Увоз на работна сила во Македонија

Член од
3 март 2013
Мислења
348
Поени од реакции
368
Пошо не видов ваква тема да има си реков ај да отворам да видиме до кај сме :D
Поттикнат од масовното бегање во странство на млади дури и на повозрасни лица(комшија мој на 50г замина Австрија) гледам по фирмиве со месеци се вртат огласи за работа посебно во ТИРЗ зони низ МК. И да вработат, не седат многу долго 1-2 плати и си одат. Дали сево ова ќе поттикне издавање дозволи/визи или што и да е и да има увоз на работна сила од земји од трет ред (Африка,Украина,Азиски делови).

Цитат од наш медиум

Недостигот од стручна и нестручна работна рака ќе биде најголемиот предизвик со кој во иднина ќе се соочи македонското стопанство, едноставно нека кој да работи во фабриките поради масовното иселување, оценуваат од Регионалната стопанска комора во Прилеп. Овој системски проблем би бил далеку поголем од сите досегашни кризи и морало итно да се интервенира и да се стопира миграцијата, со тоа што ќе се обезбеди поквалитетен начин на живот тука. А моменталниот недостиг на работна рака сметаат дека треба да се покрие со увоз на работници.
„Можеме да го решиме или со можност за издавање на убрзани дозволи за работа на украинските семејства на кои во овој момент им е неопходна помош. И секако она што јас веќе долго време зборувам е увоз на потенцијална работна сила од земји кои Македонија би им била можност за дополнително заработување за нивните семејства, така и за остварување на некои кариери“, истакна Ирена Јакимоска, претседател на Регионална стопанска комора – Прилеп.
Извозно ориентираните компании и покрај предизвиците во 2022 имале зголемување на бројот на вработени затоа што станале едно од клучните добавувачии на компаниите од ЕУ.
„И сметам дека сега е баш сериозно, право време каде што може да се сконцентираме на техничко-технолошки раст со цел да можеме да ја задржиме нашата конкурентска вредност и да ги задржиме пазарите во Европа“, рече Ирена Јакимоска, претседател на Регионална стопанска комора – Прилеп.
Дел од компаниите пак освен недостигот на работна рака најголем предизвик во 2023 очекуваат да остане високата цена на електричната енергија и бараат поддршка од државата.
„Ние сме мал пазар и доколку сакаме успех мора да бидеме глобално конкурентни. Доколку компаниите во Македонија бидат оставени сами на себе си тоа ќе биде проблем, како што кажав од аспект на глобалната конкурентност, бидејќи на пазарот се соочуваме со фирми кои веќе се субвенционирани од нивните институции“, додаде Љупчо Велески, директор на извоз во прехрамбена компанија.
Од Комората сметаат дека стопанството в година ќе може да понесе ново покачување на минималецот, еден од основните услови за останување на граѓаните во Македонија.
 

Kadaif

M.D.
Член од
21 јануари 2008
Мислења
6.307
Поени од реакции
7.289
Работна сила во Македонија има во изобилство. Пари немаат "работодавците" да платат.

А за тој концепт "увоз" од странство нема да успее пошто и тие од Украина, Азија не работат за беспари!
 

smihajlo

Superposition, Relentless
Член од
11 август 2010
Мислења
3.668
Поени од реакции
4.397
Не си грешка за ова и не само во фабриките туку во било кој сектор само прашање е кој би сакал да мигрира во вукојебина(ова не е навреда туку реалност). Не е случајно што мигрантите идат за Германија, Швајцарија итн. Овој муабет се прави секој ден по кафеани, финансискиот дел не е единствениот, а се повеќе не е ниту пресудна причина за напуштање на Македонија. На темава искрено не очекувам да се каже нешто ново.

Не може да просперира држава каде што со закон еден човек е поеднаков од друг.

П.С Прошетајте се во Скопје и тоа слободно влезете во „најелитните места“ ќе ве служат деца од 14+ години таа е реалноста.
 
Член од
29 јуни 2014
Мислења
23.659
Поени од реакции
38.845
тие нон стоп викаат да донеле работна сила, но кој нормален иде тука кога може да иде у западна европа. Што е и добро, сигурно не сакам комшии кунта кинте у комшии да имам.
 
Член од
3 јуни 2022
Мислења
968
Поени од реакции
2.276
А за тој концепт "увоз" од странство нема да успее пошто и тие од Украина, Азија не работат за беспари!
Не работат за беспари ама на некој од Афганистан, Бангладеш да му дадеш виза работа и те како ќе дојде тука. Ете во Србија од годинава во градскиот превоз имаат 30-40 возачи од Бангладеш, и кај нас Бектеши мислам во медиумиве почна да кажува дека било потребно измени за работници од трети земји да иделе

Уште тоа ни фали, тек тогаш и другите што сме останати тука ќе бегаме..
 
Член од
6 декември 2022
Мислења
960
Поени од реакции
1.455
edini emigranti koj mozebi bi dosle se kosovari
Не се тие емигранти, тие се домашно население и тоа привилегирано.
Добар муабет, сосема на линија на “теории“ за заговор за размена на население и користење на поганиот и каллив Балкан како тренинг центар за бирање мигрантска работна сила која понатаму ќе продолжи во светите и правоверни западни земји.
Ако е вистина ова за прибирање мигранти и давање визи, државјанства и воспоставување систем за организирана миграција кон Балканот, бидете опортуни и станете работодавци, богатствата се создавани врз грбот на ефтината работна сила. Од друга страна, знаејќи колку јако се спроведуваат закони, не е тешко да се замисли една организирана вооружена буна од новодојдените мигранти и воспоставување нивна власт во Македонија.
 

The Savior

Is with me
Член од
29 јули 2021
Мислења
4.552
Поени од реакции
9.113
Од друга страна, знаејќи колку јако се спроведуваат закони, не е тешко да се замисли една организирана вооружена буна од новодојдените мигранти и воспоставување нивна власт во Македонија.
Ништо чудно се случувало и во минатото да има различен демографски состав на население.Сѐ е за луѓе. И тоа е минливо. По загрижувачки е намалениот наталитет и иселување на домородното население. Можеби до сега намерно се работи на тој случај да има масовни иселувања и неможност на помладата популација да се оствари на семеен план највеќе заради финансиски причини. Селата ни изумираат затоа што ретко кој сака да се бави со земјоделие и сточарство затоа што причините ни се добро познати. Сите сакаат да живеат во град. Конкретно Скопје стана град-држава. Но главно се додека во приватните и државните сектори не се покачат минималните плати на 1000€ минималец и редовно се исплаќаат субвенции на земјоделците и сточарите ќе биде вака како што е за жал.
 

Kadaif

M.D.
Член од
21 јануари 2008
Мислења
6.307
Поени од реакции
7.289
Не работат за беспари ама на некој од Афганистан, Бангладеш да му дадеш виза работа и те како ќе дојде тука. Ете во Србија од годинава во градскиот превоз имаат 30-40 возачи од Бангладеш, и кај нас Бектеши мислам во медиумиве почна да кажува дека било потребно измени за работници од трети земји да иделе

Уште тоа ни фали, тек тогаш и другите што сме останати тука ќе бегаме..
Србите се посебна тема и не можат да се споредуваат со Македонија од причина што тие си ги распродаваат ресурсите на азиските земји кои доаѓаат со сопствена работна сила бајпасирајќи го српскиот пазар на труд. Повеќето од тие мигранти се дури и подобро платени и од србите.

Во денешнава сервисна економија како македонската и требаат квалифицирани кадри кои нема да можеш да ги најдеш во Авганистан, а тие вистински квалифицираните нема шанси да ги доведеш тука да гледаат како станува од стол политичар од тешка категорија како Славјанка и Чмаричич.
 
Член од
7 септември 2016
Мислења
19.618
Поени од реакции
34.807
...очигледно не сте запознати дека веќе година дена во различни временски периоди беа дојдени занаетчии Турци, Авганистанци и Курди да изработат занаетчиски работи на некои државни објекти, па си заминуваат, краткорочни договори со државата со обезбеден хотел, храна и исплата на трудот.
 

курајбер

млад, потентен
Член од
29 јануари 2007
Мислења
16.291
Поени од реакции
45.801
...очигледно не сте запознати дека веќе година дена во различни временски периоди беа дојдени занаетчии Турци, Авганистанци и Курди да изработат занаетчиски работи на некои државни објекти, па си заминуваат, краткорочни договори со државата со обезбеден хотел, храна и исплата на трудот.
Лимак е целосно од турци/курди граден. Посеани се по цел град , стотици ги има.
 
Член од
19 ноември 2020
Мислења
2.524
Поени од реакции
9.405
Во Свети Николско имало неколку работници од Индија/Непал не разбрав точно зашто ми ги спомнаа тие 2 земји. 300 евра ги плаќал газдата.
 
Член од
3 јуни 2022
Мислења
968
Поени од реакции
2.276
Србите се посебна тема и не можат да се споредуваат со Македонија од причина што тие си ги распродаваат ресурсите на азиските земји кои доаѓаат со сопствена работна сила бајпасирајќи го српскиот пазар на труд. Повеќето од тие мигранти се дури и подобро платени и од србите.

Во денешнава сервисна економија како македонската и требаат квалифицирани кадри кои нема да можеш да ги најдеш во Авганистан, а тие вистински квалифицираните нема шанси да ги доведеш тука да гледаат како станува од стол политичар од тешка категорија како Славјанка и Чмаричич.
Квалифицирани кадри од типот доктори, занаетчии, инжинери итн секако нема да најдат/дојдат, ама ќе ни донесат мигранти како ефтина работна сила да мотаат кабли по странските инвестиции

Лимак е целосно од турци/курди граден. Посеани се по цел град , стотици ги има.
И тоа со нелегален престој на диво, на два пати приведуваат работници таму

 

Kadaif

M.D.
Член од
21 јануари 2008
Мислења
6.307
Поени од реакции
7.289
Квалифицирани кадри од типот доктори, занаетчии, инжинери итн секако нема да најдат/дојдат, ама ќе ни донесат мигранти како ефтина работна сила да мотаат кабли по странските инвестиции



И тоа со нелегален престој на диво, на два пати приведуваат работници таму

И за да мотаат кабли е потребно да имаат малку од малку кликер, работна култура, етика. Нешто што од авганистанец или од тие сиромашните азијци нема да го најдеш.

Колку роми со работна етика се вработени по новиве странски инвестиции???

Го знаат проблемот сите големи фирми кои стапиле во контакт со луѓе со различна не/култура.
 
Член од
3 јуни 2022
Мислења
968
Поени од реакции
2.276
И за да мотаат кабли е потребно да имаат малку од малку кликер, работна култура, етика. Нешто што од авганистанец или од тие сиромашните азијци нема да го најдеш.

Колку роми со работна етика се вработени по новиве странски инвестиции???

Го знаат проблемот сите големи фирми кои стапиле во контакт со луѓе со различна не/култура.
Кромберг, Дрекслер, Актива во Штип прашај некој ако работи таму да видиш колку е зголемен бројот на Роми вработени во последниве години ;)

Не сум од Скопје ама и по градежниве фирми низ градов се гледа колку роми работат сега во тие сектори, нема веќе наши и дај шта даш е работата..
 

Kajgana Shop

На врв Bottom