Сакам да бидам пејачка/филмска ѕвезда/манекенка - фазонот траеше нетипично кратко кај мене, речиси беше и сосема изоставен елемент, заедно сосе барбиките и кеновите.
Додека другарките ги доживуваа своите почетоци во уметноста на шминкањето и фриз... Како и да е глаголот
, јас се занимавав со улични мачки и кучиња, тепачки, серва, пентарење по дрва и огради и бизнис со самолепливи сликици за албуми. Нешто покасно го открив компјутерот, ама дури и кога глупата плавуша се појави на видео игра, се`уште ми беше на дното на списокот и ја заменија пукачки и трки, и наравно Лара Крофт, пошто Барби сакс.
Зборот ми е, за некој што не го интересирале стандардните розови стварчичи, него поприлично машки работи... Од соништа ни с тогаш.
Многу покасно се појавија кај мене соништа во права смисла на зборот. И не мислам дека било што од тоа ми е уништено. Сите љубови на мојот живот, и уметноста, и спортот, и сите под-нешта што се вбројуваат во нив, се` за што имам талент, сум успеала да искористам. Можеби на моменти и се замислував со едно од нив како моја идна професија, ама реално, не е тоа - тоа. Да, не бев (сум) школски тип, иако успехот од секогаш ми бил максимален и ми одел од рака, не припаѓам таму. Државата ме тера.
Реално, сакав нешто што нема да ме ограничува, каде што ќе можам да создавам примарно со помош на имагинација, ама ипак, креативноста ми беше пренасочена во сосема друга насока. Не бев бе да ме седнеш клупа (или канцеларија пред пц пример) и да останам така.
Како и да е, и покрај совршените физички предиспозиции за балетот рецимо, не продолжив натаму.
Инаку, соништата моментално си ги остварувам, и среќна сум што воопшто ги имам. А соништа од типот на "сакам да ме има на реклама", едино тоа имав.
И кога конечно горнион реши да ми пружи шанса, да се израдувам, мене ми беше пројдена таа епизода.