Увоз на половни возила

Член од
8 август 2008
Мислења
73
Поени од реакции
5
„ОД ПЛАЦОТ ВО БУГАРИЈА ДО ПАРКИНГОТ ПРЕД ЗГРАДА„

Процедура за увоз на користени автомобили



Прочитав доста на оваа тема. Но се е недокажано и недоволно јасно. Мојата намера е во оваа тема преку споделување на вашите искуства да ја демистифицираме и уточниме процедурата за увоз на половни возила. Со цел да направиме едно упатство од типот на горенаведенава книга или едиција на книги
"FOR DUMMIES" BY KAJGANA.

==================================================================================
==================================================================================
За почеток еве еден напис од Дневник објавен на 06.03.2010 кој што е очигледно доста субјективен и тенденциозен, но верувам ќе биде доволна провокација за да уточниме што од ова е вистина?
__________________________________________________________________
http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=A812A09F75E39F478E66612ED768D21D
__________________________________________________________________
До граница половните возила двојно поскапуваат

Граѓаните што ќе увезат половно возило за давачки кон државата ќе треба да платат речиси исто толку колку што го купиле автомобилот. На пример, за возило набавено од Германија за 2.000 евра, дополнителните давачки се околу 1.600 евра, при што не е вклучен редовниот сервис, кој чини околу 200 евра, покажа истражувањето што го направи „Дневник“.

Според интернет-огласите во Германија и во Холандија, „пежо 206“ произведено во 2001 година, со целосна опрема, чини околу 2.000 евра. За возилото да стигне до земјава се потребни од 400 до 600 евра, во зависност од тоа дали се транспортира со камион или се плаќа возач. На македонската граница најпрвин се плаќа гранична царина, која чини педесетина евра, по што возилото се носи на терминал додека не заврши постапката за царинење, каде што останува најмалку еден ден. Цената за стоење на терминалот до еден месец е околу 3.000 денари. За тоа време, се плаќа царина од еден отсто на каталошката вредност на возилото, која се одредува според таканаречениот каталог „Шваке“.

- Без разлика дали конкретното „пежо“ е купено за 200 или за 2.000 евра, царината се плаќа на вредноста што ја покажува „Шваке“, кој е ист за цела Европа. Најголемиот дел од реално платената цена за возилото се совпаѓа со каталошката вредност, но во одредени случаи може да има и поголема разлика. Праксата покажува дека варијациите во цените во најголем број случаи одат до 10 отсто - велат шпедитерите.

Откако ќе се плати царината, пробните таблички се враќаат во земјата од каде што е купено возилото, а сопственикот може да го однесе автомобилот дома. Но, не смее да го вози се' додека не ги плати и другите давачки и не го регистрира. Потоа се плаќа еколошка такса, која е фиксна и изнесува 50 евра, ДДВ од 18 отсто на каталошката вредност на возилото, сертификат со кој се докажува дека автомобилот ги исполнува еколошките стандарди, таканаречен ТУВ, како и трошоци за магацин и шпедиција, кои не се пониски од 6.000 денари. И покрај тоа што возилото има ТУВ сертификат, државата од увозникот бара повторно да го однесе на хомологација за што дополнително се плаќаат околу 4.000 денари.

- Сметам дека оваа давачка е непотребна, бидејќи сертификатот ТУВ е доволен доказ од производителот дека тоа возило ги задоволува бараните стандарди. А хомологацијата само го потврдува истото, а се зголемуваат давачките - вели еден увозник на половни возила.

По плаќањето на овие давачки, следува промена на сопственоста на возилото, која мора да се завери кај нотар, што чини околу 3.000 денари. Тогаш возилото е подготвено за регистрација, која новиот сопственик ќе го олесни за најмалку 200 евра.

Сепак, за новиот сопственик да биде сигурен дека автомобилот нема да му се расипе на првиот свиок, автомеханичарите препорачуваат да се направи редовен сервис уште пред регистрацијата.

- Тоа значи дека треба да се сменат сите ремени и затегнувачи на моторот, да се промени маслото и сите филтри и задолжително да се стави антифриз. Сето тоа чини од 100 до 200 евра, во зависност од моделот и амортизираноста на автомобилот. Исто така, по потреба да се заменат сите гуми - вели Трајче Манчевски, сопственик на автомеханичарска работилница.

Кога ќе се соберат сите придружни, неопходни давачки, излегува дека цената на половниот автомобил речиси двојно се зголемила од набавната и изнесува околу 3.700 евра. Според огласите за продажба на половни возила во земјава, истото „пежо 206“ чини околу 4.000 до 4.200 евра, без редовниот сервис.
Валентина Ангеловска
Даница Тунтевска

На влез чекаат 1.000 коли
Во царинските магацини има околу 1.000 возила кои чекаат да стапат во сила измените во Законот за акцизите, велат во Царинската управа. Најмногу има возила произведени од 1998 до 2002 година, од средна класа како „ибица“, „корса“, „пежо 107“, со или без стандард Евро 1.

Но, има и поскапи возила, за кои акцизата е драстично намалена, што ја спушта и нивната крајна цена за повеќе од 2.000 евра. Со цените калкулираат и увозниците на нови возила. Тие побрзаа да ги увезат автомобилите за кои акцизата драстично ќе се зголеми, а го одложија внесувањето на поевтините возила. Словенија поатрактивна за увоз
Покрај Германија и Холандија, од каде што изминатите години најмногу се увезуваа добро зачувани половни автомобили, за увозниците се поинтересна станува Словенија. Таму не само што цените на половните автомобили се поевтини од другите европски земји, туку и патните трошоци се за 200 евра помали. На пример, патните трошоци за носење автомобил од Германија до Македонија изнесуваат од 400 до 600 евра, а од Словенија тоа би чинело околу 300 евра.
 

Крими

......
Член од
8 декември 2008
Мислења
479
Поени од реакции
14
дали знае некој сигурно извори детали који се трошковите за да цариниш Кола??
 

Duduk

Korg Maniac
Член од
8 јули 2009
Мислења
953
Поени од реакции
99
Јас гледав едно Мицубиши Лансер, 2007мо или 2008 годиште, во Бугарија, истото она што го возат таксистине во Наше такси или у кое такси беше не ми текнува низ Скопје,
Цената му беше 4000 ЛЕВА е сеа трошкови за царина све на све се распрашав коштаат од 1600 до 1800 евра.. како и да е, се исплати да го увезеш и купиш.. со оглед на тоа кај нас тие коли се околу 8 - 9 па можда и негде 10 11 иљади евра.
 
Член од
12 ноември 2009
Мислења
86
Поени од реакции
6
Да не се правам многу паметен, сум немал никакво искуство со увоз на автомобили, меѓутоа ова што е напишано примерто за Пежо-то 2000 евра, а на крајот да испадне 3640 евра мислам дека нема врска. Па луѓе 1640 евра давачки... мислам дека тоа не е точно.
 

Dzish

unlike any other...
Член од
15 февруари 2007
Мислења
13.994
Поени од реакции
2.687
Јас гледав едно Мицубиши Лансер, 2007мо или 2008 годиште, во Бугарија, истото она што го возат таксистине во Наше такси или у кое такси беше не ми текнува низ Скопје,
Цената му беше 4000 ЛЕВА е сеа трошкови за царина све на све се распрашав коштаат од 1600 до 1800 евра.. како и да е, се исплати да го увезеш и купиш.. со оглед на тоа кај нас тие коли се околу 8 - 9 па можда и негде 10 11 иљади евра.
Друже размисли... кој ти дава возило од 2007 за 2.000 евра кога за тие пари неможеш да земиш возило од 2000-та??? Немојте да се залетувате, има и fake огласи по интернет огласниците.

Да не се правам многу паметен, сум немал никакво искуство со увоз на автомобили, меѓутоа ова што е напишано примерто за Пежо-то 2000 евра, а на крајот да испадне 3640 евра мислам дека нема врска. Па луѓе 1640 евра давачки... мислам дека тоа не е точно.
Види вака, математиката е таа... без 1500 евра нема теорија да увезиш возило. Така беше и во 2004 кога имаше дозволен увоз. Јас Фиестата ја купив 900 евра од Германија, па до Македонија со сите давачки дојде до 3000.
 
Член од
8 август 2008
Мислења
73
Поени од реакции
5
Јас гледав едно Мицубиши Лансер, 2007мо или 2008 годиште, во Бугарија, истото она што го возат таксистине во Наше такси или у кое такси беше не ми текнува низ Скопје,
Цената му беше 4000 ЛЕВА е сеа трошкови за царина све на све се распрашав коштаат од 1600 до 1800 евра.. како и да е, се исплати да го увезеш и купиш.. со оглед на тоа кај нас тие коли се околу 8 - 9 па можда и негде 10 11 иљади евра.
Нема што да се распарашуваш за цените до тука е све очигледно особено ако ги посетиш овие линкови:
Безплатни објави за Авто
Moni 2000 - Коли
mobile.bg - Б'лгарскијат автомобилен пазар
Koli.bg - Б'лгарскијат Автомобилен Портал
cars.bg - Т'рсите Автомобили? Нови, buyback, лизингови и употребјавани автомобили
Авток'шта Бобикар
Kolite.eu - Автомобилите. Борса за употребјавани леки автомобили, джипове, бусове, камиони и мотоциклети

Или одиме чекор по чекор:

  1. Купуваш кола во Бг. на пр. до 3000 € (6000лв.). Има ли некои дополнителни давачки? Кои документи, договори треба таму да ги извадам?
  2. На Македонска граница плаќам царина 5% и продолжувам дома или има некакви дополнителни трошоци и задржувања?
    Ова е од сајтот на Царина
    П: 1312 Pocituvani imam edno prasanje bi vi bil mnogu blagodaren dokolku istoto go razgledate i mi go odgovorite:Vo kontekst na namaluvanjeto na akcizite za uvoz na polovni avtomobili od stranstvo odnosno od zemji na EU me interesira slednovo:Dokolku kolata e kupena od fizicko lice dali ke treba kupoprodazen dogovor ili kakov drug dokument faktura ili sto?Potoa dokolku kolata bide zadrzana na carina kolku se naplaka od den ? Dali mora da se napravi A-TEST na voziloto?Slusnav deka se plaka 100 eura pri vlez vo drzavata za koristenje na patista? Dali se potrebni COL tablici na avtomobilot za vlez vo drzavava? Dali treba da se nabavat nekoi posebni dokumenti od drzavata kade sto e kupeno voziloto? Odnapred blagodaram!
    О: Vo postapkata na carinenje pred carinskite organi mora da prezentirate validen kupoprodazen dogovor dokolku voziloto go kupuvate od drugo fizicki lice, a so novite zakonski izmeni pred carinskiot organ ne e potrebno da se dostavi potvrda za soobraznost na voziloto izdadeno od ovlastena institucija. Vo pogled na drugite Vasi prasanja ne sme nadlezna institucuja da odgovorime na istite, odnosno ne mozeme da vi dademe odgovor kolku iznesuva skladiranjeto na stokata i nadomestokot za koristenje na patista.
  3. Акциза во случајов не се плаќа за коли до 3000€, но над таа сума се плаќа каде, на царина ли?
  4. Потоа се одредува сообразност (хомологација) каде? колку?

    Од сајтот на Царина
    П: 1434 Dali mozhe da se uvezuva kola od Germanija Golf -3 od 1993 godina?
    О: Почитуван, Во врска со Вашето прашање ве информираме дека проверка на условите за хомологација вршат овластените тела: - АМСМ УСЛУГИ ХОМОЛОГАЦИЈА ДОЕЛ Скопје, Инспекциски места „Скопје-Чаир“ „Велес“ и „Битола“ - МАШИНСКИ ФАКУЛТЕТ од Скопје, Инспекциско место „Индустриска зона Железара“ - АУТОМАКЕДОНИЈА А.Д. од Скопје, ул. Мито Хаџивасилев; Инспекциско место „Стакларница“ - КОНФОРМА ДОЕЛ Скопје, бул. Илинден бр. 138 А, Инспекциско место „ИМ 1-Велес“ „ИМ 2-Радовиш“ и „ИМ 3 -Прилеп“
  5. Потоа Регистрација. Каква е процедурата за возило со странски таблици.
Вака би требало да изледа чеко по чекор детално објаснето без технички жаргон упатство.

Инаку се извинувам доколку некои се препознаа и навредија од зборот „Тупави“ со кој немав воопшто намера да ги навредам. Овој збор е мој слободен превод од Dummies, кој што во нормален превод значи глупав, но општо прифатено пред се заради едицијата „For Dummies„ (преку 150 милиони отпечатени изданија) во компјутерскиот свет значи ДЕТАЛНА ИНСТРУКЦИЈА БЕЗ ТЕХНИЧКИ ЖАРГОН. На другите светски јазици овој термин го преведуваат жаргонски или воопшто не го преведуваат на пр. на руски - Длја "чајников" (МКД: за чајници)
Затоа пробав да направа динстинкција од Глупав со Тупав.

Whatever. Во секој случај упатство за Тупави многу ќе помогне на останатите ПАМЕТНИ.

 

sanos_a

www.autobusi.net/
Член од
12 декември 2008
Мислења
554
Поени од реакции
82
значи вака:
1.купуваш кола од странство
2.таму вадиш цол таблици и тиф
3.на граница ко ке напушташ државата вадиш еуро документ
4.во мк на граница ја пријавуваш за царинење
5.од шпедиција на граница во мк вадиш т1 документ
6.после од граница си одиш дома со колата оти е укината лежарината во царина кое се плакаше 900 денари од ден
7.кога ке сакаш одиш во царина и си ја цариниш колата и таму плачаш царина, акциза и еколошка такса
8. одиш на технички преглед со колата (наместо а-тест)
9 си ја регистрираш


е сега таа споредбата со пежо 206. кој има царинето кола до сега знае како идат работите и колку изнесуваат давачките. ако ја купеш 2000 евра колата во германија таму имаш +150 евра цол таблици и тиф + 300 евра пат + на граница во терминал се плака мислам 50 евра за да ја пријават за царинење + 1% царина + 0 денари акциза + 50 евра еколошка такса + 100 евра технички преглед + 200 евра регистрација. ајде пресметајте колку изнесува се комплет.
 

Duduk

Korg Maniac
Член од
8 јули 2009
Мислења
953
Поени од реакции
99
Друже размисли... кој ти дава возило од 2007 за 2.000 евра кога за тие пари неможеш да земиш возило од 2000-та??? Немојте да се залетувате, има и fake огласи по интернет огласниците.
Не бе брат, не ти зборам тоа, јас огласот го прочитав во Огласник М, и сеа авто плац Ќустендил к.р се тресе, продажба на коли ваму таму, многу ефтино и сеа подоле го видов огласот во кој пишуваше, Мицубиши Ланцер 2007 година, 4000 ЛЕВОВИ, фино лепо се јавив, прво ми падна на ум дека е нешто у квар колата, него тој "брачкото од блгариа" ми вика колата е тип топ средена и спремна за продавање, пали вози, околу 170,000 има поминато, али ептен е сочувана и исправна, после тоа се распрашав во царинска управа, од 1600 до 1800 евра царина ќе му дошло за тоа ауто.. вреди да се иде, и да е фејк и да лаже некој , барем ќе идам до Ќустендил ќе разгледам што коли има, и така иам од новиве пасоши "Галичкиве"..
 

Dzish

unlike any other...
Член од
15 февруари 2007
Мислења
13.994
Поени од реакции
2.687
вреди да се иде, и да е фејк и да лаже некој барем ќе идам до Ќустендил ќе разгледам што коли има, и така иам од новиве пасоши "Галичкиве"..
Ова ти е паметно, ако сакаш да купиш автомобил. Мое мислење е дека подобро е да платиш 500 евра повеќе во Бугарија, одколку во Германија (пример возило 3.000 евра во Германија и исто такво 3.500 евра во Бугарија). Заштеедуваш на време и малтретирање по државите и границите.
 

sanos_a

www.autobusi.net/
Член од
12 декември 2008
Мислења
554
Поени од реакции
82
Ова ти е паметно, ако сакаш да купиш автомобил. Мое мислење е дека подобро е да платиш 500 евра повеќе во Бугарија, одколку во Германија (пример возило 3.000 евра во Германија и исто такво 3.500 евра во Бугарија). Заштеедуваш на време и малтретирање по државите и границите.
за ова си во право дека заштедуваш време и малтретирање ама и еден од мојот град така мислеше и отиде од бугарија да купе кола и купи таму провери дали е крадена или не, од таму од полиција му рекле дека не е крадена а на нашата граница оп колата ја бара интерпол. па види што ти се повеке исплате:pusk:
 

Dzish

unlike any other...
Член од
15 февруари 2007
Мислења
13.994
Поени од реакции
2.687
за ова си во право дека заштедуваш време и малтретирање ама и еден од мојот град така мислеше и отиде од бугарија да купе кола и купи таму провери дали е крадена или не, од таму од полиција му рекле дека не е крадена а на нашата граница оп колата ја бара интерпол. па види што ти се повеке исплате:pusk:
Ајде бе... сакаш да кажеш дека 90% од колите во Бг ги бара интерпол? Се знае од каде се купува кола, неможе од авто-плац да ти продадат кола СО ФИСКАЛНА СМЕТКА која што ја бара интерпол. И да е така, имаш право да се вратиш назад и да си земеш друга.
 
Член од
8 август 2008
Мислења
73
Поени од реакции
5
Еве како изгледа исцрпна информација (од друг форум) исто како да сум бил таму.

Здраво момци. пред една недела бев во слобенија,има голема разлика во цените на колите кои се на avto.net и во авто пазари во Марибор и Лјубљана. Јас тоа го видов лично. Одамна гледам коли на интернет во словенија. Можам да ви кажам дека на авто пазари имате многу многу по евтини коли и екстра оржани,бевме 3-ца се вративме со 2 коли.1-. Ауди А4 1,8 бенз 1998 год. 165,000км со климатроник,електроника, мет.боја сребрена, ал.бандажи орг. од ауди ,лично од газда не од трговец со сервисна книшка,сега направен комплет голем сервис (ребрасти,гуртни,дискови,нови 4 гуми + 4 добри летни на алумински,уље филтри итн.) која цена мислите???? јас се чудив не знам вие што мислите???
колата го зедовме за 1700еура (цената беше 2300) и 2- Форд Мондео караван 1,8 турбо дизел. 1999 год. бела, 185,000км исто со фул опрема -Клима,аирбаги,електроника на стакла,централна,ал бандажи нови гуми,направен сервис екстра состојба, а цена уште по екстра само 600 евра !!!!
Колите ги зедовме во авто пазарот во Марибор,каде секоја недела има пазар на коли, за еден ден најдовме коли утре дента стаивме цол-таблички 80евра за 10 дена, пазарот е во недела иначе може за еден ден да ги завршите сите обврски.

и уште една кола што ми се бендиса ,после многу се пишманив зашто не го зедов
Ренаулт Клио 1,2 од 1996 год. црвена со 4 врати од опрема само серво и централна кое е нормално за таква кола
135.000км поминати чисто нови гуми М+Ѕ со сметка монтирани пред 15дена радио со џд-мп3
како да е од салон а не 14-годишна кола а цена???
само 320 евра


овие се само 3 коли ,можете да замислете јас што сум видел таму!!!
билет за аутобус до Марибор ви е 60евра, добар хотел+храна 60-80 евра, еден резервар за враќање, патарини 12-15 евра, џол-табли 80евра мин. и + кола по вашиот џеб

верувам дека ќе ви биде корисно информацијата! од лично искуство
 

sanos_a

www.autobusi.net/
Член од
12 декември 2008
Мислења
554
Поени од реакции
82
Ајде бе... сакаш да кажеш дека 90% од колите во Бг ги бара интерпол? Се знае од каде се купува кола, неможе од авто-плац да ти продадат кола СО ФИСКАЛНА СМЕТКА која што ја бара интерпол. И да е така, имаш право да се вратиш назад и да си земеш друга.
јас го знам човекот што му ја зедоа колата на граница. на еден колега од работа му е добар другар. инаку човекот купи ауди а4 за 2000 евра. па сега дали ке ми верувате или не тоа е ваша работа
 

Dzish

unlike any other...
Член од
15 февруари 2007
Мислења
13.994
Поени од реакции
2.687
јас го знам човекот што му ја зедоа колата на граница. на еден колега од работа му е добар другар. инаку човекот купи ауди а4 за 2000 евра. па сега дали ке ми верувате или не тоа е ваша работа
Јас не велам дека не му ја зеле колата... велам дека на возила со нереално ниски цени од типот на она погоре треба да се внимава. Проблемот е што повеќе од луѓето си мислат дека во Бугарија/Словенија колите се безпари, па можат да земат возило старо 2 години за 2000 евра. А поголем дел од возилата на авто плацовите во Бугарија се уште неувезени во Бугарија, така да возило со сомнително потекло не смее да се вози/одјавува низ државите од Е.У.

Инаку возила што ги бара интерпол има и во Германија, само што не сме свесни за тоа. Ги има и во Македонија.
 
Член од
8 август 2008
Мислења
73
Поени од реакции
5
УШТЕ ЕДНА СЛИКОВИТО ОПИШАНА ГОЛГОТА
Да претпоставиме дека колата ја увезуваш од Бугарија,плаќањето на давачките би ти изгледало вака отприлика.

Правиш купопродажен договор со лицето од кое ја купуваш колата,и го заверуваш на нотар.Доколку ја купиш од плац,кој таму ги водат како фирми,тогаш они ти издаваат нивна фактура со нивни печат,и тоа нема потреба да се заверува на нотар.
Во Бугарија доколку колата и таму е увезена и веке е ставена на ЦОЛ таблици,а тие сеуште не се истечени,тогаш ке го избегнеш нивното плакање,а доколку е на бугарски таблици,треба да ги одјавиш бугарските таблиците во КАТ(така го викаат бугарите) и да ти издадат ЦОЛ таблици,ама си ебале мамата и они,па кога вадиш ЦОЛ таблици,мора да помине колата на технички,или нашки кажано мора да ја регистрираш(за да ти ги земат парите не за друго).Тука нели вадиш осигурање,зелен картон,и се што ти треба за да колата помине граница.Инаку зависи како ке се договориш,овие трошкови може да си ги зноси и човекот од кој што ја купуваш(трошковите за техничкиот преглед,зелениот картон сепак останува твоја обврска),најчесто така и е.Доколку не, ке дадеш 50-60 евра.
После тоа колата мора да биде одјавена од нивната царина,ама тоа не го правиш ти,туку шпедиција ке си најдеш некоја,и за 20 - 30 евра ке ти ги среди документите,е тука ти си плакаш,сопственикот нема врска со ова.На бугарскито шпедитер ке му кажеш дека колата ја увезуваш во македонија,и они си знаат се што треба и како треба.
Значи давачките ти се од 50 до најмногу 100 евра додека да стигнеш на граница.

На граница е друга приказна,прво пола саат ке те гњават дека не ти се добри документите,за на крај да ти рече да ги почастиш за новата кола.Тарифата на Бугарите им е по 20 евра,20 на цариникот што ги средува документите,и 20 на полицаецот на пасоши,зошто и он нешто ги чепка документите.А ако се направиш на тошо ке пројдеш и со двапати по 10 евра.Мене барем ми има успеано двапати до сега.

На македонска страна,документите ти ги зима нашиот полицаец,а ти во мегувреме одиш до некоја од шпедициите на граница,ти варат кафе и они ти ги средуваат документите,во Македонија значи пак треба да извадиш наше осигурање кое е за 15 дена,за да можеш да возиш од граница до дома нели,инаку не те пуштаат полицајците,односно не ти ги даваат документите.Сума сумарум на Македонскиот дел од границата имаш уште 80 до 100 евра давачки.
Само немој да се зафркнеш,цената во купопродажниот договор од Бугарија да ти биде во Левови,мора да биде во евра,инаку ке те зафркаваат нашите.
на крај ке подмачкаш и ке поминеш и кај нашите,али кога може без подмачкување да се помине зошто да не биде така нели.

После тоа шибаш во градот кај што живееш,и мора во рок од 24 часа колата да ја пријавиш во некоја шпедиција,од тука веке многу е лесно,они ти се јавуваат и ти кажуваат каде да одиш,ти даваат пополнети уплатници да си плакаш,итн.итн.
Откако колата е царинета и си ги имаш подмирено сите давачки кон државата,идеш кај некој полицаец во станициве за технички преглед,и он ке ти каже кој од бугарските документи да ги преведеш и кој документи од нашиве ке му требаат,преведуваш,даваш документите,поминуваш на технички,ке почекаш 10 дена додека да се провери колата,ке ти се јават уствари кога да идеш да си ги земеш таблиците,и после тоа нормално идеш дома зошто ке треба гости да ти дојдат да частиш за колата.

SchwackeListe http://www.dat.de/fzgwerte/index.php...amp=1265012135

Тука ви е достапен SchwackeListe и можете да проверите колку ќе ви го проценат возилото, доколку фактурираната вредност се рзликува повеќе од 10% од оваа листа ќе биде земена сумата од оваа SchwackeListe како основа за плаќање давачки.
Страната е на Германски.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom