Уставен амандман 33

ʞönig

Миле... ми текна!
Член од
29 декември 2014
Мислења
129
Поени од реакции
613
Ваши ставови околу овој владин проект со кој бракот ќе се уредува со Устав
Дали е ова уставна материја?
Како овие измени ќе влијаат врз статусот на истополовите парови?
Зошто владата ја прави оваа измена?

Според мене, материјата е веќе решена законски, па ако мнозинството пратеници во иднина реши да го смени законот, тоа ќе биде волја на мнозинството. Обидот да се оневозможи легализирање на истополови бракови, преку двотретинско мнозинство потребно за имена на устав, е доказ дека владата е насчена антиевропски и антицивилизациски, т.е. во некоја иднина ќе биде пример за тоа како не требало.
Измените, според мене, ќе го засилат интензитетот на отселување, а оние кои ќе останат ќе ја радикализираат реториката и активностите, што е сосема разбирливо.
Мислам дека и кога би дошло до промена на силите во законодавниот дом, овој амандман нема да биде чепнат.
Целта на владата е преку собранието да донесе популистички амандман, а ако е потребно уставно ограничување на висината на јавниот долг и буџетскиот дефицит за да владата самата себе се ограничи да не потроши премногу, тогаш аналогно, со овој амандман некој/и од влада има потреба и вака да ги ограничи своите постапки.

УСТАВНИТЕ ИЗМЕНИ ВО ВТОРНИК ПРЕД ПРАТЕНИЦИТЕ

Предлог-амандманот на Уставот правните односи во бракот, семејството и вонбрачната заедница да се уредат со закон кој ќе се носи со двотретинско мнозинство суштински го менува уставниот поредок на државата, реагираат дел од невладините. Велат, непотребно и загрижувачки е тоа што на овој начин семејното право, според начинот на донесување, се поистоветува со територијалниот интегритет, суверенитетот и функционирањето на државата. Со зголемувањето на бројката на пратениците се отежнува правото на семеен живот на истополовите парови.

„Според челн 131 од уставот на РМ предлагачот е тој што треба да достави нацрт-текст до пратениците и истиот да биде на јавна дебата. На дебатата која претходеше се дебатираше само за потребата и заснованоста од уставното дефинирање на брачните и вонбрачните заедници, никаде не се дебатиораше за промена на уставниот поредок. Фактот што наместо со просто мнозинство, сега ќе се гласаат со двотретинско мнозинство значи промена на уставниот поредок на РМ“, смета Павле Богоевски од Националната мрежа за борба против против хомофобија и трансфобија.

Регираат и дека иако ветил предлагачот не ги испочитувал забелешките на Венецијанската комисија во однос на дефинирањето на бракот исклучително како заедница меѓу маж и жена. Велат, пристапот кон нив бил селективен.

„Само одредени делови на мислењето на Венецијанската комисија се прифатени, делот кадешто државата е слободна во уредувањето на брачните односи, а делот кадешто се наведува дека треба да се обезбеди исто ниво на правно признавање на истополовите партнерства како и на различнополовите партѕнерства, не е направено“, потенцираше Софија Велковска од националната мрежа.

Ваквите одлуки и предлози, според Националната мрежа, се радикално спротивни и надвор и од сите други реалвентни меѓународни препораки и резолуции, кои не укажуваат на потреба од уставна заштита на бракот во традиционална смисла, туку на потребата од правно регулирање на односите меѓу истополовите партнери.

Наспроти реакциите на невладините, владата уверува дека по забелешните на ескпертите и Венецијанската комисија, таа одстапила од првичните намери и прифатила овие прашања да бидат уредени со закон, а не со Устав.


Уставот нема да ја контролира само спалната соба, туку севкупниот семеен живот

Со уставните измени Македонија ќе биде единствена држава во Европа која ќе воведе контрола врз целокупниот семеен живот, што е спротивно на практиката на Европскиот суд во Стразбур, обвинуваат активисти за човекови права


Со 65 гласа „за“, два против и еден воздржан, Собранието го утврди контроверзниот нацрт-амандман 33 на Уставот, со кој бракот се дефинира исклучиво како заедница меѓу еден маж и една жена, а меѓу маж и жена треба да биде и регистрирањето на вонбрачната заедница. Укажувањата дека тоа ќе значи цивилизациско враќање назад и дека ограничувањето и дискриминацијата не смеат да бидат одлика на кое било демократско општество, не го разубедија владејачкото мнозинство во намерата на таков начин уставно да го зацементира бракот, повикувајќи се на исти решенија и во други европски земји.

Едните поеднакви од другите

Актерот и граѓански активист Петар Стојковиќ и неговиот партнер деновиве со загриженост ги следат ваквите измени на Уставот. Тие требаше да бидат првата венчана истополова двојка во Македонија. Се пријавија да склучат брак на најголемата групна венчавка на Светската парада на гордоста во Торонто на 26 јуни, но поради должината на одредени процедури не успеаја да заминат. Денес се фокусирани на собраниската процедура низ која се филтрира амандманот 33.

„Обидот за уставно дефинирање на (вон)брачната заедница го гледам единствено како злоупотреба на моќта и позицијата на мнозинството да се ограничат и ускратат правата на малцинствата, небаре е нормално едните 'повеќе' од другите да ги уживаат човековите права кои природно им припаѓаат на сите луѓе од моментот на нивното раѓање. Бракот е едно од тие човекови права, но владата смета дека тоа треба да биде привилегија на хетеросексуалците, третирајќи ги ЛГБТИ луѓето како граѓани од втор ред. Наместо креирање инклузивно општество, нашата влада континуирано практикува политики на исклучување и дискриминација“, вели Петар.
Тој бара неговите сограѓани да сфатат дека ЛГБТИ заедницата не бара никакви специјални права, туку истите оние права кои ги уживаат поголемиот дел од граѓаните на Македонија.


Петар Стојковиќ

„Уставното дефинирање на бракот нерадо можам да го проголтам доколку тоа е 'потреба' на мнозинството. Но, регулирањето на вонбрачната заедница и регистрираните партнерства е нешто што го сфаќам премногу лично, бидејќи е директна дискриминација на сите оние кои живееме надвор од рамките на хетеронормативниот модел на семејство. Зарем јас не плаќам даноци на оваа држава? Зошто мене и на мојот партнер да не ни биде дозволено да го регистрираме нашето партнерство и да ги имаме истите права како хетеросексуалните двојки? На пример, заеднички имот на кој полагаме еднакви права, права и обврски во поглед на наследување, користење на пензиско осигурување, социјална заштита, здравствено осигурување, боледување за нега на партнерот и посета во болници, заштита од дискриминација на пазарот на трудот, стекнување државјанство, земање на презимето на партнерот и слично? Признавањето на истополовите заедници како форма на семеен живот би значело нивна заштита според Уставот на Република Македонија, Европската конвенција за човекови права и Уставниот суд. Та, нели семејството беше нешто најсвето според ВМРО-ДПМНЕ?“, прашува тој.

Забелешки на амандманот

Во невладините организации деновиве врие од активности. Кочо Андоновски, програмски директор на ЛГБТИ - Центарот за поддршка, вели дека овој центар и Хелсиншкиот Комитет за човекови права, во соработка со повеќе други организации, заеднички подготвуваат документ кој ги анализира сите поднесени амандмани за уставни измени. Наскоро овој документ ќе биде јавно промовиран и понуден за јавна дебата, заедно со иницијативи за подигнување на јавната свест околу последиците од уставните измени.

„Со амандманот за дефинирање на бракот како заедница исклучиво меѓу еден маж и една жена, како и вториот став од амандманот кој ќе воведе регистрирање на вонбрачни заедници и дефинирање на сите можни заедници исклучиво само меѓу еден маж и една жена, Македонија ќе стане единствена држава во Европа која на овој начин се обидува да воведе контрола врз целокупниот семеен живот, што е спротивно и на практиката на Европскиот суд за човекови права (ЕСЧП) во Стразбур. На овој начин се нарушуваат правото на семеен живот, принципот на еднаквост на сите граѓани, принципот на праведност, владеењето на правото - гарантирани со Уставот на РМ, а со тоа и правото на заштита од дискрминација, како и другите права со кои се гарантира еднаквиот третман на сите граѓани. Со овие измени се нарушуваат и секуларната и граѓанската поставеност на уставниот поредок на РМ, заменувајќи го со традиција и систем на вредности кои се спротивни на уставниот поредок, дотолку што ги исклучуваат практиките на вклученост и правда кои се обезбедени низ таквата поставеност“, вели Андоновски.

Како аргумент го наведува и Мислењето за четвртиот амандман на Уставот на Унгарија од јуни 2013 година, со кое Венециската комисија даде јасен став за уставното дефинирање на брачните и вонбрачните заедници со кои се дискриминираат истополовите партнери. Во него е јасно наведено и дека државата треба исто така да ги заштити и долготрајните емоционални и економски партнерства на лицата кои живеат заедно (на пример, оние односи во кои паровите немаат или не можат да имаат деца). Понатаму, воопшто не се оспорува правото на Унгарија да го дефинира бракот исклучиво како заедница меѓу еден маж и една жена, но истовремено и јасно се укажува на потребата од примена на проширеното гледиште на ЕСЧП за поимот семеен живот, согласно чл. 8 од Конвенцијата. Со тоа Венециската комисија уште еднаш потврдува дека иако државите се слободни во уставните дефиниции на поимот брак, таквите дефиниции не треба да бидат спротивни на Конвенцијата и на практиката на ЕСЧП во поглед на тоа што може да претставува семеен живот и каков пол треба да имаат партнерите кои го практикуваат.


И за добро, и за лошо

Андоновски потсетува дека не смее да се заборават ниту прашањата за потешкотиите во докажувањето пред суд во случаи каде што како страни се појавуваат истополови партнери, а кои се однесуваат на Кривичниот законик, Законот за кривична постапка, како и на законите за прекршоци, за заштита од семејно насилство, за работни односи, за здравствена заштита, за заштита на правата на пациентите, за наследување, за здравствено осигурување, за социјална заштита, за парнична постапка, за странци, за азил, за државјанство, за сопственост...

„Во овие случаи, партнерскиот однос на истополовите страни воопшто нема да биде земен предвид, дури и ако тој однос е конститутивен елемент на самиот случај - на пример, семејно насилство меѓу истополови партнери. Со тоа сериозно се доведува во прашање пристапот до правда на ЛГБТИ луѓето. Поради тоа, ваквата уставна формулација само дополнително ќе го зацврсти исклучувачкиот и дискриминаторски однос на националниот правен систем кон ЛГБТИ луѓето во Република Македонија“, укажува Андоновски.

Поради сите овие факти и дилеми, Петар Стојковиќ и неговиот партнер есенва планират да заминат во Хрватска и таму да склучат регистрирано партнерство.

„За кум ќе го имаме мојот драг пријател Ерван Фуере, кој нѐ поддржа уште од самиот почеток кога се решивме на таков чекор. Истото ќе биде признаено во сите земји каде истополовите регистрирани партнерства се законски препознаени. За жал, тоа нема да биде случај по нашето враќање во мојата татковина. Таа и понатаму продолжува да биде за едни мајка, а за други маќеа“, вели Петар.

Истиот проблем го има и Македонец кој со својот венчан партнер живее во Холандија. Сака да се врати во Македонија и да основа компанија, но во тоа го спречува фактот дека неговиот брачен партнер во тој случај би добил статус само на турист.

Неодамна, Хрватска донесе закон за животно партнерство. Тоа го сторија поради фактот што законското регулирање на правата на ЛГБТИ луѓето е реална потреба со која се соочува секое современо општество, а бракот е само една форма на заеднички живот преку која се остваруваат правата. Во Уставот на Косово и Албанија, во членовите кои се однесуваат на семејниот живот дефинирано е дека секој има право на склучување брак, без прецизирање на полот на сопружниците. Во Уставот на Црна Гора, Србија и Бугарија дефинирано е дека бракот може да се склучи помеѓу маж и жена. Од друга страна пак, во ниту еден Устав на посочените држави не е дефинирана регистрираната вонбрачна заедница на никаков начин, а уште помалку како заедница исклучиво помеѓу еден маж и една жена. Со ниту еден друг Устав во регионот или во Европа, не е спречено идно дефинирање на формите на заеднички живот кои би се појавиле, како што тоа е направено со предложените уставни измени во Македонија.
http://www.dw.de/уставот-нема-да-ја-контролира-само-спалната-соба-туку-севкупниот-семеен-живот/a-17889940?maca=maz-rss-maz-pol_makedonija_timemk-4727-xml-mrss
 

ʞönig

Миле... ми текна!
Член од
29 декември 2014
Мислења
129
Поени од реакции
613
Петиција против хомофобичниот Амандман 33

Тука можете да ја потпишете петицијата изготвена од Националната мрежа за борба против хомофобија и трансфобија, во која се повикува директно премиерот Никола Груевски да го сопре Амандманот 33 со кој уставно се дефинира брачната и вонбрачната заедница како заедница помеѓу еден маж и една жена.






– Дефинирајќи го заедништвото помеѓу еден маж и една жена како единствена форма на животна заедница која продуцира правно дејство (брачна заедница и регистрирана вонбрачна заедница и било кој друг регистриран облик на животно партнерство), се нарушуваат правото на семеен живот, принципот на еднаквост на сите граѓани, принципот на праведност, владеењето на правото, принципот на плуралност, граѓанинот како носител на суверенитетот, достоинството, индивидуалната автономија и секуларноста на државата – гарантирани со Уставот на РМ, а со тоа и правото на заштита од дискриминација, како и другите права со кои се гарантира еднаквиот третман на сите граѓани.

Европскиот преседан на уставно дефинирање на вонбрачната заедница како животна заедница исклучиво помеѓу еден маж и една жена, како и последиците кои ваквото дефинирање на бракот и вонбрачната заедница ќе го имаат врз правото на семеен живот се во колизија со ратификувани меѓународни документи кои се дел од националниот правен систем на РМ и кои имаат повисоко правно дејство од националното законодавство. Тука особено треба да се земат предвид член 8 од Европската конвенција за човекови права и Препораките на Советот на Европа кои се однесуваат на почитувањето на правото на приватност и семеен живот. На овој начин,
Законодавецот е во опасност да создаде длабока контрадикторност и практичен судир помеѓу уставните одредби и одредбите од ратификуваните меѓународни документи – е дел од реакцијата на Фондацијата Отворено општество – Македонија, Хелсиншкиот комитет за човекови права, Коалиција Сексуални и здравствени права на маргинализираните заедници, Македонскиот центар за европско образование и ЛГБТИ центарот за поддршка.
http://libertas.mk/петиција-против-хомофобичниот-аманд/

ВЕНЕЦИЈАНСКАТА КОМИСИЈА ПРОТИВ УСТАВНИТЕ ИЗМЕНИ



Актуелната политичка ситуација без опозиција во парламентот не е добар момент за воведување уставни амандмани - заклучува Комисијата

Венецијанската комисија не даде зелено светло за владините седум амандмани за уставни измени. Ставот на советодавното тело на Советот на Европа е дека „актуелната политичка ситуација каде што опозицијата го бојкотира парламентот не е добар момент за воведување уставни амандмани. Комисијата ги повикува сите политички сили да почнат разговори и да соработуваат во понатамошното разгледување на измените.

Во мислењето што веќе му е испратено на министерот за правда Аднан Јашари, кој во име на Владата се обрати до ова тело за став околу предложените решенија, детално се анализирани сите амандмани.

Венецијанската комисија констатирала дека постои различност во уставните измени поднесени од Владата до Собранието во јули 2014 година. Сепак, Комисијата смета дека некои од предлозите треба да се разјаснат или да се подобрат, додека пак некои од предлозите ги оценува како позитивни, како на пример, впишувањето во Уставот на независниот статус на Државниот завод за ревизија и на Народна банка, проширувањето на опфатот на уставна жалба, како и отстранувањето на членовите по функција од Судскиот совет - министерот за правда и претседателот на Врховниот суд.

Со ова Венецијанската комисија останува доследна на својот претходен став околу Судскиот совет изнесен во мислењето кое се однесуваше на уставните реформи во судството во 2005 година.

Очекувано најголемите забелешки на Венецијанската комисија се однесуваат на меѓународната слободната финансиска зона и на бракот.

Во однос на уставната измена која се однесува на меѓународната финансиска зона, јасно се бара промена на предложеното решение и се укажува на ризиците и опасностите од нејзино воспоставување. Се оди дотаму што во формулацијата се користи термин што го употребија повеќемина домашни експерти за време на јавната дебата, а тоа е опасноста од креирање „држава во држава“. Венецијанската комисија смета дека постои ризик дека овој „орган на управување“ ќе добие премногу широки овластувања и нема да биде потчинет на уставни органи на државата и на тој начин нема да биде одговорен кон луѓето.

„Вкупно исклучување на оваа зона од правниот поредок на државата не е компатибилно со основните одредби на Уставот и европското уставно наследство. Во текот на својата посета на земјата, делегација на Венецијанската комисија разбира дека Владата е подготвена за повторно пишување на овој амандман доста поопширно“, се наведува во мислењето.

Венецијанската комисија ги повикува властите да го преиспитаат амандманот за да се осигура дека создавање посебен правен режим за странските инвеститори нема да резултира со формирање „држава во држава“ и дека сите меѓународни обврски на земјата се целосно применливи и се спроведуваат во рамките на зоната.

Што се однесува до спорниот амандман 33, со кој се дефинира бракот и различните форми на животна заедница меѓу маж и жена, а кој предизвика многу полемики во македонската јавност, Венецијанската комисија вели дека државите имаат голема дискреција во регулирање на институцијата брак. Меѓутоа, она што за нив е проблематично се другите форми на партнерства и препорачува: „не треба да се исклучат двојките од ист пол од истото ниво на правно признавање како што се обезбедува на двојки од различен пол“.

Венецијанската комисија нема став околу фискалното ограничување на буџетот, бидејќи како што велат, идејата е релативно нова. Венецијанската комисија „не може да предложи тестиран механизам за примена“.

На крајот, Венецијанската комисија се задржува и на уставниот амандман кој му дава поголема моќ на Уставниот суд да одлучува за уставните жалби на граѓаните за поширок спектар на основните права. Комисијата го поздравува воведувањето уставна жалба, но укажува дека оваа реформа ќе биде успешна само со внимателна подготовка. Тоа бара усвојување закон за Уставниот суд и јасна дефиниција во Уставот за обемот на основните права кои се заштитени со овој правен лек.

Министерот за правда ќе се произнесе в петок

Министерот за правда Аднан Јашари вчера не ги коментираше заклучоците и препораките на Венецијанската комисија. Наместо тоа, за в петок во 12 часот е закажана прес-конференција, на која министерот ќе се произнесе околу тоа дали Владата ќе ги прифати препораките на советодавното тело на Советот на Европа.

Како што информираат од Министерството за правда, мислењето на Венецијанската комисија е добиено во понеделникот (во неделата беше усвоено на Пленарната седница во Рим) и се анализира неговата содржина

Заклучоците се базираат на мислењата на петтемина членови (од Ирска, Франција, Австрија, Турција и Хрватска), кои во текот на септември беа во дводневна посета на Македонија и разговараа со претставниците на највисоките државни институции.

ЗАКЛУЧОК

l Актуелната политичка ситуација каде што опозицијата го бојкотира парламентот не е добар момент за воведување уставни амандмани

l Се повикуваат сите политички сили да влезат во конструктивен дијалог и соработка во понатамошното разгледување на измените



ПОЗДРАВЕНИ

l Впишувањето во Уставот на независниот статус на Државниот завод за ревизија и на централната банка

l Проширувањето на опфатот на уставна жалба

l Отстранувањето на министерот за правда и претседателот на Врховниот суд од Судскиот совет



ПРЕПОРАКИ

l Не треба да се исклучат двојките од ист пол од истото ниво на правно признавање како што се обезбедува на двојки од различен пол;

l Властите да го ревидираат амандманот за слободна финансиска зона

l Се бара усвојување закон за Уставниот суд и јасна дефиниција во Уставот за обемот на основните права кои се заштитени со овој правен лек

l Во однос на амандманот за ограничување на финансискиот долг, Венецијанската комисија не може да предложи тестиран механизам за имплементација, бидејќи е релативно нова идеја
http://www.utrinski.mk/?ItemID=E2270AB20CF3D64AA1069541667FB89C
 
Член од
31 јануари 2014
Мислења
5.169
Поени од реакции
2.265
Поддршка за амандманот а јас би вовел и да се забрани употребата на терминот македонски бугари, било како засебен став од истиот амандман или како нов амандман.
 

Bojan Van Buuren

Колектор
Член од
11 април 2008
Мислења
7.545
Поени од реакции
10.991
Многу тешко иде читањето на толкав текст :D
Ја сум либерален по однос на бракот и би дозволил и истополови бракови, па дури и посвојување деца на овие брачни другари, мада ова второво може да почека додека не бидат готови истражувањата околу тоа дали стварно истополовиот брак би имал лошо влијание врз психичкиот развој на децата посвоени од ваквите брачни другари.
Интересна забелешка околу овој амандман имаше за тоа „еден маж и една жена“. Не ми текнува сеа точно што беше содржината на забелешкава, ама се однесуваше на тоа „еден“, ваљда ја има јавната дебата на јутуб па кој сака може да побара и да слушне.
Во секој случај според мене Законот за семејство доволно добро го дефинира бракот и нема потреба истото дефинирање да го имаме и во Устав.
Во секој случај добра работа е што се воведува регистрираната вонбрачна заедница во Законот за семејство, а и не знам дали се воведуваат и брачните пречки за вонбрачната заедница, ама ако нема такво нешто под итно треба да се направи и таа измена, зошто сегашното дефинирање на вонбрачната заедница остава простор ваква заедница да основаат и брат и сестра на пример.

Ај сеа малце офтопик, ама многу попроблематичен уставен амандман е оној за економската зона (не ми текнува сеа точниот назив како беше) со што се дефинира една екстериторијалност и состојба во која во таа зона ќе важи само Кривичниот законик на државава, а сите други односи ќе се регулираат со прописи кои ќе ги донесе самата економска зона. Не знам како е замислено, ама може да настанат голем број проблеми...
Исто според мене непотребна е промената од Народна банка на Македонија во Банка на Македонија. Името мислам дека не игра голема улога...
Исто имаше забелешки и за дефинирањето на јавниот долг на државата, ама не сум економист и не можам нешто повеќе да коментирам околу тоа.
 
Член од
5 јуни 2008
Мислења
3.624
Поени од реакции
5.710
Сметам дека со изгласување на ова во иднина наталитетот ќе ни порасне драстично и со тоа ќе се помогне да се покријат сите слободни работни места низ државата.

Да одговорам на прашањата
1. Не е уставна материја, но материја за работа е законот против дискриминација и говор на омраза.
2. Истополовите парови во Македонија ги заболе за промените па сите се кренаа на нога против тоа како што гледам.
3. Оваа измена ја прават оти толкав им е акалот и не можат да си играат со нешто попаметно. Целта е омразата да расте, да се осети дополнителна супериорност на мажјаците како Ѓорчев итн. Оти побитно е што некој држел некој друг за рака на улица отколку личната среќа и среќата на својата фамилија.

Денес, господата се во позиција да изгласаат закон со кој ќе овозможат ловење и претепување на хомосексуалци. Дури би се отвориле и ловечки клубови за кои ќе треба да се земе лиценца од соодветното министерство. Али со тоа свесни се дека на народот му одврзуваат раце не само да удри по нив, туку би ги спречило во иднина да прават дефокусирање од реални проблеми со убацување на геј тематиката како бекап план, од ведро небо и од никаде испровоцирана.
 
Последно уредено:
Член од
9 април 2006
Мислења
3.078
Поени од реакции
1.186
Искрено некои работи не ги разбрав баш - како тоа со овој закон Македонија ќе била единствената земја во која владата ќе воведе контрола врз целокупниот семеен живот?? Со тоа што ќе го дефинира бракот како заедница меѓу еден маж и една жена? Демек до сега и мажи можеа да се земат, или пак две жени? Јас колку што знам тоа никогаш не можело кај нас.. Така да не сфаќам што ќе се смени со ова. И како тоа мислиш „ќе се контролира семејниот живот“?? Еве јас се земам со некоја жена и како тоа владата ќе ми го контролира семејството? И кај тоа дека Македонија ќе била едина земја со вакво нешто, па во пола Европа не се признати истополови бракови?

Не ме разбирај погрешно, не сум против истополови бракови, туку прашањето ми е што менува законов и како уставов ќе ги влошел работите кога и до сега според мене хомосексуалците немаа ништо поголеми права кога е во прашање формирање семејство..

И друга работа, од кај тоа дека овој ќе бил првиот Македонец кој ќе стапел во хомосексуален брак, јас колку што знам имаат и други нашинци во странство веќе правено такво нешто..

Поради сите овие факти и дилеми, Петар Стојковиќ и неговиот партнер есенва планират да заминат во Хрватска и таму да склучат регистрирано партнерство.
А да не беше новиов устав они иначе тука ќе се земеле??? Како жити се ќе го постигнеле тоа??
 
Последно уредено:

GordonGoldader

Brother Nature
Член од
18 јануари 2014
Мислења
445
Поени од реакции
594
Па и во други земји не е дозволен истополов брак.
Не знам шо толку сте изненадени, таков ни е народот, таков ни е менталитетот.
Менталитетот тешко се менува. Треба години, и години и години за да се смени нешто.
Живееме у околна у која е поважно ШО ЌЕ КАЖЕ КОМШИЈАТА ЗА ТЕБЕ отколку дали твоето дете и ти самиот си среќен.
Озборувањето е приоритет, а сите сакаат сочни озборувања.

Така да, прво менталитето на народот се менува, а после се менуваат законите.

И кај се бе овие од ЛБГТ заедницата, всушност кои се и тие?
Кога и да бараат нешо секогаш е против владата т.е. им се дава политички карактер
исто ко и со пленумците
исто и со се останато у оваа ебена држава. А почне за нешо да се протестира се дозволува да се вовлечат во протестите и фаци со политички намери со маска „ СЛОБОДА ДА ПРОТЕСТИРАМЕ КАКО СЛОБОДНИ ГРАЃАНИ“ и за 2-3 дена веднаш тие организации бараат избори, сменување на влади и сите останати работи што ги бараат политички партии, не и оние што протестираат.
 
Член од
31 јануари 2014
Мислења
5.169
Поени од реакции
2.265
Море море све либерали, демек ако не прифаќаш ваква изопаченост не си нормален.
 

Bojan Van Buuren

Колектор
Член од
11 април 2008
Мислења
7.545
Поени од реакции
10.991
Море море све либерали, демек ако не прифаќаш ваква изопаченост не си нормален.
Братче подобро да бидам „изопачен“ ко хомосексуалците, него „паметен“ ко тебе...
 

ʞönig

Миле... ми текна!
Член од
29 декември 2014
Мислења
129
Поени од реакции
613
Многу тешко иде читањето на толкав текст :D
Се работи за четири статии, но доволно е само да се прочитаат насловите за да се сфати за што станува збор.
Искрено некои работи не ги разбрав баш - како тоа со овој закон Македонија ќе била единствената земја во која владата ќе воведе контрола врз целокупниот семеен живот?? Со тоа што ќе го дефинира бракот како заедница меѓу еден маж и една жена? Демек до сега и мажи можеа да се земат, или пак две жени? ...
Уставна измена, не законска. Законот би се сменил со 1/2, но Уставот со 2/3.
 
Член од
9 април 2006
Мислења
3.078
Поени од реакции
1.186
Уставна измена, не законска.
Извини ама пак не разбирам - па ако е тоа законска, а не уставна одлука, дека во брак смеат да стапат само две лица од различен пол, тогаш ќе може да се земаат? Не разбирам која е разликата од досегашната ситуација. Според мене ништо не мења дали според уставот или според законот не смеат да се земат, битно немаат право на брак, а тоа е тоа што е битно. И не ми е јасно како тој до сега планирал тука да се земе и тек сеа ради промената на уставот ќе морал да иде за Хрватска за да се земат, од кај тоа дека иначе со стариот устав тука ќе можел да се земе??
 

dragonsky

Hate leads to suffering
Член од
25 декември 2010
Мислења
36.063
Поени од реакции
70.468
Реални да бидеме мене лично како стрејт човек кур ме боли дали ќе можат или нема да можат легално да стапуваат во брак хомосексуалците..ама да правиш нешто што е контра трендот во Европа и светот а притоа да носиш други закони вадејќи се на "Европски закони сакаме да донесуваме" малце нема смисла..
 
Член од
20 јануари 2008
Мислења
453
Поени од реакции
455
Токму оваа тема е дел од целта. Да се разблажи дискусијата и да се пренасочат дискусиите за посуштинските промени прво на уставот и воопшто на многу поважните случувања во општеството.

Јас не ни сакам да почне да се навлегува и да се расплинува дискусијата понатаму за оправданоста на истополовите бракови, за хомосексуалноста како појава и слично, затоа што оваа промена и ВООПШТО НЕ Е за нив, и целта е само да се отвори пандорината кутија со овие дискусии за да се замачкуваат очи.

И оние кои ја поддржуваат оваа промена, и самите ќе сфатат дека воопшто нема потреба од неа затоа што бракот е веќе дефиниран на ист начин и ќе ја сфатат подмолната цел на поднесителот како неискрен потег. Значи буквално дупење во здрав мозок.
Е сега малку замислете се, ако за една вака бенигна промена се покажува моќ, како ќе се однесуваат за некои многу поважни теми кои и вас ве засегаат.

И друго ме загрижува, ако првиот пат кога имаше обид да се донесе оваа измена, не беше поддржана од албанскиот фактор во коалицијата, без разлика дали тоа беше искалкулирано или не, сега ја поддржуваат, прашањето ми е, што им ветиле како возврат, од што се откажале, што ќе се продаде за да се донесе еден толку НЕВАЖЕН амандман кој и воопшто нема никакво позитивен исход врз македонскиот народ?
 
Член од
31 јануари 2014
Мислења
5.169
Поени од реакции
2.265
Реални да бидеме мене лично како стрејт човек кур ме боли дали ќе можат или нема да можат легално да стапуваат во брак хомосексуалците..ама да правиш нешто што е контра трендот во Европа и светот а притоа да носиш други закони вадејќи се на "Европски закони сакаме да донесуваме" малце нема смисла..
Добар ти е овој израз ТРЕНД :) Сега е тренд да си педер знам ама не мора сите трендови да ги пратиме :)[DOUBLEPOST=1421522192][/DOUBLEPOST]
Токму оваа тема е дел од целта. Да се разблажи дискусијата и да се пренасочат дискусиите за посуштинските промени прво на уставот и воопшто на многу поважните случувања во општеството.

Јас не ни сакам да почне да се навлегува и да се расплинува дискусијата понатаму за оправданоста на истополовите бракови, за хомосексуалноста како појава и слично, затоа што оваа промена и ВООПШТО НЕ Е за нив, и целта е само да се отвори пандорината кутија со овие дискусии за да се замачкуваат очи.

И оние кои ја поддржуваат оваа промена, и самите ќе сфатат дека воопшто нема потреба од неа затоа што бракот е веќе дефиниран на ист начин и ќе ја сфатат подмолната цел на поднесителот како неискрен потег. Значи буквално дупење во здрав мозок.
Е сега малку замислете се, ако за една вака бенигна промена се покажува моќ, како ќе се однесуваат за некои многу поважни теми.

И друго ме загрижува, ако првиот пат кога имаше обид да се донесе оваа измена, не беше поддржана од албанскиот фактор во коалицијата, без разлика дали тоа беше искалкулирано или не, сега ја поддржуваат, прашањето ми е, што им ветиле како возврат, од што се откажале, што ќе се продаде за да се донесе еден толку НЕВАЖЕН амандман кој и воопшто нема никакво позитивен исход врз македонскиот народ?
Веројатно се зголемил бројот на геј албанци.
 
На врв Bottom