Уметнички портрети

|Volkswagen|

Тастатурата е посилна од мечот!
Член од
21 јули 2009
Мислења
2.725
Поени од реакции
892
Здраво живо дечки :)

Би сакал да споделам нешто со вас, нешто на кое работам неколку месеци.

Имено се почна така наивно, нешто што си го негував како хоби, како дарба и мислев дека нема да живеам од тоа. Но, ете времињата се променаа, дојде момент кога започнав и да живеам од она од кое што бегав мислејќи дека во тоа нема иднина.

Станав уметник, живејќи од моите дела, пред се цртежи (бидејќи освен цитирање и добронамерни постирања на моите текстови на македонските портали, некој ангажман не добив).

Започна хаотично, еден портрет, па друг, па трет...познати луѓе...споделувања на Facebook...портали...едно две интервјуа, телевизии...па дури и дојде момент за планирање на изложба.

Еве дел од моите портрети и дела, па се надевам дека ќе ви се допаднат.
И нормално доколку сакате нешто да ви нацртам, било што (се разбира дека форумскиот попуст е неизбежен :D бујрум контактирајте ме: mihajlo.stojanovski@yahoo.com)







За оваа слика бев лично контактиран од Emilia Clarke во знак на благодарност и се разви одлично пријателство :) (Game of Thrones)



Ова е и еден член од форумов само не знам веќе колку е активен овде
 

NelTu

Coffee addict
Член од
1 август 2011
Мислења
2.370
Поени од реакции
7.013
Супер слики,
ќе те барам за цртање, само пиши цена :D
 

-G-

Успешен
Член од
15 јуни 2009
Мислења
636
Поени од реакции
255
Браво мајсторе ! ептен талент имаш. Ако може да ми кажеш шо цена бараш од еден цртеж? не мора овде може и по ПП
 
Член од
6 декември 2011
Мислења
2.027
Поени од реакции
3.357
Воодушевувачки, пред тебе претстои голема кариера.(y)
Ти биди амбициозен а ние ќе те подджиме со по некоја слика:)
 
Член од
4 јули 2009
Мислења
4.795
Поени од реакции
3.492
дечко фантастичен си(y)
 

|Volkswagen|

Тастатурата е посилна од мечот!
Член од
21 јули 2009
Мислења
2.725
Поени од реакции
892


Thank u thank u!
 
Член од
6 јули 2011
Мислења
3.828
Поени од реакции
7.710
Многу убави цртежи. Ти посакувам успех и да си заработиш пари :)
 

Solid

Зона на самракот
Член од
26 август 2007
Мислења
7.172
Поени од реакции
4.132
Одсекогаш сум ценел луѓе што знаат да цртаат.Друже ти одиш многу подалеку од обично цртање.Прекрасни слики и ти посакувам многу успех.
 
Член од
26 октомври 2012
Мислења
2.535
Поени од реакции
3.362
Џабе Битола си ја сум ск неможе да средиме некој бизнис .
 
Член од
4 јули 2009
Мислења
4.795
Поени од реакции
3.492
Ако немаш,направи профил на devianART ќе ми биде задоволство да те следам
 

Брзии

Бело сунце, Бело небо, иди даље бог те јебо!
Член од
15 јануари 2012
Мислења
1.026
Поени од реакции
481
Стварно прекрасна ти е сликата со моторот. Ти се чудам колку добро ти се оформени деталите. Браво, секоја чест (y)
 

|Volkswagen|

Тастатурата е посилна од мечот!
Член од
21 јули 2009
Мислења
2.725
Поени од реакции
892
Џабе Битола си ја сум ск неможе да средиме некој бизнис .
Пола недела сум СК пола недела БТ (не буквално де) :)) Па сеа пиши ПП кажи што идеја имаш

Ако немаш,направи профил на devianART ќе ми биде задоволство да те следам
http://carpathianlord.deviantart.com Имам уште од 2005 :)
Благодарам до останатите!
It meens a lot!...Truly!
 

Kajgana Shop

На врв Bottom