- Член од
- 12 март 2009
- Мислења
- 20.653
- Поени од реакции
- 16.859
нели требаше Попис да има, во исто време кога и во Албанија и Косово ?? И зошто не се направи попис ?понекогаш замислувам дека е 2008-2009 и дека е можно нормално да се дискутира
Се мајтапевте на уличниот систем во Брвеница, затоа е земено како пример. Постојат и други места каде податоците се чудни. Од твојот пост што може да се заклучи? Дека на луѓето немале навика да се одјавуваат-пријавуваат. Дека сеуште сме едни од ретките во Европа каде во населени места објектите не се нумерирани, дека не постои уличен систем. Дека во катастар една, на друго место друга...накратко, институциите ни се тапа и не функционираат. Бадијала и компјутерски опремени, бадијала и со толку вработени. Државата си има проблем со ваков уличен систем и нумерација, не само овој список и не само избори.
ако се иселени, мора да постои евиденција дека тие таму не живеат. А се работи за вкупно население во земјава. Ако пак се отселени 3-4000 лица, тоа се негде 20-25% од лицата кои се воделе во 2002 како вк. население. Ако од богатите региони се отселува толкав %, што се случува со другите места во Македонија. Податоци за кои некој си праеше вицеви и се смееше во темата за бројот на отселени во и од Македонија.
Впрочем, што ти пречи тебе Брутус, на Иреал и којтаму ако списокот се провери и исчисти, прво компјутерски, потоа и рачно, на терен. Овие проблеми не датираат од сега или вчера па не ми е јасно зашто некој нормален гласач и жител на државава би имал толку против ваква операција
А не е само со куќни броеви и улици, многу измени се направија и со броеви на катастарски честички... а имаше неодамна и апсења во Катастар