Со оглед на тоа што нема чартер летови за Сатурн или Венера, да се чудиш од каде ми е сознанието за продуктивноста на најголемиот дел, малтене сите од буџетарите, ај ќе ти откријам
за жал морам да доаѓам во ситуации каде имам потреба од нивните услуги, како граѓанин на оваа земја.
Инаку околу поимот факт, го има во твојов пост дури и единствено во 4-те букви на зборчето само по себе...
Кога го прочитав ,,фактот,, број 1, не знам колку време не сум се смеела толку, нејсе, ама потоа се сетив дека мора да е опасно по здравјето да излепиш 267.389.564 плакати низ град, лепакот е опасно токсична материја т.н. тивок убиец, потоа да извикуваш ,,УА,, кога се плука опозицијата е сериозно напрегање на гласните жици, патувањето по митинзи носи мачнини итн. и нервозата како да поминеш работно време, во канцеларија со 15 столчиња, а 2 бироа неповратно уништува нервни клетки, а тие се необновливи, така да, потоа искрено се каев и плачев извесен период над тешката ви судбина, доловена низ останатите ,,фактографски,, точки на твојата сага
...
Не ме интересира твојата партиска припадност, сите имате горе-долу сличен интелектуален капацитет на кадри, кој е излишно и да се коментира, па и сами преќутно си знаете многу добро.
П.С. Убаво реков да не ме разубедува никој со поединечни примери, ама никој не слуша, а мене пак омилени ми се ,,факти,, од типот ,,другарот на другарката на другарка ми работи таму и ова што тој ми го рече важи за сите без исклучок,,.
П.С.2 Според голем број од ,,фактиве,, констатирам дека ти слабо си се снашол.