Усеин Болт - најдобар светски спортист за 2008

Кој е најдобриот спортист за 2008 според вас?


  • Вкупно гласачи
    53

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.489
Болт прогласен за најдобар спортист во светот



Светскиот рекордер на 100, 200 и 4х100 метри и трикратен олимписки шампион, Јамајканецот Усеин Болт, е прогласен за најдобар спортист на светот во избор на францускиот спортски весник "Лекип".
Болт го освои првото место со 832 бода, втор е американскиот пливач - Мајкл Фелпс со 694 поени, кој освои осум златни медали во Пекинг, а трет шпанскиот тенисер - Рафаел Надал со 413 бодови.
"Преубаво е да знаете дека имате толку голем број навивачи во светот. Свесен сум дека имам потенцијал за резултат под 9,60 секунди" - изјавил кратко Болт по прогласувањето за најдобар во 2008. година.
Четвртото место на листата на најдобри спортисти го завзема Италијанецот Валентино Роси, шампион во Мото ГП класата, со 203 освоени бода, додека петти беше британскиот возач во Формула 1 - Луис Хамилтон со 162 бода.




Извор: Нетпрес/Спортнет






Според мене, Фелпс требаше да биде најдобриот спортист во светот. Сфаќам дека Болт на ЛОИ одекна како бомба, ама Фелпс ги надмина човечките граници. Ќе ставам и анкета, да видиме според Кајганџиите кој треба да е спортист на светот за 2008. :wink:
 

Hellz Guardian

We do what we want
Член од
2 февруари 2008
Мислења
6.857
Поени од реакции
1.232
Франција - Болт прогласен за најдобар спортист во светот



Светскиот рекордер на 100, 200 и 4х100 метри и трикратен олимписки шампион, Јамајканецот Усеин Болт, е прогласен за најдобар спортист на светот во избор на францускиот спортски весник "Лекип".
Болт го освои првото место со 832 бода, втор е американскиот пливач - Мајкл Фелпс со 694 поени, кој освои осум златни медали во Пекинг, а трет шпанскиот тенисер - Рафаел Надал со 413 бодови.
"Преубаво е да знаете дека имате толку голем број навивачи во светот. Свесен сум дека имам потенцијал за резултат под 9,60 секунди" - изјавил кратко Болт по прогласувањето за најдобар во 2008. година.
Четвртото место на листата на најдобри спортисти го завзема Италијанецот Валентино Роси, шампион во Мото ГП класата, со 203 освоени бода, додека петти беше британскиот возач во Формула 1 - Луис Хамилтон со 162 бода.




Извор: Нетпрес/Спортнет






Според мене, Фелпс требаше да биде најдобриот спортист во светот. Сфаќам дека Болт на ЛОИ одекна како бомба, ама Фелпс ги надмина човечките граници. Ќе ставам и анкета, да видиме според Кајганџиите кој треба да е спортист на светот за 2008. :wink:
Same here.
Да освоиш 8 златни медали на Олимписки игри е најголем успех за секој спортист и тоа го напраи Фелпс и мислам дека он би требало да биде избран тој за спортист на годината.
 

Apokalipto

Tredici
Член од
4 март 2007
Мислења
15.576
Поени од реакции
2.585
Роси ?

Жив е тој воопшто годинава ?
 
Член од
15 јули 2007
Мислења
12.406
Поени од реакции
543
Нелогично делува знам, Фелпс освои 8 златни медали, али и по мене Болт е најдобар светски спортист за изминатава година. Неверојатен е човекот, иако истото важи и за Фелпс.
 

апец

Јувентус фан
Член од
5 декември 2007
Мислења
1.083
Поени од реакции
60
Болт е најдобар за 2008. Побрз е од стрела. :zver::zver::zver::zver::zver::zver:
 

Syn

https://www.youtube.com/watch?v=zBkuNpgACH0
Член од
23 декември 2007
Мислења
29.237
Поени од реакции
41.559
Роси ?

Жив е тој воопшто годинава ?
Парче направи, во негов стил . :toe: А гласав иначе за Болт, посупериорно ми делуваше, ко од шала трчаше и беше скалила над сите останати во негова конкуренција а и он победи во сите дисциплини каде учествуваше .
 
K

kaiser soze

Гостин
Сосема заслужено,иако не ќе беше и изборот на Мајкл Фелпс изненадување.Сепак Болт ги достигна границите на невозможното во атлетиката,кралицата на спортовите со неговите вонсериски резултати и успеси на олимпијадата во Пекинг.9.69 и 19.30 на најголемиот спортски планетарен настан му го трасираа патот до овоа врвно спортско признание.
 

Кирца

Монк
Член од
7 април 2008
Мислења
7.051
Поени од реакции
2.289
Немаше да се згреши нит ќе беше некое си изненадување ако беше Фелпс прогласен ама Болт повеќе ја заслужи ипак.
 

^Exotic^

Wanderstruck
Член од
25 ноември 2007
Мислења
5.969
Поени од реакции
1.059
Според мене, Фелпс требаше да биде најдобриот спортист во светот. Сфаќам дека Болт на ЛОИ одекна како бомба, ама Фелпс ги надмина човечките граници. Ќе ставам и анкета, да видиме според Кајганџиите кој треба да е спортист на светот за 2008. :wink:
Точно е дека Фелпс заслужи да биде прогласен за најдобар, ама токму тоа што Болт беше бомба на ОИ му ја донесе наградата.Инаку, Фелпс беше подобар.
 
Член од
17 август 2006
Мислења
1.531
Поени од реакции
123
Bolt sosema zasluzeno e izbran za sportist na godinata mada i da ja dobiese i felps nagradava nemase da bide nezasluzeno
 

rossonerka

too good to be true
Член од
8 октомври 2007
Мислења
6.081
Поени од реакции
889
Фелпс го направи невозможното возможно. Имаше цел пред себе поставено која ја исполни, иако ретко кој веруваше во тоа.

А Болт беше изненадување. Не се очекуваше дека ќе сруши 3 одлични рекорди. Затоа остави огромен впечаток.
А и атлетиката е популарна од пливањето па и тоа има улога во изборот.

Сепак јас сум за Фелпс:)
 
А

Ајсшутер

Гостин
Тежок избор што и да избереа ќе немаше да згрешат според мене Усеин Болт заслужено е прогласен за најдобар спортист за 2008 година.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom