Скроз таму и е местото. Веднаш до врховен командант на вооружените сили. И еден куп други формални привилегии.
Не и е. Види на шо се сведе сега, на инает. Како испаѓа, скроз таму и е местото, за инает, а?
Со таа разлика што не му беше одземена, туку ограничена. И нема врска со правната држава. Има врска со политиканство. Правната држава познава аболиција како институт. Не само во Македонија, насекаде.
Правната држава, како производ на правната теорија, затоа што архивира една цела историја на одлучување и делување, го познава и антрополошкиот модел, клет, кој вика дека по фацата се познава криминалец. Не се заебавам, до степен на големина на уши и нос, густина на веѓа. Е сеа, тоа веќе го нема во позитивното право. Кај нас во 2009та позитивното право викаше дека дека се чистиме од остатоците од империите и султанатите, пресликани во институтот аболиција. Во 2016та некој тоа сака да го реституира заради политиканство. За тоа треба многу јајца фрлање.
Знаеш ти точно за што зборував јас. СОПА и ПИПА одземаат на луѓето нешто што го користат секојдневно. Овде, се обезбедува механизам за помилување на некои кои на обичен човек му се небитни во секојдневниот живот. Значи, за разлика од СОПА и ПИПА кои ми одземаат право да гледам порно, овде му се дава право на некој, да амнестира некои што би ми направиле нешто, што никогаш досега не ми го направиле, ама ете, можеле да ми го направат, затоа што на некој му се давало нешто. Апстракција до бескрај. И некој требало да протестира за тоа, а да не биде Мафо.
Абе исто е. Само ти сега едното го симплифицираш и го сведуваш до ниво на порно, а другото го тераш до апстракција. Уствари, СОПА и ПИПА викаа дека преку телекомуникациски мрежи, ќе и се овозможи на, еве нека е НСА, во случаи наведени во 50 страни, со исклучоци наведени во уште 50, пристап до мрежите на операторите, каде ќе можат на начин наведен со потточки од уште 50тина страни, да ти оневозможат тебе да гледаш порно. Двајца паметни тоа го изџвакале и соопштиле дека овие сакаат да ни го земат порното. И имаш јајцување.
Ова е дури и полошо. Ова вика дека системот згрешил и дека се кае за тоа што превземал мерки функционерите и луѓето блиски на партијата да ги изедначи со обичниот граѓанин кога е соочен со судот. Дека не смее да се дозволи такво едначење и мора да се врати стариот ројалистички систем кај што благородништвото се бели мечки и можат, макар и никогаш да не го направат тоа, да те претепаат само затоа што сакаш слободно да изразиш волја на избори.