Фала ти за загриженоста за Македонците. И не се секирај, нареден пат кога ќе го смените Али, пак ќе бидете најјаки. Уште едно 100.000 да ви се исселат, и Велес и Кавадарци ќе ги поклопите.
Така е кога гледаш многу Васко Ефтов и Миленко ... остај тие глупости, албанците имаат 21% од гласовите и 33% од учениците ... што ти значи тоа? иселување?
Зошто Груевски не ги искористи Уставниот суд против интересите на албанците? На пример кога Уставниот суд одлучи дека и албанките ќе земаат по 8.200 денари месечно за трето родено дете, па сега 10.000 албанки го остваруваат тоа право.
Зошто не го искористи Уставниот суд против територијалната поделба.
Против Амнестијата на хашките случаи?
Едно нешто што најмногу ми пречи од оваа власт е што цели 10 години играа на картата етнички тензии, а знам дека тие во влада имаат добар муабет меѓусебе.
Јас немам никакви позитивни очекувања ни од СДСМ, пошто и тие беа од 2002-2006 и истите птроблеми ги имаа албанците и тогаш, но барем не играа со етничките чуства.
И ќе ме имаш тука, ќе ги критикувам и нив, ќе им ги изнесам сите неуспеси, пошто секоја власт треба да има опозиција.
Овие сегашните забегаа целосно, мислеа дека се семоќни, дека можат се да направат, научија како да добијат избори, како да затворат неистомисленици, да крадат и да не одговораат .... мислеа дека циганите ќе ги тераат на гласање со влечење за уши, албанците ќе ги задржат за врат, а македонците неистомисленици ќе ги сотрат.
Мислеше дека им е гајле македонците во соседство? Грешка си, тие се човечиња кои се држат за рака.
Која навреда е тоа бе да се исмеваш со сиромашен народ, уште и да ги злоупотребиш, како некој педофил што се изживува со некое дете. (за тие од пустец ти зборам)
Демохристијанин, се исмева длабоко од душа пошто некој муслиман го молел да не му ја руши милионската инвестиција, вика дека му течело низ ногавица.
Се заканува на друг човек дека жената и децата во ендек ќе ги најде... како бе може од уста не демохристијанин да излезат тие зборови, и тоа пази, заради фудбалски билети.
Колку народ е сотрен во овие 10 години? Ти викаш 100.000 албанци, јас викам 100.000 македонци ... тоа е многу.
Сладолед патриоти (јадел сладолед, како да го видел рајот... оваа снимка многу кажува во кое дереџе е овој народ)
Стевче Јакимовски , на него му се падна да го одбрани уставниот суд, а кога беше во опозиција велеше дека:
Уставниот суд, полицијата, армијата ... сето тоа се еднопартиски (вмровски).
Велеше дека ненормална земја сме биле, во Словенија со 1500 евра плати и протестираат пред Влада, а во Македонија со 350 евра плата протестираат пред опозиција.
Што ли му се случи на човекот.
Вечерва 8 автобуса и 2 минибуса се тргнати од Прилеп кон Скопје, за да го одбранат Устваниот суд од нападите на опозицијата. И од Велес голем број тргнале со автобуси и минибуси.
Е "Стевче" бе, многу народ си имал позади себе.