за оцената за оправданоста на бришењето на осудата.
Нема што да признаам, правиме муабет за право. Ти рече дека не би било лошо да треба да не им се дозволува на осудувани да бидат бирани. Јас ти викам дека тоа и сега е така. За да бидеш на листи за пратеник, треба да однесеш потврда за неосудуваност до ДИК. На прашањето како Амди ја однел, одговорот е Амди е рехабилитиран, значи за законот е неосудуван.

Кога се збори за право, се збори за право. Таму нема многу простор за двојни или тројни толкувања.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom