Уништен сон

Член од
13 септември 2007
Мислења
5.785
Поени од реакции
4.028
сите имаме некој сон уште од мали...некоја желба која се стремиме да ја оствариме....правиме се што е возможно да се оствари,се радуваме и на најмалиот успех....гледате како вашиот сон(да станете глумец/глумица,пеач/пеачка...балерина,фудбалер....да запознаете некого....)полека почнува да се реализира....и наеднаш се се руши...секоја илузија...секоја надеж паѓа во вода...сто ни останува тогаш...
дали сте се нашле во ситуација да ви се сруши целиот свет???како сте продолжиле...што понатака....?
или можеби ова ви се случило на љубовен план?
ајде искуства...

еве јас сакав да студирам,да заминам од тука,ама сега дознав дека нема да можам...не знам што ке биде понатака...првата мисла ми беше леле ке се убијам(не дека имам таква намера ама...)...што сега....
дали сте имале план б??
 

Точкест

I'm Awesome
Член од
25 јануари 2007
Мислења
7.641
Поени од реакции
458
Сакав да се запишам во уметничко 4 години пекав за таму и на крај завршив у гимназија:(
Сега ми уништуваат само сонови, ама оние уз спиење затоа што други немам
 

Мар мар

Take me to paradise
Член од
9 август 2006
Мислења
1.294
Поени од реакции
11
Одсекогаш сакав да свирам виолина, појдов да се запишам и ми рекоа дека сум голема за да почнам (а имав само 8 години :()
Ми се уништи најголемата желба во животот и од шо бев разочарана не пробав да се запишам за друг инструмент. :toe:
 

Ece

*Sunshine*
Член од
7 јули 2006
Мислења
2.567
Поени од реакции
47
Немам никаков посебен сон, мојот сон е да бидам здрава, жива, да си остарам, во иднина да најдам добра работа и да бидам успешна жена...

Одсекогаш сакав да свирам виолина, појдов да се запишам и ми рекоа дека сум голема за да почнам (а имав само 8 години :()
Ми се уништи најголемата желба во животот и од шо бев разочарана не пробав да се запишам за друг инструмент. :toe:
На 8 години голема за да почнеш? Па на колку почнуваат, на 5, кога уште не знаат што е виолина?!? :uvo:

[Едитирано од модератор]: Користи ја опцијата измени.
 
Z

ZeroStyle

Гостин
Мал сум уште па и не ми се уништил некој сон.
Сон ми е да завршам Информатика на факс и да си се вработам во некоја фирма нешто како програмер и сл.
 

Мар мар

Take me to paradise
Член од
9 август 2006
Мислења
1.294
Поени од реакции
11
Ece напиша:
На 8 години голема за да почнеш? Па на колку почнуваат, на 5, кога уште не знаат што е виолина?!? :uvo:
Од 7 се почнувало. :nesum:
 
Член од
26 јануари 2007
Мислења
2.202
Поени од реакции
1.943
Хмм...добра тема...
Имам не еден туку милион уништени сонови...Еве, баш пред некој ден пишав на тема Драга Кајгана дека целиот свет ми се руши...Но, мораме да се помириме, да не гледаме кон минатото туку да се сконцентрираме на сегашноста и на можностите кои ги имаме...

Тешко е кога нешто што долго време сме го посакувале и сме се труделе да го реализираме во некоја блиска иднина, наеднаш „потонува“ во нашите фантазии наместо да „исплива“ во реалноста но...мора да размислуваме позитивно и ако тој сон веќе не може да го оствариме, останува да сонуваме за нешто друго...зошто да не? Не може да дозволиме неуспехот да не порази и уништи...Мора да продолжиме да сонуваме...за нешто можеби поубаво.:pipi:
 

mRnO

И по mRnO,mRnO
Член од
16 април 2006
Мислења
6.263
Поени од реакции
52
Сакав да бидам Тони Монтана:)
 
Член од
5 февруари 2007
Мислења
10.719
Поени од реакции
13.437
Па рецимо беше на љубовен план. Не бев некој со огромни желби но имав една која ја сакав у основно. Нормално Не бев ја единиот, но забележав позитивни вибрации од нејзина страна. Е сега кажав не бев единствениот. Имав едно добро другарче во тоа време (бев искрен со него и нормално многу тајни му кажував се` до последната дека ми се допаѓа таа). Тогаш сфатив колку е часот и типот почна тие тајни да ги користи во своја полза (да измислува приказни, да прави сплетки, да ме понижува) И ми ја уништи таа шанса, тој сон. (Проблемот беше што толку добро ги правеше приказните - сите му веруваа (скоро сите - освен неколку другари кои подобро ме познаваа мене)) Он си ја ќари мене ме изгуби тоталка како пријател и после му се сврте тркалото на среќатa (се` се плаќа - се` се враќа)
 
Член од
12 септември 2007
Мислења
35
Поени од реакции
4
Moјата желба беше да бидам некоја позната пеачка ама ништо од тоа не ме бива ама баш ич.А сега желба ми е да си го завршам факултетов па ке си пеам дур програмирам :pos2:
 
Член од
15 декември 2007
Мислења
865
Поени од реакции
28
Ufff.....Kamo da bese eden...
Mi se unistile mnogu sonovi,prestanav da brojam kolku tocno.:)A,sto pravam vo momentot koga ke svatam deka mi se unistil nekoj son?
Nisto posebno.So tek na vreme svativ deka vo zivotot cesto pati ne izleguva taka kako sto ke si zamislime i deka ne vredi da pagam vo depresija,zasto toa ne nosi nisto dobro i nikoj nema da dojde i da mi gi sredi rabotite,za zal.Pa,obicno vo prvite momenti koga bolkata mi e uste sveza,se obiduvam da gi nasocam mislite na drugi raboti i da se obidam kolku-tolku da ne mislam na taa tema.A,po izvesno vreme,koga ke mi izladi glavata i nema da se potresuvam tolku,se trudam da si najdam drug son,poubav od prviot ili dokolku e mozno i izvodlivo,druga varijanta ili nacin da si go ostvaram sonot.Ponekogas duri se tesam deka mozebi prviot son ne bil tolku sovrsen kako sto sum mislela i podobro sto ne mi se ostvaril.:smir:
 

Fabullous_178

Psychonautics:.
Член од
21 февруари 2007
Мислења
2.987
Поени од реакции
190
-Сакав да бидам пилот на F-16.Премногу го сакав тоа како мал,и требаше да дојдам до 5то одделение,за да прифатам дека сум само Македонец,и никогаш нема да добијам шанса.
 

KohlBass

Dechak iz vode
Член од
1 јуни 2006
Мислења
1.485
Поени од реакции
36
И ја ко мал сакав да бидам сите можни видови на спортист, па сфатив дека не ме бива за спортови, ама не е тоа некој којзнае колку голем сон што ми се уништил. Имам повеќе помали, но не би ги нарекол соништа, туку планови кои поради одредени причини не се оствариле.
 

TheBestTipster

Избраниот
Член од
8 март 2008
Мислења
2.387
Поени од реакции
97
леле , лек за вакви работи имате ...

Инаку сакав и сеште сакам да бидат астронаут или барем некој научник од СЕТИ , хехе , од мал сум сакал прв да најдам друга цивилизација у Вселената или барем да можам да ја видам Земјата од Вселената ( како Брус Вилис у последната сцена на астероидот од филмот Армагедон ) ...

јбг , баш сакав да се занимавам со астрономија , али ќе морам да се задоволам со медицина ...
 

Kajgana Shop

На врв Bottom