- Член од
- 8 август 2008
- Мислења
- 73
- Поени од реакции
- 5
„ОД ПЛАЦОТ ВО БУГАРИЈА ДО ПАРКИНГОТ ПРЕД ЗГРАДА„
Процедура за увоз на користени автомобили
Прочитав доста на оваа тема. Но се е недокажано и недоволно јасно. Мојата намера е во оваа тема преку споделување на вашите искуства да ја демистифицираме и уточниме процедурата за увоз на половни возила. Со цел да направиме едно упатство од типот на горенаведенава книга или едиција на книги
"FOR DUMMIES" BY KAJGANA.
Процедура за увоз на користени автомобили
![](http://i49.tinypic.com/214s6tj.jpg)
Прочитав доста на оваа тема. Но се е недокажано и недоволно јасно. Мојата намера е во оваа тема преку споделување на вашите искуства да ја демистифицираме и уточниме процедурата за увоз на половни возила. Со цел да направиме едно упатство од типот на горенаведенава книга или едиција на книги
"FOR DUMMIES" BY KAJGANA.
==================================================================================
==================================================================================
За почеток еве еден напис од Дневник објавен на 06.03.2010 кој што е очигледно доста субјективен и тенденциозен, но верувам ќе биде доволна провокација за да уточниме што од ова е вистина?
__________________________________________________________________
http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=A812A09F75E39F478E66612ED768D21D
__________________________________________________________________
До граница половните возила двојно поскапуваат
Граѓаните што ќе увезат половно возило за давачки кон државата ќе треба да платат речиси исто толку колку што го купиле автомобилот. На пример, за возило набавено од Германија за 2.000 евра, дополнителните давачки се околу 1.600 евра, при што не е вклучен редовниот сервис, кој чини околу 200 евра, покажа истражувањето што го направи „Дневник“.
Според интернет-огласите во Германија и во Холандија, „пежо 206“ произведено во 2001 година, со целосна опрема, чини околу 2.000 евра. За возилото да стигне до земјава се потребни од 400 до 600 евра, во зависност од тоа дали се транспортира со камион или се плаќа возач. На македонската граница најпрвин се плаќа гранична царина, која чини педесетина евра, по што возилото се носи на терминал додека не заврши постапката за царинење, каде што останува најмалку еден ден. Цената за стоење на терминалот до еден месец е околу 3.000 денари. За тоа време, се плаќа царина од еден отсто на каталошката вредност на возилото, која се одредува според таканаречениот каталог „Шваке“.
- Без разлика дали конкретното „пежо“ е купено за 200 или за 2.000 евра, царината се плаќа на вредноста што ја покажува „Шваке“, кој е ист за цела Европа. Најголемиот дел од реално платената цена за возилото се совпаѓа со каталошката вредност, но во одредени случаи може да има и поголема разлика. Праксата покажува дека варијациите во цените во најголем број случаи одат до 10 отсто - велат шпедитерите.
Откако ќе се плати царината, пробните таблички се враќаат во земјата од каде што е купено возилото, а сопственикот може да го однесе автомобилот дома. Но, не смее да го вози се' додека не ги плати и другите давачки и не го регистрира. Потоа се плаќа еколошка такса, која е фиксна и изнесува 50 евра, ДДВ од 18 отсто на каталошката вредност на возилото, сертификат со кој се докажува дека автомобилот ги исполнува еколошките стандарди, таканаречен ТУВ, како и трошоци за магацин и шпедиција, кои не се пониски од 6.000 денари. И покрај тоа што возилото има ТУВ сертификат, државата од увозникот бара повторно да го однесе на хомологација за што дополнително се плаќаат околу 4.000 денари.
- Сметам дека оваа давачка е непотребна, бидејќи сертификатот ТУВ е доволен доказ од производителот дека тоа возило ги задоволува бараните стандарди. А хомологацијата само го потврдува истото, а се зголемуваат давачките - вели еден увозник на половни возила.
По плаќањето на овие давачки, следува промена на сопственоста на возилото, која мора да се завери кај нотар, што чини околу 3.000 денари. Тогаш возилото е подготвено за регистрација, која новиот сопственик ќе го олесни за најмалку 200 евра.
Сепак, за новиот сопственик да биде сигурен дека автомобилот нема да му се расипе на првиот свиок, автомеханичарите препорачуваат да се направи редовен сервис уште пред регистрацијата.
- Тоа значи дека треба да се сменат сите ремени и затегнувачи на моторот, да се промени маслото и сите филтри и задолжително да се стави антифриз. Сето тоа чини од 100 до 200 евра, во зависност од моделот и амортизираноста на автомобилот. Исто така, по потреба да се заменат сите гуми - вели Трајче Манчевски, сопственик на автомеханичарска работилница.
Кога ќе се соберат сите придружни, неопходни давачки, излегува дека цената на половниот автомобил речиси двојно се зголемила од набавната и изнесува околу 3.700 евра. Според огласите за продажба на половни возила во земјава, истото „пежо 206“ чини околу 4.000 до 4.200 евра, без редовниот сервис.
Валентина Ангеловска
Даница Тунтевска
На влез чекаат 1.000 коли
Во царинските магацини има околу 1.000 возила кои чекаат да стапат во сила измените во Законот за акцизите, велат во Царинската управа. Најмногу има возила произведени од 1998 до 2002 година, од средна класа како „ибица“, „корса“, „пежо 107“, со или без стандард Евро 1.
![](http://www.dnevnik.com.mk/WBStorage/Articles/BA3587CA5B8541428508C7B219692610.jpg)
Но, има и поскапи возила, за кои акцизата е драстично намалена, што ја спушта и нивната крајна цена за повеќе од 2.000 евра. Со цените калкулираат и увозниците на нови возила. Тие побрзаа да ги увезат автомобилите за кои акцизата драстично ќе се зголеми, а го одложија внесувањето на поевтините возила. Словенија поатрактивна за увоз
Покрај Германија и Холандија, од каде што изминатите години најмногу се увезуваа добро зачувани половни автомобили, за увозниците се поинтересна станува Словенија. Таму не само што цените на половните автомобили се поевтини од другите европски земји, туку и патните трошоци се за 200 евра помали. На пример, патните трошоци за носење автомобил од Германија до Македонија изнесуваат од 400 до 600 евра, а од Словенија тоа би чинело околу 300 евра.