Уништување на професиите

  • Креатор на темата Tetro
  • Време на започнување
T

Tetro

Гостин
Авторот е универзитетски професор и писател

Автор: Венко Андоновски
http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=105101410574&id=13&prilog=0&setIzdanie=22101#.T15aVroAA0n.facebook

Единствени стабилни професии во ова општество се владетел и полицаец. Сите други професии се мртви. Ако не ги оживееме, нема што да примат од нас во Европа. Ќе отидат таму само премиерот, претседателот, војската и полицијата. Ние ќе си останеме овде, без професија и достоинството што треба да го носи таа



Сите се жалат. Никогаш професиите, особено оние сврзани со интелигенцијата, не биле на пониско ниво. Не мислам само на платите – тие традиционално се на ниски гранки. Мислам на распадот на стандардите за работа. Недостиг од материјали за работа, недостиг од систем, од организација, недостиг од волја да се смени нешто. Целосна апатија: луѓето како да не ги сакаат своите професии. Незаинтересирани, мрзоволни, зловолни, како под принуда да го работат она што треба да САКААТ да го работат, она што треба да ги исполнува и да ги прави среќни. Така е во здравството, така е во образованието, каде што состојбите се највидливи. Мрзоволни лекари и зловолни професори се влечат по коридорите на установите; како да се тука по казна. Причина: не можат да живеат достоинствено од својот труд! Сепак, учеле за тоа!

Од друга страна, армија млади, гладни за леб и самодокажување. И армија млади што соочени со ова депресивно лице сé повеќе, во бранови, ја напуштаат Македонија. На дело е голем егзодус, можеби еден од најголемите досега. Македонците си бараат резервна татковина насекаде по светов. Кога некој би водел статистика, би се видело дека можеби сега се иселуваат многу повеќе Македонци одошто под „комунистичката чизма“. Очигледно дека мотив за тоа не се само малите плати на интелигенцијата туку и партиските клучеви за вработување. Сега клучот е кај едниот партиски клучар, утре ќе биде кај другиот. Младите веќе не пијат партиска нафта, не сакаат да бидат партиски тетовирани, кога веќе имаат знаење и дипломи, а тоа се мундијални, а не локални или идеолошки категории. Знаат дека работата нема наскоро да се подобри. Затоа, си одат. Ние, кои остануваме, треба да се прашаме каква историска одговорност ќе носиме за тоа што ги бркаме од овде.

Стариот добар Платон, во својата визија за идеалната држава, покажа дека таа може да биде среќна само ако постои хармонија меѓу трите слоја што ја сочинуваат: слојот на производителите, слојот на бранителите (тоа денес би биле војската и полицијата) и слојот на управувачите (односно интелигентите – од учители, преку лекари до политичари).

Кога Платон би фрлил око на Македонија, брзо би установил дека нашата држава е дисхармонична и затоа – несреќна. Кај нас веќе не постои класа на производителите, со ретки исклучоци (ситни производители и земјоделците, кои се веќе на работ на голиот живот). Никој ништо не произведува, зградите на некогашните големи фабрики пропаѓаат, отпуштените работници се на улица. Никој ништо не произведува, ама затоа сите нешто продаваат и препродаваат за да преживеат. Главно занимање е купи поевтино, продај поскапо. Никому не му се исплати да произведува: тоа земјоделците најгласно го кажуваат - кога ќе ги пресметаат давачките за производство, ним им излегува дека го подаруваат физичкиот труд – работат за џабе. Исто како и писателите, учебникарите и оние што „произведуваат“ интелектуални производи. Најисплатлив жанр е – политичкиот говор!

Од друга страна, класата на бранители се зголемува. Полицијата ја има на секој чекор, ама се зголемува и бројот на „приватни“ бранители. Денес имате агенции за обезбедување повеќе одошто имате загрозени – се борат кој кое училиште да го преземе и да го обезбедува. Апсурдите стигнуваат дотаму што се обезбедуваат и кафеани (што можеш да украдеш од кафана ноќе, кога касата е испразнета, освен алкохол?). Ама се обезбедуваат и гробишта. Ова последново е морбидно-комично, затоа што барем на тоа место нема некоја посебна депонажа на вредности (мртвите не работат со кеш), а и нема некоја посебна раздвиженост. Значи, на штрек сме постојано, што се однесува до одбраната. Бранители и обезбедувачи на секој чекор: од протоколот на политичарите, до гробиштата. Само, никој никако да нé нападне. Агресорите се несериозно индолентни, ние сме неинтересни за нив.

Класата на интелигенцијата, пак, е посебни приказна. Со систематското уништување на образовниот систем, со спуштањето на критериумите на најниско можно ниво, се доби ужасен ефект на ТИТУЛИРАНА НЕПРОСВЕТЕНОСТ. Сите имаат дипломи, дури и дудуците. Тоа е најголем грев и најголемо „постигање“ на нашава демократија: да ги израмниш учениот и дудукот. Секој втор е магистер, секој трет е доктор на науки. Со тоа што средното училиште се направи задолжително, сега нивото на знаења на средношколците е како на поранешните основци; ако средните школи станаа основни, тогаш факултетите станаа (особено со дебилно ниските барања на знаење во ЕКТС-системот) средни школи; магистратурите станаа обични дипломи за високо образование, а докторатите станаа магистерски. Тој ужасен ефект на девалвација на знаењата и оспособеноста ќе го почувствуваме дури во годините што доаѓаат, затоа што ќе имаме кадри со регуларно заверени и печатирани дипломи со многу, многу мал фонд на знаења. Јавна тајна е дека поради тоа што не само приватните туку и државните факултети обезбедуваат плата од уплатите на студентите, тие се борат да ги задржат дури и со „прогледување низ прсти“ на испитите. Тоа е рамно на самоубиство. Платон би се превртувал во гробот кога би го видел тоа: ИНТЕЛЕКТУАЛНА ТОЛПА, или ЕЛИТНА ТОЛПА. Каде го има тоа?!

Ферид Мухиќ и Златко Жоглев, во својот мошне инструктивен учебник по филозофија под наслов „Мислење во акција“, пишуваат: „Откога Сократ бил осуден на смрт, Платон стекнал уверување дека владеењето на толпата – демократијата – не и носи добро на ниту една држава. Толпата ниту знае што е добро за државата, ниту за себе. Таа е необразована, поводлива, поткуплива, лесен плен за демагози. Таквото владеење не може да доведе до формирање добри и способни луѓе, како што ДОБРИ И СПОСОБНИ ЛУЃЕ НЕ МОЖАТ ДОБРО ДА ЖИВЕАТ ВО ТАКВО ВЛАДЕЕЊЕ“.

А кога толпата станува интелектуална елита, тогаш со државата е свршено. Измешани се сите лончиња. Полутани и полуинтелектуалци стануваат воспитувачи, лекари и владетели. Производители, како што реков нема. Единствени стабилни професии во ова општество се владетел и полицаец. Сите други професии се мртви.

Ако не ги оживееме, нема што да примат од нас во Европа. Ќе отидат таму само премиерот, претседателот, војската и полицијата. Ние ќе си останеме овде, без професија и достоинството што треба да го носи таа.
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.793
Поени од реакции
12.275
Целосна апатија: луѓето како да не ги сакаат своите професии. Незаинтересирани, мрзоволни, зловолни, како под принуда да го работат она што треба да САКААТ да го работат, она што треба да ги исполнува и да ги прави среќни.
Што да се очекува од држава каде просперираат газди на фирми кои бараат млади деца да ги заебаваат, каде раб. искуство на постарите работници, знаењето и снаодливоста (кои водат до легален профит и успех на фирмата-имено на чиј грб фирмата и успеала) од газдите не се добредојдени. Не да не се туку очигледно се малтретирани за самите да си напуштат работа. Тие сакаат млади деца да им платат нешто ситно и да ги заебаваат. Кога ќе дојде на такво дереџе, човек полн со енергија кој правел планови, ги минал сите фази во една фирма, кој цел ден останувал на работа без надоместок, забаталувајќи ги и децата и домот и пријателите, доброволно само за да го заслужи лебот, а газдата да има профит...кога газдите ничим изазвани по извесен период го третираат лицето како нешто најдолно... И на овие години у друга фирма (едвај и да најдеш друга) ти велат -не, ние бараме млади особи. За маратон?
Или си дел од тие настани или некој од околината. Нормално ќе е зловолен, несигурен, депримиран...и ја сум зловолен, нервозен, негативен...со сељачаана газди и терсене државен сектор.
За државните служби е посебна (или слична, газдите на прив. фирми се врзани со државните клучни лица на локално, а богами и нелокално ниво) приказна која од 1998-1999 наваму само тоне со партизирањето, уништувајќи ги она малку здраво ткиво, мал работен дух кој го имаа оние кои сакаат алал да си го заработат лебот. Од суета ли, од неспособност ли и директиви на шефовите,...
Можда не професиите ама граѓаните и нивното достоинство, еланот...
 

Kadaif

M.D.
Член од
21 јануари 2008
Мислења
6.933
Поени од реакции
8.565
раб. искуство на постарите работници, знаењето и снаодливоста (кои водат до легален профит и успех на фирмата-имено на чиј грб фирмата и успеала) од газдите не се добредојдени.

Ги гледаш работите од твој агол, океј е, меѓутоа младите луѓе учат побрзо, побрзо ќе се оспособат на новото работно место (места кои денес се компатибилни со западните барања кои се менуваат секоја година а поискусниот не е во можност сето тоа да го следи) ќе научи јазик и ред други теоретски работи и со тоа ќе размислува побрзо и поефикасно (вложувајќи нови идеи бидејќи е програмиран да размислува во пазарна економија осободен од скептицизмот кој го набиваше комунизмот) и сето тоа за малку пари. Физичкиот труд е одамна изумрена работа има линии на производство и тако даље, денешната македонска економија се состои 60 процента од сервис услуги........Физикалско занаетчиско искуство не е веќе потребно.
 

Стефус-Рефус

Jesus Loves Macedonia
Член од
30 август 2009
Мислења
3.452
Поени од реакции
1.210
Економија кој е базирана на услуги и трговија нема иднина. Но, не е и чудно сите се во државни јасли или живеаат на консумеризмот на државните чиновници. Реален сектор е загрозен вид. Нешто што во живот ја држи Македонската економија се девизни дознаки од исленици. Иселениците имаат два ефекта ја намалуваат невработеноста и го одржуваат платниот биланс т.е. ја спасуваат државата од банкрот.
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.793
Поени од реакции
12.275
Кадаиф, искрено не знам како ги гледа работите од мој агол една жена вработена во јавна (со приватни услуги) установа која доби отказ заради тоа што забременила. Дали е бременост причината или младо девојче кому му плаќа сигурно помалку (период на "учење" занает), тоа девојче нема сопруг, нема скоро да забремени...пресметките одат до таа мера што Ѓаволот (христијанскиот :) ) би им позавидувал на злобата и лукавоста.
Ги гледаш работите од твој агол, океј е, меѓутоа младите луѓе учат побрзо, побрзо ќе се оспособат на новото работно место (места кои денес се компатибилни со западните барања кои се менуваат секоја година а поискусниот не е во можност сето тоа да го следи)
Не знам дали си ги видел податоците за просечни примања према возраста/искуството во ЕУ. Драстично се зголемува со годините па некаде оди и за 50% и повеќе. Башка се даваат и додатоци на плати и награди...сето тоа е токму западниот начин на работа, затоа тие фирми и се поуспешни. И тоа не е се...тие и во приватни фирми имаат одмор :)

За можноста за следење не се сложувам затоа што токму во семејство имам лице кое има накај 20 годишно искуство, младите запослени таму не сакаат да учат закони (кои излагаат секој ден), књбифо, анализи на пазар...едноставно не се нафаќаат на вишок обврски. Логиката за запослување на младите често самите газди ја (по)кажуваат- да заштедат пари и да ги мафтаат, затоа што буквално млад кадар ќе го зезаат со 12-15000 плата, затоа што ако вработат постар треба искуството да го платат. Како да уво не им чуе за развој на фирмата. Тоа е за жал вистината кај нас и во маалско дуќанче и во големи погони и во банка.
Јас би сакал да прашаме некој од газдите (не на стовариште или во продавниче) овде член зошто му е потребен млад кадар. Дали треба да трча, дали да се тепа во ујп...која е предноста на младоста во овој контекст. У секој случај и кај млад и кај стар му го газат достоинството, затоа се намрштени, зловолни...

Најбоље да си шпиун за газдите или потрчко. Тоа денеска го направија доблест број еден во Македонија.
 

bucio

Урбан индијанец.
Член од
8 јули 2008
Мислења
16.330
Поени од реакции
7.799
Овај бе светецот од писател што го тронизираат (обратно од детронизирање што значи симнување од тронот или владетелство) не знае дека европската унија е креација на себеси замислена владејачка елита и дека е замислена како супердржава паразитирајќи врз грбот на обичниот човек или се прави будала?
--- надополнето: 19 март 2012 во 15:37 ---
Грешка да го ебам економија, а шо бара Венко тука?
 

Toecutter

Biafran Baby
Член од
12 мај 2009
Мислења
5.243
Поени од реакции
2.444
Овдешната економија е претварање на шупливо во празно.
Невиден феил од светски размери.
Да се очекува дека во таква економија и систем воопшто младите можат да дојдат до свест каде им лежи талентот и потоа да се изборат да работат тоа што го сакаат е нереално. Иако огорченоста на професорот е нормална реакција треба да се каже дека не е од вчера сето ова.

Во денешната мкд економија третина од вработените се или директно или индиректно на државна цицка со рекорден буџет во историјата и рекордни намети, а како таква опстанува со заеми (околу 7 милијарди евра споредено со 819 милиони долари во 1991 за време на крајот на екс-државата), донации и грантови (околу 3 милијарди), годишно милијарда евра од иселениците неоптеретени со камати и долгови, масовна продажба и кеширање од сите сектори кои носат голем профит (енергенси,банки,телекомуникации...) штанцање пари (3-4 пати зголемена парична маса од 1997) и монетарно-фискално жонглирање.
Задолженоста на фирми и приватни лица е исто рекордна.

Таква килава и феил економија треба да апсорбира 96% средношколци кои се припремаат да бидат високо-образувани...за неколку години од денес...:facepalm:

 
Член од
7 март 2009
Мислења
1.161
Поени од реакции
827
Овај бе светецот од писател што го тронизираат (обратно од детронизирање што значи симнување од тронот или владетелство) не знае дека европската унија е креација на себеси замислена владејачка елита и дека е замислена како супердржава паразитирајќи врз грбот на обичниот човек или се прави будала?
--- надополнето: 19 март 2012 во 15:37 ---
Грешка да го ебам економија, а шо бара Венко тука?
ЕУ е баш базирана на таков принцип како што се базирани политичките партии кај нас.Еве ќе ви појаснам.Младо,напредно и интелигентно дете,по нечиј наговор влегува во некоја партија и по извесно време не останува ништо од тоа што го набројав погоре,едноставно ќе му најдат некое работно место и автоматски го купуваат сосе неговата филозофија и се останато.Со тек на време несвесно станува таков како оние кои највеќе ги презирал,полтрон,дудлач и кукавица.Ова им се случува на голем бр.млади деца кај нас а и пошироко.Е сега истиов пример можете да го употребите и за европската бирократија,само што наместо младо напредно дете,ќе ставите посериозен човек од 35-40 години на кој ќе му дадат административна работна позиција со сигурна плата и на крај пак ќе го добиете она болдираното погоре.Тоа е затоа што владејачките олигархии не сакаат независни,самосвесни и храбри луѓе,тие сакаат исплашени поданици со кои ќе може да манипулираат како сакаат и кога сакаат.Затоа и бриселскиот ЕУ-парламент личи на едно огромно дудлачко гнездо кое продуцира таков кадар!
Како тоа што бара Венко овде? А сите ние што бараме? :facepalm:
 

Итар Пејо

Слободен Радикал
Член од
10 октомври 2011
Мислења
738
Поени од реакции
660
Наравоучение:
Не сакаме ЕУ не сакаме НАТО не сакаме капитализам не сакаме комунизам!
Да се вартиме во времето на Цар Самоил и натуралното стопанство најубаво ќе ни биде:)Ама има еден услов, европејциве источно од нас дали ќе ни го дадат?? Е...баго мајката!
 
Член од
19 март 2012
Мислења
1.439
Поени од реакции
3.810
Неподносливи газди, експлоататори и пизди. На тоа се има сведено целиот приватен сектор во Македонија. Ако по некоја луда среќа успееш да најдеш некој мање-више пристоен човек под кој ќе работиш, тогаш ке зимаш мање-више непристојна плата. Исто ти се фаќа. Нема поента да се стремиш кон нешто повеќе овде и нормално, се стремиш кон нешто повеќе надвор.
Зловолна? Незаинтресирана? Нормално! Други опции немам.
 
Член од
7 ноември 2011
Мислења
431
Поени од реакции
934
Економија кој е базирана на услуги и трговија нема иднина. Но, не е и чудно сите се во државни јасли или живеаат на консумеризмот на државните чиновници.
Не е генерално правило. САД баш се обидува да биде лидер во светот во секторот на услужни дејности, додека Јапонија е задоволна од својата улога на производител :D . Секоја земја треба да се насочи онаму каде што има компаративни предности.

Инаку во однос на уништувањето на професиите, буџетарите се скоро целосно незаинтересирани за работата (исклучоците се толку ретки, што нема фајде некој да ме разубедува во истото со пединечни примери), бидејќи голем дел од старите генерации се навикнати на прелабав пристап, користење на бенефиции (висока плата, придонеси, патарини, хранарини, К -15 ...) со минимална продуктивност, новопечените буџетарчиња веднаш земаат пример од постарите и магичниот круг опстојува перфектно.

Во приватниот сектор јасна е експлоатацијата и никаквите меѓучовечки односи и не е никакво чудо, да изгубиш интерес за професијата, кога не си третиран најмалку како човечко суштество, туку како инструмент (од кој најчесто се бара хиперпродуктивност - да работиш за 2-3, над 10 часа дневно, без нормален годишен одмор и празници и оваа сага нема крај, кој видел знае и предобро...).

Мислам дека сите студенти, кои дипломираат со големи илузии и елан за работа, за кратко време соочени со реалноста им исчезнуваат истите како меури од сапуница... Оние кои кај нас имаат задоволителен професионален ангажман се раритет, вид кој изумира...
 

General Centar

Се колнам... за ослободување на Македонија...АМИН
Член од
31 март 2011
Мислења
350
Поени од реакции
188
Не е генерално правило. САД баш се обидува да биде лидер во светот во секторот на услужни дејности, додека Јапонија е задоволна од својата улога на производител :D . Секоја земја треба да се насочи онаму каде што има компаративни предности.

Инаку во однос на уништувањето на професиите, буџетарите се скоро целосно незаинтересирани за работата (исклучоците се толку ретки, што нема фајде некој да ме разубедува во истото со пединечни примери), бидејќи голем дел од старите генерации се навикнати на прелабав пристап, користење на бенефиции (висока плата, придонеси, патарини, хранарини, К -15 ...) со минимална продуктивност, новопечените буџетарчиња веднаш земаат пример од постарите и магичниот круг опстојува перфектно.

Во приватниот сектор јасна е експлоатацијата и никаквите меѓучовечки односи и не е никакво чудо, да изгубиш интерес за професијата, кога не си третиран најмалку како човечко суштество, туку како инструмент (од кој најчесто се бара хиперпродуктивност - да работиш за 2-3, над 10 часа дневно, без нормален годишен одмор и празници и оваа сага нема крај, кој видел знае и предобро...).

Мислам дека сите студенти, кои дипломираат со големи илузии и елан за работа, за кратко време соочени со реалноста им исчезнуваат истите како меури од сапуница... Оние кои кај нас имаат задоволителен професионален ангажман се раритет, вид кој изумира...
Незнам од кај ти е муабетов за буџетарите демек уживаат и зимаат плата.Еве ти некои факти.
1.Пола здравје ќе изгубиш дури се вработиш, пола после тоа
2.Платата во просек е околу 18.000
3.Нема К15, храна и превоз
4.Работиш како коњ, а друг е награден
5.Прекувремено не се плаќа, ниту има слободен ден за тоа
6.Ако има потреба (а често има) го прекинуваш одморот на пола и на работа
7.Не дај боже да се скараш со шефот, подобро замини си од работа
8.Се смени ли власта, сите стануваат религиозни и се молат да не ги избркаат
9.Со новиот закон можат да те прераспоредат од Скопје у Велес без твоја согласност
10.Најважно правило во администрација (кругот секогаш се врти)
 
Член од
7 ноември 2011
Мислења
431
Поени од реакции
934
Незнам од кај ти е муабетов за буџетарите демек уживаат и зимаат плата.Еве ти некои факти.
1.Пола здравје ќе изгубиш дури се вработиш, пола после тоа
2.Платата во просек е околу 18.000
3.Нема К15, храна и превоз
4.Работиш како коњ, а друг е награден
5.Прекувремено не се плаќа, ниту има слободен ден за тоа
6.Ако има потреба (а често има) го прекинуваш одморот на пола и на работа
7.Не дај боже да се скараш со шефот, подобро замини си од работа
8.Се смени ли власта, сите стануваат религиозни и се молат да не ги избркаат
9.Со новиот закон можат да те прераспоредат од Скопје у Велес без твоја согласност
10.Најважно правило во администрација (кругот секогаш се врти)
Со оглед на тоа што нема чартер летови за Сатурн или Венера, да се чудиш од каде ми е сознанието за продуктивноста на најголемиот дел, малтене сите од буџетарите, ај ќе ти откријам за жал морам да доаѓам во ситуации каде имам потреба од нивните услуги, како граѓанин на оваа земја.

Инаку околу поимот факт, го има во твојов пост дури и единствено во 4-те букви на зборчето само по себе...

Кога го прочитав ,,фактот,, број 1, не знам колку време не сум се смеела толку, нејсе, ама потоа се сетив дека мора да е опасно по здравјето да излепиш 267.389.564 плакати низ град, лепакот е опасно токсична материја т.н. тивок убиец, потоа да извикуваш ,,УА,, кога се плука опозицијата е сериозно напрегање на гласните жици, патувањето по митинзи носи мачнини итн. и нервозата како да поминеш работно време, во канцеларија со 15 столчиња, а 2 бироа неповратно уништува нервни клетки, а тие се необновливи, така да, потоа искрено се каев и плачев извесен период над тешката ви судбина, доловена низ останатите ,,фактографски,, точки на твојата сага :icon_lol:...

Не ме интересира твојата партиска припадност, сите имате горе-долу сличен интелектуален капацитет на кадри, кој е излишно и да се коментира, па и сами преќутно си знаете многу добро.

П.С. Убаво реков да не ме разубедува никој со поединечни примери, ама никој не слуша, а мене пак омилени ми се ,,факти,, од типот ,,другарот на другарката на другарка ми работи таму и ова што тој ми го рече важи за сите без исклучок,,.
П.С.2 Според голем број од ,,фактиве,, констатирам дека ти слабо си се снашол.
 

Ljupco Meljata

AJFON ILI ANDROID you choose
Член од
11 ноември 2007
Мислења
1.726
Поени од реакции
475
Најлошо кај човекот е сетилото за страв,смрт и љубомора.

Ако знаеш да си играш со овие сетила кај луѓето ќе можеш да управуваш со нивните судбини тоа е дикатура.

Македонија Квази Ленд ,Македонците изгубени во своја држава,Македонската Економија во рацете на другите.

Мотив го нема ,зошто да живеам тука логично не знам
 

Рудници и

ООЗТ Рудници и железарница - Скопје
Член од
9 декември 2009
Мислења
12.162
Поени од реакции
18.204
Незнам од кај ти е муабетов за буџетарите демек уживаат и зимаат плата.Еве ти некои факти.
1.Пола здравје ќе изгубиш дури се вработиш, пола после тоа
2.Платата во просек е околу 18.000
3.Нема К15, храна и превоз
4.Работиш како коњ, а друг е награден
5.Прекувремено не се плаќа, ниту има слободен ден за тоа
6.Ако има потреба (а често има) го прекинуваш одморот на пола и на работа
7.Не дај боже да се скараш со шефот, подобро замини си од работа
8.Се смени ли власта, сите стануваат религиозни и се молат да не ги избркаат
9.Со новиот закон можат да те прераспоредат од Скопје у Велес без твоја согласност
10.Најважно правило во администрација (кругот секогаш се врти)
2.Платата е минимум 15-18.000 за општински службеници, ~ 20.000 во инспекциите, 20-25.000 здравствени работници со помал степен на образование, 25-30.000 војска/царина, 30.000 полиција, доктори специјалисти примања меѓу полиција и професори, 60.000 најмала на универзитетски професори.
3.Кај полиција, војска и царина превозот од дома до работно место (караула, подалечна станица, граничен премин) е службен (поточно VW Krafter/Chrysler Stratus за полицијата, Ford Mondeo/Ford Transit за војска/гранична полиција и Peugeot Boxer/Skoda Felicia за царина).Ако немаат опција за службен превоз, признат им е превоз на основа цена на автобуска карта (додуша каснат по 4-5 месеци).Исто и смештај на одредена далечина, мислам дека е од 80 км. па нагоре.На дел од универзитетските професори им е покриена дневница за патување во друг град на предавања (на пример, професорите од ФТОН од Охрид, на предавања во Велес одат со возило на факултетот и плус дополнителна дневница од наводно 30 евра/1800 денари за предавањето настрана; а одат барем еднаш неделно).
4.Гледаме сите цајкани се со плочки по стомаците од многу работа (n) Факт е дека поголем дел се легачат, ама па во право си дека едни работат ко коњи (секоја чест, работат со над 100% поради легачите), а друг е награден (овие првата група - легачи).
5.Прекувремено е платено, ноќна работа = повисока дневница, додатоци за одвоен живот ако си настрана од фамилијата.
6.Само во безбедносните служби.Надвор од периодот за годишен одмор, административците по бироа и шалтери сабота и недела се слободни.Исто и кај службите со смени, после 2-3 смени се ден или најчесто два слободни.

Ако е толку лошо, немаше да се лигајчарат и лижат скоро сите за државна работа.Спореди со работа кај било кој 'приватник'.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom