Уставен ја прифати иницијативата за помилување за изборни нерегуларности

W

wicked_1

Гостин
Што е крив уставен?
Со истиот закон заев и верушевски јуниор се аболицирани а кога дојде дпмне на власт го укина.
Сега за потребите на дпмне повторно се активира тој закон па мислам дека пологично е со камења против позицијата и опозицијата,ама додека има овци ќе има и овчари
:icon_lol:
 
Член од
16 февруари 2007
Мислења
2.778
Поени од реакции
8.228
Среќа заради силни и масовни протести пропаднаа тие иницијативи. И како, правото на претседателот да помилува без никакво ограничување сме го немале во Македонија, па ова е тежок преседан, со кој се понижува државноста. Комбинација од смешки, глупости, очај и немоќ, ништо повеќе, ништо помалку.
Пропаднаа, да. Иако беа апстрактни во формата, тупаџиски, комплицирани за дешифрирање. И во вакви случаи е лесно да се изведе заклучокот, заклучокот е дека "се гази врз поимот за правна држава и се дава имунитет на моќниците во секоја власт да вршат криминал".
Политичкиот момент во погубноста на секое посегнување по механизмот не треба да биде тема на дебата. Дебата не треба да има. Механизмот не смее да постои.

Што е крив уставен?
Со истиот закон заев и верушевски јуниор се аболицирани а кога дојде дпмне на власт го укина.
Сега за потребите на дпмне повторно се активира тој закон па мислам дека пологично е со камења против позицијата и опозицијата,ама додека има овци ќе има и овчари
Абе Фринџ, знаеш ли шо пишуваш? Утре е Недела, ја у 21ви век излегувам у Недела и го гледам комшијата фанал копа дворот. Си викам хмм овој комшијава прави грев, библијата мене ми вика дека ако некој работи у Недела, ја треба да фанам да го убијам, како шо правеле фанатици у рано христијанство, без да бидат казнувани. Ако нешто такво било тогаш нормално, не го прави прифатливо ако некој ненормален го форсира денес. Многу сте забегани.
 
Член од
24 март 2010
Мислења
15.222
Поени од реакции
25.992
Политичкиот момент во погубноста на секое посегнување по механизмот не треба да биде тема на дебата. Дебата не треба да има. Механизмот не смее да постои.
Тогаш не смее да постои ниту механизмот помилување воопшто. Ниту пак привилегиите, имунитетот, обезбедувањето и се што иде со нив. Повторно, не можеш да посочиш ниту еден случај во кој народ се дигнал против вакви глупости. Тоа е факт, и нашиот народ не е ниту поглуп, ниту попаметен од било кој друг, во тој поглед. Е народ, како секој друг.
 
LepiDzoni

Profesionalen ulichen cigan
Член од
25 јули 2014
Мислења
1.361
Поени од реакции
3.519
Кој досаден пролив изфрустриран е овој дешифрираниов поет.:tapp:
Он мисли дека ако трола глуости по темите е нешто интересен.
Само се сили тука ко некое петленце, гарант е некое сниско-мало маже.
Само такви може овака да утнуваат теми.
Оди бе...:icon_lol:
dali ozbilno mislish deka ke isprovociras nekogo so ovie bjluvotini
 
Член од
16 февруари 2007
Мислења
2.778
Поени од реакции
8.228
Тогаш не смее да постои ниту механизмот помилување воопшто. Ниту пак привилегиите, имунитетот, обезбедувањето и се што иде со нив. Повторно, не можеш да посочиш ниту еден случај во кој народ се дигнал против вакви глупости. Тоа е факт, и нашиот народ не е ниту поглуп, ниту попаметен од било кој друг, во тој поглед. Е народ, како секој друг.
Не. Ти и сам имаш пишувано за рехабилитацијата. Рехабилитацијата веќе не е во надлежност на правниот систем, туку на корективните установи, на државата. Судот само ја валоризира и ако има аргументи дека добро се однесувало, не праело зулуми... супер шахови направило осуденото лице или, не знам, некоја друга продуктивна активност, може да го помилува. Ама мора бе, мора да помине низ процесот, мора да докаже невиност или да биде осуден. Ја и за дедото, колку и да ми беше жал и криво, знаев дека (ако биде осуден), единствено преку помилување, а не на друг начин стариот треба да биде ослободен.
За примери, ти посочив примери. Не знам зошто се инаетиш. Какви примери сакаш сега? Конкретни? Баш за оваа работа? Од која држава? Зимбабве? Буркина Фасо?
 
Не зборам за рехабилитација. Туку за механизми кои му се даваат на претседателот. И во многу подемократски држави од нашата. Правото на аболиција нема врска со рехабилитација. Туку со давање на моќ на човек што е директно избран. Истото е и со останатите привилегии. И тие не ја рушат државноста на ниту еден начин. Мислам, на сите ни е јасно зошто таа моќ му се враќа на Иванов, ама приказната дека со тоа се рушела државноста и правната држава е сто пати поретардирана и попатетична од самото враќање на тој механизам.

Немаш тука простор да дискутираш од позиција на повисок авторитет кој се грижи само за правото. Бидејќи, правото познава бескрајно многу такви примери. Ако сакаш да ја критикуваш одлуката, ќе мора да слезеш таму кај што се мачкаат со кал.

Не посочи примери. СОПА и ПИПА не беа укинати заради протести, дополнително, и тие акти воопшто не беа толку ретардирани како овој. Со тие акти, се одземаше можноста многу луѓе да ползуваат култура, филм, музика бесплатно. Во овој случај, ништо не се одзема никому. Било каков пример, во било која држава во светот. Еден единствен пример кога се случило народ да протестира заради апстрактни ствари што никако не му влијаат врз живот.
 
И за тоа зборуваше, затоа шо спомна за претседателските привилегии и проба оваа конкретно, аболицијата, да ја ставиш на купче. Не и е таму местото. Ужасно кревка категорија е и многу подложна на злоупотреба. Директно го руши правниот систем со тоа шо го прави анемичен. Помилувањето е друго, имунитетот трето...

За тоа што познава, му пишав веќе на Фринџ. Одземањето на аболицијата како механизам е прогресивно. Од моментот кога таква одлука се носи, па натаму, секое навраќање на такви реликвии од времиња на цареви и султани е шамар врз правната држава. И вчера да се одземало, ако денес се врати во сила, иста е тежината.

Ти зборуваше прво за апстрактна форма. Тие две(СОПА и ПИПА) имаа особено апстрактна форма, напластена содржина. Сега ретерираш со колку давале и што одземале. Колку што СОПА и ПИПА теоретски викаа дека ќе лежиш во затвор за нешто, толку ова теоретски вика дека некој нема да лежи за нешто што ти го направил(те истепал на гласачко место додека итал да крши гласачка кутија). Ни во теорија таква опција не смее да постои.
 
Скроз таму и е местото. Веднаш до врховен командант на вооружените сили. И еден куп други формални привилегии.

Со таа разлика што не му беше одземена, туку ограничена. И нема врска со правната држава. Има врска со политиканство. Правната држава познава аболиција како институт. Не само во Македонија, насекаде.

Знаеш ти точно за што зборував јас. СОПА и ПИПА одземаат на луѓето нешто што го користат секојдневно. Овде, се обезбедува механизам за помилување на некои кои на обичен човек му се небитни во секојдневниот живот. Значи, за разлика од СОПА и ПИПА кои ми одземаат право да гледам порно, овде му се дава право на некој, да амнестира некои што би ми направиле нешто, што никогаш досега не ми го направиле, ама ете, можеле да ми го направат, затоа што на некој му се давало нешто. Апстракција до бескрај. И некој требало да протестира за тоа, а да не биде Мафо. :D
 
Член од
19 април 2013
Мислења
2.004
Поени од реакции
2.100

не се баш небитни, високи владини функционери се во прашање, они му ја кројат судбината на народот.
дали досега ни направиле нешто или не, тоа допрва ќе се утврди.
зошто би носеле таков закон, ако не мислат да го применуваат?
само да не испадне тоа апстрактноста на крај реалност. ама и за тоа ќе најдете оправдување.
 
Член од
24 март 2010
Мислења
15.222
Поени од реакции
25.992
не се баш небитни, високи владини функционери се во прашање, они му ја кројат судбината на народот.
дали досега направиле или не, тоа допрва ќе се утврди.
зошто би носеле таков закон, ако не мислат да го применуваат?
само да не испадне тоа апстрактноста на крај реалност. ама и за тоа ќе најдете оправдување.
Баш така, допрва ќе се утврди. И не се носи нов закон, туку се спори уставност на веќе донесен. Уставност, што веќе ја спореле некои кога се носел. Измеѓу нив, и политичката мајка на Заев. И денес, истите тие собираат луѓе да протестирале против Уставен суд, затоа што ја рушел државноста. Бунуел, што би рекол/пишал Мартин.

Дали ќе испадне така, или не, повторно ќе видиме. Ама дека ќе има масовни протести против одлуката на Уставен, може само да се лажеме. Јас единствено викам дека отсуството на такви протести не е никаков преседан.
 
Член од
16 февруари 2007
Мислења
2.778
Поени од реакции
8.228
Скроз таму и е местото. Веднаш до врховен командант на вооружените сили. И еден куп други формални привилегии.
Не и е. Види на шо се сведе сега, на инает. Како испаѓа, скроз таму и е местото, за инает, а? :D

Со таа разлика што не му беше одземена, туку ограничена. И нема врска со правната држава. Има врска со политиканство. Правната држава познава аболиција како институт. Не само во Македонија, насекаде.
Правната држава, како производ на правната теорија, затоа што архивира една цела историја на одлучување и делување, го познава и антрополошкиот модел, клет, кој вика дека по фацата се познава криминалец. Не се заебавам, до степен на големина на уши и нос, густина на веѓа. Е сеа, тоа веќе го нема во позитивното право. Кај нас во 2009та позитивното право викаше дека дека се чистиме од остатоците од империите и султанатите, пресликани во институтот аболиција. Во 2016та некој тоа сака да го реституира заради политиканство. За тоа треба многу јајца фрлање.

Знаеш ти точно за што зборував јас. СОПА и ПИПА одземаат на луѓето нешто што го користат секојдневно. Овде, се обезбедува механизам за помилување на некои кои на обичен човек му се небитни во секојдневниот живот. Значи, за разлика од СОПА и ПИПА кои ми одземаат право да гледам порно, овде му се дава право на некој, да амнестира некои што би ми направиле нешто, што никогаш досега не ми го направиле, ама ете, можеле да ми го направат, затоа што на некој му се давало нешто. Апстракција до бескрај. И некој требало да протестира за тоа, а да не биде Мафо. :D
Абе исто е. Само ти сега едното го симплифицираш и го сведуваш до ниво на порно, а другото го тераш до апстракција. Уствари, СОПА и ПИПА викаа дека преку телекомуникациски мрежи, ќе и се овозможи на, еве нека е НСА, во случаи наведени во 50 страни, со исклучоци наведени во уште 50, пристап до мрежите на операторите, каде ќе можат на начин наведен со потточки од уште 50тина страни, да ти оневозможат тебе да гледаш порно. Двајца паметни тоа го изџвакале и соопштиле дека овие сакаат да ни го земат порното. И имаш јајцување.
Ова е дури и полошо. Ова вика дека системот згрешил и дека се кае за тоа што превземал мерки функционерите и луѓето блиски на партијата да ги изедначи со обичниот граѓанин кога е соочен со судот. Дека не смее да се дозволи такво едначење и мора да се врати стариот ројалистички систем кај што благородништвото се бели мечки и можат, макар и никогаш да не го направат тоа, да те претепаат само затоа што сакаш слободно да изразиш волја на избори.
 
Член од
24 март 2010
Мислења
15.222
Поени од реакции
25.992
Не и е. Види на шо се сведе сега, на инает. Како испаѓа, скроз таму и е местото, за инает, а? :D
Претседателот е врховен командант на Армијата и Армијата мора да прави се што ќе и нареди, е многу поголемо силување на здрав разум, отколку претседателот може да аболира некого.
Правната држава, како производ на правната теорија, затоа што архивира една цела историја на одлучување и делување, го познава и антрополошкиот модел, клет, кој вика дека по фацата се познава криминалец. Не се заебавам, до степен на големина на уши и нос, густина на веѓа. Е сеа, тоа веќе го нема во позитивното право. Кај нас во 2009та позитивното право викаше дека дека се чистиме од остатоците од империите и султанатите, пресликани во институтот аболиција. Во 2016та некој тоа сака да го реституира заради политиканство. За тоа треба многу јајца фрлање.
Позитивно право и ревизија на тоа што припаѓа во тој дел. Ептен јака причина за некој да излезе да протестира. :D Ете, организирај, преброј се. Ќе видиш колку ќе ти излезат, за да го бранат позитивниот напреден тренд по кој се движело позитивното право, ама ете сега некој се обидел да го наруши тој позитивен позитивизам и од удобноста што ги нудат длабочините на длабокото и висините на високото во кое се наоѓа пробува да наметнува своја волја, врз овој напатен. Народ.

(И моето и твоето би прошле, кога би ги читал Среќко Поповски во некоја негова Саботажа. Сеа, ако мислиш дека се обраќаш на таква публика, слободно продолжи.)
Ова е дури и полошо. Ова вика дека системот згрешил и дека се кае за тоа што превземал мерки функционерите и луѓето блиски на партијата да ги изедначи со обичниот граѓанин кога е соочен со судот. Дека не смее да се дозволи такво едначење и мора да се врати стариот ројалистички систем кај што благородништвото се бели мечки и можат, макар и никогаш да не го направат тоа, да те претепаат само затоа што сакаш слободно да изразиш волја на избори.
Ова е твојот обид за сведување на одлуката на нешто што личи на порно? Сериозно? Good luck with that. :D
 
Член од
12 март 2009
Мислења
20.009
Поени од реакции
16.085
Одземањето на аболицијата како механизам е прогресивно. ....
Баш така...Забрана на АБОЛИЦИЈА... Амнестија е сосем друго.. И + отварање на стари работи, по УСА ТЕРК ...отвараат убиства и педофилија од пред 40 -50 години !!!
А ние имавме 101 Аболиција, не само таа на Глобус, а што не е ни битна, обични пари..
Само се прават на друг начин..како тоа ромчето 2006 што го утепаа алфите и се прикажа со триста ујдурми како давење во Вардар ...никој не одговараше, ни директно ни командно.... помалиот син на Веруш набоде на нож соученик...се затвори случајот без никаква истрага...... председателот на суд на здружен труд во 90-тите со голфот згази намртво во уличка во Ѓорче татко на колешка од работа ...дојде полицаец, тој го избрка, јас имам имунитет... не се направи никаква истрага.... каков имунитет какви бакрачи... множам цел правен систем назад 70 години со 0
 
Член од
29 февруари 2016
Мислења
1
Поени од реакции
0
Glupive sorosoidi ne svatija deka eden chovek koj shto ne go sakaat nemoze da e prichina za neuspehot na iljadnici...tokmu tie se prichinata za sopstveniot neuspeh

Glupi, poglupi, najglupi, preglupi sorosoidi...:D
 
Член од
12 март 2009
Мислења
20.009
Поени од реакции
16.085
Иванов ќе го помилува и Заев за неутрализирање на револтот од помилувањето на вмровски функционери
http://ndm.org.mk/index.php?option=com_content&view=article&id=1106:ivanov-ke-go-pomiluva-i-zaev-za-neutraiziranje-na-revoltot-od-pomiluvanjeto-na-vmrovskite-funkcioneri&catid=83:pres-konferencii&Itemid=132
не му треба на зајко, тој не признава суд
всушност за Зајко е најдобро за време избори да биде во апс, какоЈанша пред некоја годиина, така се добива поголем политички рејтинг...
 
Kajgana Shop

На врв Bottom