Уметничка кајгана... цитирај па напиши

Член од
16 февруари 2007
Мислења
2.777
Поени од реакции
8.214
Напишано од Викторгг: Ех, се наметна темава. Мислам дека е јасно... цитирај одреден член од оваа тема или некоја друга, и продолжи ја идејата, врати на провокацијата, умилкувај се на прекрасното... ваш избор.

Сакам црвен фустан.Го сакам лелеав и евтин,го сакам претесен,сакам да го носам се додека некој не го откине од мене.Го сакам без ракави и со гол грб за да никој не погодува што носам под него.Сакам да чекорам по улиците каде што камионџиите ќе се лигават како свињи по мене.
Сакам да чекорам како да сум единствената жена на Земјата која има право да избира.Толку проклето го сакам тој црвен фустан.Сакам да ти ги потврдам твоите најлоши стравови за мене,да ти покажам колку малку ми значиш,ти,или било што освен тоа што го сакам.Кога ќе го пронајдам ќе го извлечам од закачалката како да избирам тело кое што ќе ме донесе на овој свет,кое ќе ми помогне да поминам преку плачот на животот и плачот на љубовта и ќе го носам како коски,како кожа,тоа ќе биде проклетиот фустан во којшто тие ќе ме закопаат.
Го сакам мојот кур.Го сакам затоа што е еластичен и полиморфен.Го сакам кога е мек и пацифистички настроен.Го сакам кога е цврст и решен да се бори и да падне за револуцијата.Го сакам во широка фармерка,за да никој не погоди дали е на приземје,или на кров.Сакам да го шетам по улица,да го покривам пред спиење и да го галам по челото додека двајцата полека не заминеме во свилените бајковни земји на сонот.
Го сакам кога тој ја превзема иницијативата.Го сакам кога е моќен и решителен,горд-како да е единствениот кур на земјава.Толку проклето го сакам мојот Бјуфорд.Мојот Фредрик,Рагнар,Бехемот,Тор...
Секогаш можам да го пронајдам во фармерките и да го извлечам надвор,па да се радуваме и плачеме заедно,во име на животот и љубовта.
Тој смрди многу ретко.Заедно живееме педантен живот и се чуваме меѓусебно,како астрални браќа во космос полн смрдливи курови и пропаднати оралки.
Иако мојот кур нема коски...тој е мојот 'рбет,мојата гордост и проклетство.Сакал-нејќел(а сакал),со него и ќе ме закопаат.
 
Goddess of Chaos

Nixe Nox
Член од
16 август 2005
Мислења
6.250
Поени од реакции
228

Го сакам мојот клиторис. Го сакам затоа што е прецизен во својата појава и совршено контактибилен. Го сакам кога јасно го вее своето знаме и ми укажува дека во следната битка ќе биде упорен и храбар. Всушност го обожавам кога не си ги крие заруменетите обравчиња под црвени фустани, туку разуздано го кине својот пат кон парче слобода за својот изгмечен вид.
Сакам и да го тешам кога е запустен и раздразлив затоа што одамна немал љубезни гости од некоја послушна мека раса.
Сакам да го буцкам за случајно да ги испушти сите свои тајни.
Го сакам егоцентричен и гласен, возбуден од својот одраз во огледалото. Тогаш го замолчувам со прст, налик допир на цврст нож врз путер во рерна, а тој ја шири проклетата водена насмевка и потоа заедно нуркаме во потрага по љубовта на животот и можната радост во плачот.
Но сепак најмногу го сакам бидејќи знам дека никогаш нема да ме напушти. Сигурна сум, иако често се караме кога си ги задева јужните соседи пуштајќи трачеви за грандиозни, цврсти и дрски освојувачи кои напнато шетаат наоколу и смислуваат стратегии за опсада.
Едноставно знам дека и покрај безбројните афери кои ги имаше со моите тесни фармерки, јас сум таа чиј срдечен стисок навистина го посакува.
И затоа ќе му помогнам да помине преку плачот на животот, и ќе го придружувам и придржувам се до гроба.
Со последните сили ќе избереме најудобни гаќички, а потоа ќе мораат заедно ќе не закопаат.
 
R

Razorblade Kiss

Гостин

Ги сакам моите цицки.Ги сакам затоа што наликуваат на Грета Гарбо близначки.Толку големи и бујни што се плашам дека нема да издржат долго и по некое време наместо цицки луѓето ќе мислат дека имам мадиња.
Дискретни но предизвикале многу воздишки.Добиваат повеќе понуди за секс отколку самата моја личност. Заземале став во општеството,тоа е тоа.
Како пресни бели пупчиња спремни за месење и размесување,тегнење и тресење со зрно суво грозје на врвот.Како последните капетани на бродот кои доживотно се осудени да бидат на работ на егзистенција кога громови и бури се појавуваат додека доле-`мишеви коло воде`.
Ги сакам оти не се влакнести и без разлика која ера е во Boogie Wonderland,сепак,изгледаат урбано.Урбан општонароден дуалистички месест планетариум.
Ги сакам затоа што веројатно некој ден една од нив ќе заврши како медицински отпад.
 
Lanna

Taller, Stronger, Better
Член од
30 септември 2008
Мислења
550
Поени од реакции
165

Го сакам секој дел од себе. Ја сакам мојата коса, лелеава и растурена како сено, ја сакам и кога се расплетува под прстите на моите љубовници додека нежно ги прима во себе нивните тајни сами по себе надојдени под дејство на нивната ранливост од моето умешно мазење на сите нивни сетила. Ја сакам совршено хармоничната композиција што ја создаваат моето паметно чело и моите срнечки очи. Ги сакам кога се мрштат под напливот на секоја форма на човечката глупост, ги сакам зашто наспроти сета дволичност на светов се единствените кои не можат да излажат и кои се надеваат дека нема да бидат излажани.

Ја сакам мојата уста, природно црвена и вообичаено полна, страсна и возбудена додека го лачи љубовниот нектар кој не често го впива погрешната челуст. Ги сакам нејзините потези, благи а достоинствено храбри во поривот да го пружи најголемото задоволство на свет. Го сакам мојот нос, можеби најмалку од се што сакам на себе, ама го сакам, испрчен и малку грбав, горд пример за мојата воинственост, и сеуште непокорлив пред искушението наречено пластична хирургија.

Го сакам мојот врат, долг и грациозен, извор на страсти секогаш примамлив за погледи кои ретко се задржуваат долго на него не одлевајќи да се симнат подолу кон подобриот дел. Ама го сакам толку искрено зошто секогаш ја изнудува најголемата нежност, најстрасните бакнежи, најбујната фантазија.

Ги сакам моите гради, цврсти и гордо подигнати кон небото со својата величенственост. Несопирливи во намерата да предизвикаат внимание, неумориви во способноста да ме завлечкаат во нови и нови невољи. Ги сакам зашто, иако за нив никогаш нема да биде напишана книга, го имаат најискреното пријателство на светот, зашто едната не може да си го смисли своето битие без другата. Безрезервна љубов, каква што нема ни во приказните.

Го сакам мојот стомак. Некогаш столб на мојата женственост, врв на моето себеисполнување, горд симбол на времето во кое секоја трошка од себе вреди да се потроши на градење на суетата и се што неа ја потхранува. Само малку распуштен под ударот на годините и недостигот на време за себепосветување, а сепак оној кој обично прв се извинува после секој распад на нашето единство и се враќа назад спремен да се задоволува со остатоците.

Го сакам мојот задник, голем и цврст, незначително опуштен под дејство на каучот, го сакам неговиот сојуз со моите нозе, долги и прави верни поданици на неговата желба да привлече што повеќе внимание со простачко ритмичко нишање на колковите околу имагинарната оска на заводливоста.

Ги сакам моите големи стапала, толку несмасни, толку предадени во својот нагон за самоповредување, толку борбени во мечтите да ме приковаат за креветот. Ги сакам зошто никогаш не мислев дека сами ќе ме однесат кон моите вистински пријатели.

Го сакам секој дел од себе, толку подано, толку себично. Секој толку совршен во својата несовршеност. Ги сакам толку многу што сега и тука ќе ја напишам нивната судбина – во моментот кога моето срце ќе стивне и ќе отфрли секое нивно постоење, нека е вечен нивниот живот во туѓо човечко тело. Проклета да е секоја љубов која мора да ја гризе црната земја.
 
U

UnholY

Гостин
Враната е злопамтило.
Не можеме да бидеме сигурн, ама таа најверојатно е единствената која ги дешифрира нашите метафори и после ни враќа.
Затоа ја вметнуваме само како триумфален негативец, кој успешно ја доби битката против индиската авио компанија на мртвите пеперутки која што никој сеуште не ја откри, освен братот на старо англиски, односно ликот од ''Legacy Of Kain.''
Влегува во еден круцијален период, на стабилизација на дисбалансот и нерегулативи кои преовладуваа кај Рамиза која што шеткаше и трчкаше наоколу во нејзините добро познати и закрпени црни хулахопки.
Поентата и беше да иницира масовно куродрвење кај патетичната позерска младина во местото кај шо настанаа прилично енормен број на заплети и расплет и каде шо враната злопамтило медитира од гранката на осамената врба.
Гардата на Нео Лежјон ентражерите во бискупската ќелија каде шо ѓаконот настапува и му го пуши на владиката реши да се поистоветува со враната злопамтило па преку Византиските слободумници да го открие светот.
Тоа беше спречено од гордото копје на прашинката на нечистата маса во собата на мрсното чоколадо, а цедињата вечерта не паднаа и си останаа на бирото.
Враната злопамтило активно надгледуваше и целовкупната ситуација со сите пропратни елементи успеа да ја интерпретира на начин кој нам ни одговара, како компензација за тоа шо ја вметнуваме како триумфален негативец кој постојано ужива во глорификацијата од наша страна.
Можеби и силуетата на зградата таа ноќ и не беше на страшната баба со искубана бела коса и бела спаваќа.
Туку токму на враната злопамтило...
 
Кабалистичките позадини на фриз-фрејм моментот полн мисинтерпретации кон бранувањата на пенетративните парчиња месо и орнаменталните висечки корузи на кои им се оддава преголема потенција,обратно насочувајќи ја веродостојноста на висењето како поим...беа конклузивни елементи кои враната ги осозна,се проширија преку авиокомпанијата создадена од мртвиот некропсихолог со ординација на Андромеда...се до Австралија.

Додека чавките си играа,а враната ги мразеше,Кутузов го плукна Наполеон во уста додека овој играше белгиско затворање со Велингтон.
Рамиза танцуваше на полјанката,се валкаше по тревата и ги воспеваше своите нокти,поткршувајки еден заради поетски импулс.Шарадираа стомачни мускули во утробата на Австралиска сакала-нејќела Дева,додека се бореа со салото кое упорно им создаваше комплекс на несурфисирачка вредност.Месните орнаменти ги покриваа колената,за да не ги фати промаа,која маваше од Индонезија,земјата од каде Австралија увезува тигрови ануси.

Враната се запрепасти од сублиминалноста на една менструална испрскотина прелеана во фарба за коса.
Остана на кровот,вечно во потрага по ново место на челото на квазипоетичноста и дебилниот хумор,на кое ќе може гордо да плукне и да се посере.Да почека да излезат нови црви од главчињата на чудните момички и момчиња,за да може и да се прехрани.
 
Член од
30 јануари 2005
Мислења
7.397
Поени од реакции
1.308
Враната е злопамтило.
Не можеме да бидеме сигурн, ама таа најверојатно е единствената која ги дешифрира нашите метафори и после ни враќа.
Затоа ја вметнуваме само како триумфален негативец, кој успешно ја доби битката против индиската авио компанија на мртвите пеперутки која што никој сеуште не ја откри, освен братот на старо англиски, односно ликот од ''Legacy Of Kain.''
Влегува во еден круцијален период, на стабилизација на дисбалансот и нерегулативи кои преовладуваа кај Рамиза која што шеткаше и трчкаше наоколу во нејзините добро познати и закрпени црни хулахопки.
Поентата и беше да иницира масовно куродрвење кај патетичната позерска младина во местото кај шо настанаа прилично енормен број на заплети и расплет и каде шо враната злопамтило медитира од гранката на осамената врба.
Гардата на Нео Лежјон ентражерите во бискупската ќелија каде шо ѓаконот настапува и му го пуши на владиката реши да се поистоветува со враната злопамтило па преку Византиските слободумници да го открие светот.
Тоа беше спречено од гордото копје на прашинката на нечистата маса во собата на мрсното чоколадо, а цедињата вечерта не паднаа и си останаа на бирото.
Враната злопамтило активно надгледуваше и целовкупната ситуација со сите пропратни елементи успеа да ја интерпретира на начин кој нам ни одговара, како компензација за тоа шо ја вметнуваме како триумфален негативец кој постојано ужива во глорификацијата од наша страна.
Можеби и силуетата на зградата таа ноќ и не беше на страшната баба со искубана бела коса и бела спаваќа.
Туку токму на враната злопамтило...
“Враната е злопамтило“... профуче Хитлер од говорницата. “Не им верувајте на злобните евреи, тие не се ни луѓе, верувајте ми мене, јас сум оној кој знае, поклонете ми се, ќе ви го донесам светот да ви јаде од рака додека вие голи седите на полјанка и серете со Хендл во позадина.“

Народот со восклик ја прифати неговата понуда. Тој голем ариевски народ, свесен за вистината во светот, веќе се замислуваше себе си како надмоќно кења во импровизиран кенеф на врвот на едно брдо од каде само зелена полјанка се гледа и ништо друго. Популистичката доктрина ориентирана кон френетичната сублимација од хомосапиенси и ги ексхумираше некрополните желби на партијата. Да, тоа е навистина така, владеачката гарнитура од говорницата фамозно ги најде вистинските зборови кои ги однесоа забревтаните потенцијални војници во соседното маало да ги заколат сите евреи. Точно, ниту збор не разбраа, но знаеја дека се во право. За сето тоа време, фиерерот со двогледот, насочен кон орелот, го испрати погледот, го закачи ореолот. Ја собра својата награда, и како што вети, веќе на следниот говор пред насобраната толпа, повторно се изнакења за да им покаже колку и нив ќе им биде убаво.

Иииии тогаш враната како вистинско злопамтило од приказните на малиот размрсулавен Адолф, се врати во својата татковина, некаде околу Детенхајм, забележа дека ја гледаат чудно. Иако немаше поим дека нејзината политичка ориентација ќе биде предмет на интерес на останатите политиканти или слични забушанти, сепак се најде затекната и преплашена. Но сите зборови, мафтања со рачињата на малите првооделенци, како и возрасните стари дртала кои пиеја пиво па повраќаа и потоа пиеја врз повратеното додека конобарот им носеше нова исповратена кригла, сфати дека не мора да ја плашат, бидејќи голеиот ашов кој го поседуваше од времето на дедо и`, сеуште беше мошне практичен. Таа застана на раскрсницата и мамурно промумла... “кој е спремен да дојде да си игра, нека повели... крв, скршени коски, повраќаници и гомна залиени со урина... кхм, мочка жолта и испарлива ќе добие по својата глава. Ќе ви ја отворам главата со оваа мотика, а потоа внатре ќе ви напикам се` што веќе ви кажав. И не, нема ни око да ми трепне, бидејќи вие тргнавте кон мене, а јас цело време го имам ашовот“.

И токму во моментот кога од говорницата некој забележа дека враната - злопамтило навистина го памти секое зло нанесено кон неа, се сепна за миг. Гласно просра дека тоа не ги задева, но во тој момент имаше пролив од модрите сливи кои беа во ек, па наместо громогласен бас и длабок одговор, следеше тивко серење на омилената ливада, токму како што вети. По него, и верната маса која му веруваше помисли дека така треба, па сите заедно продолжија да си серат, џагорејќи и часкајќи едни спроти други. Кој не е веќе таму, го молам да оди, серењето е во ек, бидете и вие патриоти, повелете, просерете се...
 
Враната - злопамтило не беше пасивна, како шо сметаше мнозинството.
Напротив, секогаш е активна, а следствено на тоа, таа како протагонист, му додели една од најтешките мисии на агентот Бласковиц.
Гнасниот симбол на белата армија на чело со кататоничниот диктатор, кој имплементираше суров тоталитаризам, се постави како мета на Бласковиц.
А, Бласковиц како аутсајдер со себе го понесе и Хајнрих I, кој со векови го чекаше моментот за круцијална одмазда и разграничување на самодекларираните, препотентни врвови на имагинарната хиерархиска скала која ја креираа, иницирани од идеолошкиот концепт на Имануел Кант, имено дека таквиот веќе поставен критериум треба да се бара во карактерот на човековото познание, кое е такво што разбирањето значи и нужно правење на остра разлика помеѓу реалноста и можноста на нештата.
Шо значи дека Бласковиц ја имаше земено во предвид подготвеноста на белата армија и гнасниот симбол распространет на километарското жолто знаме со пивските повраќаници и парчињата на искршено стакло од криглите кои љубезниот конобар ги достави.

Хајнрих и Бласковиц воопшто не беа клаустрофибични па посетата на три километарскиот тунел кој водеше до просторијата на тајните заговори каде шо Хајнрих II Вон Бабенберг, Магнус II и Ана од Византија како црна овца на федерацијата на Темната Ноќ постигнаа тактички и прилично успешен консензус за офанзивата која денес ќе биде спроведена од Хајнрих(I) и Бласковиц во коалиција со Грациела, која успешно го латентираше хипокритсвото(ако може да се нарече така), кое гордо го сметавме и ценевме како структурален елемент од самите себеси.

Кататоничниот диктатор на чело со белата армија тргна во марш, меѓутоа читајќи ги тајните записи, Бласковиц и Хајнрих успеаа да го разоткријат стратешкиот план на опонентот.
Впрочем, до израз доаѓа еден кукавички потег, а тоа е коалицијата на фронтот, креирана помеѓу кататоничниот диктатор, Рамиза и Коалата, која следствено дојде како епилог на неодамнешната кооперација помеѓу нив.

Меѓутоа, до израз дојде Грациела заедно со нејзините идеолошки пориви и цврсто предводење на заедничкиот марш на тројството наспроти гнасната армија на белите и едната црна овца, притоа создавајќи и изгореници од прв степен, а паралелно со тоа и мезоцефалитис на Коалата, а кулминацијата блесна со ударот на Бласковиц кој од неа направи фреска на и онака мувлосаниот ѕид кој ги диференцираше сунетите и шиитите во нивните обиди да го испуштат препаратот за коса, наменет за нивните лидери.
Тројството започна со некрофагија, јадејќи ги лешевите на гнасната армија на белите и едната црна овца која во овој случај се извлече, со оправдување дека наводно била пасивна и конформистички одлучувала за спроведените постапките. Сепак не беше поштедено, а Хајнрих ја одведе во темната зандана каде шо ја расчеречи како епилог на тортурата која и ја вршеше како наплата за сторените штети на Тројството.

С

Сатори

Грациела седеше на прозорецот и си ја чешлаше косата додека просторијата се исполнуваше со ноти на мошус, малку бела фрезија, сандаловина и прекрасно, продорниот глас на Хајнрих.
По некоја среќна околност, судбината на младите вештици сеуште не беше одредена, а Бласковиц беше останал да пишува ново сценарио во својот замок, расположен само за повремено разменување на искуства.По предлогот на ново создадената култна божица Артемида, сите некако размислуваа за измислување своја сопствена приказна за одењто во војна со горе спомнатите ликови.

Беше изморена, егоцентрична доволно за да го љуби чешалот со кој што ги разделуваше прамените коса и убиствено луда за да ги сака сите мртви, исечкани на малечки парчиња за да не постојат и не фигурираат како зимница во наредните десет студени зими.
Благо се придвижи до креветот за да може да се сконцентрира на меѓуножјето на својот љубен, притоа размислувајќи колку долго ќе треба да се борат Хорус и Озирис во името на нанесената штета, колку луѓе ќе се изгубат и ќе паднат мртви во борбата.
Чудесно болно, тие мисли секогаш завршувале со менување на постелнината во јавност додека некоја од горе наведените сеуште ги мие нозете во леѓан со исплаканите солзи.

Бласковиц се одлучи да се врати на бојното поле држејќи го цврсто копјето во кое сите ние веруваме, повремено, барем за Хајнрих се знаеше дека никогаш нема да се откаже од магливоста на Хадит, постојаноста во една нишка на брилијантно покорување на другите машки ликови.Сите беа совршено фокусирани во уништувањето на сопствените демони пресликани во туѓи гради.
Манифестација на шаховски фигури што не парираат на полето без енормните грозни топови што се крстени за поголема милост и функционалност.
Оние на Грациела беа скоро искористени и преименувани за да им се поднови гардеробата, Хајнрих своеволно ги присвои без да им забрани јавно изложување.

Диктаторот беше таа вечер расположен за цреши, па некој требаше да му ги донесе, а никој не беше расположен за христијанско молење цреши од шумата од другата страна на замокот каде живееа гностиците, па одлучија да склопат тројанско примирје во име на последниот Еон.Зарем не беа сите овие чудно расположени ликови свесни за трагичноста на седумте гревови?

Грациела се сврти со добро познат поглед кон Хајнрих:
-Драги, која девица е следна на листа за мојата бања? Патем, се надевам ќе има повеќе крв, расположена сум за друштво при процесот на духовно задоволување.
 
-Следна е веројатно една кутра душа однекаде позната но сепак турист во нашиве сиви краеви,дундата и е мека како црн кашмир и сочна како мушмулите кои ги јадеме заедно со телесниот шлаг одозгора.Ништо посебно според мене,но сепак,шепотам меѓу нашите одвратни здивови кои заудараат на човечки остатоци и трули стаорци алкохолизирани од вековниот ликер,вистински предизвик за канибалисти со вкус и стил како нас.
-Ммммм....мм! Донеси ја,донеси ја побрзо,сакам да го вкусам тој деликатес,зар ќе ја оставиш твојата омилена курва да чека и да тропа во место од неизвесност,каде ја најде?
-Хммм...па...беше до мене...цело време.Всушност ми беше до десното рамо.Се поткренуваше на слабникавите ноџиња и возбудено пробуваше да ја чепка мојата добро начешлана императорска коса,и ми годеше тоа некој период морам да признаам,но додека занесено се спремав да ја вшмукнам мушмулата ме прекина со нејзината трапавост и детинетост и се накапав,па ја доведов кај тебе,ослободи се од неа,јас не можам тоа да го гледам.
-Мили,па тогаш мора да ја знам таа кучкетина! Донеси ја ваму,омразата кон таа непозната личност,страста и воедно исчекувањето кое ми го приредуваш во овие ситни моменти предизвикаа енормна лава од нетрпеливост и желба за секакво прочистување,погледни,рацеве ми се тресат.
-...Затоа што си шизофреник.
-Не.Се напив апче за тоа се сеќаваш?
-О,да да... Веднаш божице моја. Не заборавај на монополот кој го имаме договорено за час и половина со соседката спроти нас.Рече дека ќе испекла и колачиња,од нас е аперитивот.
-Јас сум секогаш точна и принципелна. Готова сум за час и половина.Само за тебе драги.Секогаш само за тебе.Патем,донеси узо за мене,знаеш колку го сакам врз печено месо.

Хајнрих зловолно се насмевна и силно ја затвори вратата зад себе. Знаеше дека на Грациела и се допаѓаа такви драми и неизвесности зад кулисите.Некогаш многу многу порано таа правеше чудни потези зад црвената завеса со добро градените и јужно надарените дворски шутови кои го забавуваа нејзиниот сегашен сопруг,додека публиката вџашено се обидуваше да разоткрие во која гола позиција е сега таа.Омилената дама и посакуваната танчерка по многуте кревети во спалните соби.Добиваше громогласен аплауз за секогаш истото сценарио,затоа што публиката со нетрение чекаше да дојде крајниот чин-чинот во кој таа ги покажува своите цврсти цициња,а за мрвица внимание,поттик и психичко просо ги ставаше во преден план и другите делови од себе,во надеж дека нема да ја видат само како кокошка која ги подарила пердувите на своите љубовици за да се сеќаваат на неа
Затоа денес салата е празна-затоа што публиката се разочара од нејзиниот краен избор на шут,кој нималку не наликуваше на претходните.Во ред,можеби има добар ген околу косата.И можеби не смееше никој да му пркоси за неа.

Затоа после потонатата слава,таа реши да се испроба со сопствена бурлеска за двајца,во која едниот протагонист секогаш настрадуваше,а победникот се знаеше после петнаесетата минута.Погодувате кој е победникот.А оној другиот...ИменувајБилоКој и нема да погрешите.
Грациела со своето деликатно тело и километарски платна од приказни прикачени за нејзината коса се приближи кон клучалката. Ја чекаше својата клиентела да и се приклучи во џакузито полно со есенцијални сокови и ливчиња од маргаритки за да додадат на апсурдност.Конечно се слушнаа чекори,помалку тешки и тромави,со влечење.
-Зар е дебела !?-помисли Грациела. Зар е можно милиот мој да не знае дека мразам дебели дунди,мразам!!!Мразам затоа што при чинот моето малечко и негувано лице се губи во неа,како детенце во тревен лавиринт.

За кваката се пофатија две раце со долги црвени нокти,модри и со набрекнати вени.Левото стапало и беше дислоцирано,па неволно го влечеше со своите надколенични екстремитети,како куц гуштер со штотуку пресечен опаш.Од вратот пулсираа искорнатите капилари бојосувајќи ги белите плочки со црвени неумешни потези,како лош вовед на хорор филм од педесетите.Се ослободи од наметката-и го покажа своето лице.
-...ТИ?!?!?!?!
-Да...јас.Изненадена?
-Мене ништо не може да ме изненади.
-Да да...знам...дури ни мојот унаказен лик.

Појавата го спушти капакот од вц шолјата,седна на неа,го скрсти своето дислоцирано стапало и невешто,но со истиот шарм и сатира кој го имаше и покрај сите работи кои и ги конфискуваа,го отвори пакетчето со печени бадеми и се обидуваше да ги фокусира слепите зеници кон дишењето од другиот агол на сцената.

-Сигурно помисли дека останав под рушевините кои твојот сакан ги резервирал одамна за мене,само го чекаше вистинскиот миг. Хах,а јас помислив дека гради куќа. Глупаво нели? Не се гади,можеби ми фалат неколку заба и лицето ми наликува на излупени собни тапети,но коските сеуште ме служат. Со помош на неколку невешто извршени операции и мртви трупови кои ги положи твојот сакан како цвеќе врз мојот таканаречен гроб. И во бесмислените моменти знае да ми ги даде вистинските инструменти.А тебе да те изненади со пантомимата на смртта.Иако те убеди со сите трупови дека војната е завршена.

-Сигурно не мислиш да те конзумирам ваква истрошена и ништожна.Не дека беше нешто подобро и додека беше целосна. Види,рувото уште ти стои,хех.

-Но драга,се сеќаваш,тоа е твојата задача,твојот начин да се збогатиш со уште едно искуство и да исцицаш туѓи желби и животни искри и потоа да ги прикажуваш како свои,како сунѓерчето за бањање што ти виси онаму...кога ти си толку неиновативна сама да ги најдеш. Сакала ти или не...тоа ќе се случи.Токму сега. Токму овде. Него,доволно време изгубивме...

Појавата започна со нејзиното грепчење по ѕидовите,се обидуваше да стаса до грлото кое гласно подголтнуваше.Ги стави своите раце на нејзиното бело лице а таа почна да вреска.Беше брзо замолчена. Рацете и здивот беа водичите низ нејзиното трошно тело кое како полжав се обидуваше да се засолни во напукнатата куќичка. Ја вбризгуваше,ја вдишуваше и ја вкусуваше со сите сетила што и преостанаа. Ја излижа и последната капка пот од неа и ја остави во аголот тапо да гледа во скршениот плафон,како Лолита по пијана вечер и скршени илузии,и да се прашува дали ќе има сили да се довлечка до телефонот.

-Запамети...се додека постоите вие,ќе постојам и јас. Ќе постојам како болва која ќе се вклешти во вашите срамни делови и бесрамно ќе паразитира очекувајќи го следниот погоден момент за напад,како честичка која ќе ја вдишите во секој ваш возбуден крик,како трулата крв на која и се сладите секоја таканаречена романтична вечер која би требало да наликува на секогаш прва брачна ноќ .Да,јагленосаното руво ќе постои се додека вие го оживувате во вашите мисли макар и на момент,кога помислувате на неа додека ги четкате вашите заби. Само...со целата почит која еве капе,изморена сум,загубете ме барем на момент некаде, Јехова не може да биде и на Бермудите и во Арената да се бори со киклопите во исто време. Еден беше ученик на Хајнрих но му го заборавив името. Лесно е да се прости но никако да се заборави. Па направете го вие првиот чекор кон хармонизирање на дисхармонијата кога јас не можам очигледно (погледнува кон ногата хахаха).

...На кого му зборувам,на леш?

...

Кхм...Побаравте цреши висост?

(Ајде да го играме валцот без крај додека не почнеме да мудруваме со вилиците во вода и со бастуните да ги растеруваме мувите од нашите мишки,или народно кажано,да пишуваме приказна без крај,ова де,да се лие пролив и кога не му се сака. Запаметете,ова не е бајка што ја пишуваме за да изведеме некогаш на сцена,ниту сте хероини од некој дел на историски филм со Цезарклеопатра flavour и шмек од новата тин сензација Twilight.. Чук чук реалност.Морамe да одиме на училиште,а утрово пак мајка ви ви замери што сте се успале.)
 
С

Сатори

Гостин
-Запамети...се додека постоите вие,ќе постојам и јас. Ќе постојам како болва која ќе се вклешти во вашите срамни делови и бесрамно ќе паразитира очекувајќи го следниот погоден момент за напад,како честичка која ќе ја вдишите во секој ваш возбуден крик,како трулата крв на која и се сладите секоја таканаречена романтична вечер која би требало да наликува на секогаш прва брачна ноќ .Да,јагленосаното руво ќе постои се додека вие го оживувате во вашите мисли макар и на момент,кога помислувате на неа додека ги четкате вашите заби. Само...со целата почит која еве капе,изморена сум,загубете ме барем на момент некаде, Јехова не може да биде и на Бермудите и во Арената да се бори со киклопите во исто време. Еден беше ученик на Хајнрих но му го заборавив името. Лесно е да се прости но никако да се заборави. Па направете го вие првиот чекор кон хармонизирање на дисхармонијата кога јас не можам очигледно (погледнува кон ногата хахаха).
Во моментите кога грозното суштество, изобличено од ударите на сопругот, го држеше својот драматичен монолог кој што наскоро ќе треба на италијански да го напише, Грациела стана, се истресе и луто си ја исправи косата зошто неколку влакна не беа на место.

- Океј, океј, запрете го снимањето.Оваа пред мене е предебела за да ја глуми улогата, освен тоа секогаш бега од мене кога не глумиме во жолтава просторија.Да, да, бега, не знам зошто искрено, крајно нели сме колешки?Но штом ја наведнува главата доволно за да и ја допре земјата кога поминувам покрај неа, плаче по Пабови на моите лесни зборови и му се умилкува на новиот сопруг, патем, замислете си и понудив и да и подарам некој од поранешните штом е грда да не може сама да си најде, пак само живее во улогата на жолтилото.
Сакам нова глумицааааааа, оваа е досадна, а јас не сакам монотонија!

Грациела излета од сетот и замина да се спрема за на чај со Хајнрих, реалниот живот им беше сепак поинтересен од драмата која што крутите досадни ликови ја режирале во жолтата соба.
 
ada

Модератор! ок?
Член од
21 август 2006
Мислења
5.706
Поени од реакции
566

...И доаѓа новиот сценарист-пацифизатор, кој нејќе маслиново гранче, ни луле на мирот, туку преферира секира ко асесоар. Од чисто утилитарни причини.

Пискаво ја започнува својата беседа на трите апсолути, не на мирот. А, апсолутите смируваат и ослободуваат, многу повеќе од нештата кои сакаме да се слушаат.

Tие се исклучително едноставни, концизни. Гласат:
Сите сме грди.
Сите сме досадни.
Сите сме безначајни.

Ајде гушнете ја својата копија, гушнете го дупликатот на човечката мизерија. Оној кој нејќете да го гледате во огледало, но сакате да го посочувате со прст наоколу.

Say cheese!
Smile, damn it!
 
Член од
22 април 2008
Мислења
142
Поени од реакции
17

Јас сум грда.
Јас сум досадна.
Јас сум безначајна.

... Немам време. Време да бидам убава, интересна и значајна.
Сакам да си најдам време, барам каде може да се купи, најде, изнајми или добие. Ако треба, и ќе платам. Имам мигови кои ми се беспотребни и неважни, а можам да платам и со зборови.
Но никаде нема и никој нема време.
Чекам да дојде 8 часот да ти кажам нешто.
Чекам да дојде 12 март да прославиме.
Чекам да наполнам 50 години за да дознаам.
Чекам да ми дојде, пристигне времето.
Немам време.
 
Goddess of Chaos

Nixe Nox
Член од
16 август 2005
Мислења
6.250
Поени од реакции
228
Темава е грда.
Темава е досадна.
Темава е безначајна.

Ликовите се грди.
Ликовите се досадни.
Ликовите се безначајни.

Содржината е грда.
Содржината е досадна.
Содржината е безначајна.

Епилогот е грд.
Епилогот е досаден.
Епилогот е безначаен.

Потребна е свежа крв за нова прикаска.
 
Fabullous_178

Psychonautics:.
Член од
21 февруари 2007
Мислења
2.987
Поени од реакции
190
Темава е грда.
Темава е досадна.
Темава е безначајна.

Ликовите се грди.
Ликовите се досадни.
Ликовите се безначајни.

Содржината е грда.
Содржината е досадна.
Содржината е безначајна.

Епилогот е грд.
Епилогот е досаден.
Епилогот е безначаен.

Потребна е свежа крв за нова прикаска.
Колку ебено монотоно.
Свежата крв тече низ зелените алги,и го очекува својот исконски почеток.
Мирно ја разгледува својата ликвидна содржина.
Констатира.
Донесува.
И однесува.
Се чувствува потребна.
И горделива.
Крв,есенција,фундамент.
Епитетите течат во реката на парадоксот.
А таа ги впива со својот шарм.
И тоа ја топли.
Тече бавно и достоинствено.
Носејќи ги со себе тромботите на една измината димензија.
Ја отпоздравува полека жолтата зора на Јарецот.
Тивко им шепоти на своите малечки атоми,како мајката на своите птици.
Свежина.
Во талогот.
А внатре крвта,врие...и сонува.
За неа.
За нас.
За нив.
За сите.
Дури и за монотоната тема.
Индуцирана,од неа самата.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom