Не размислувам за гласање, размислувам дали да ја возам на Американски таблици или да ја вратам назад во Америка и да отидам и јас само овој пат фамилијарно. Знам за еден школски од средно кој беше да работи на брод во Америка и на враќање донесе Форд Фокус 1.6 и го возеше така преку 10 години со USA таблици и сега пред 2 години ги смени на Македонски. Тогаш ми беше чудно зошто купил Фокус кој може да се купи и овде во Македонија ама сега го разбирам и знам зошто ја возел колата толку долго на USA таблици. После тоа брзо се одсели со фамилија во USA и овде доаѓа еднаш годишно го разбирам и зошто по враќањето дома во Македонија одлучил пак да се замине во Америка со фамилија. Сигурно има иљадници вакви случаи на студенти или други привремени работници кои планирале да се вратат и да останат во Македонија и се предомислиле поради ваков чист арамилак како од Македонските Народни Приказни, од стилот: Се враќа од печалба го пресретнале арамии го ограбиле, само сега на еден помодерен начин.
Со таа опрема Пассат во USA нов е купен 2014-2015 г. за 21500 УСД ја рачунаат по каталози или незнам како дека нова била меѓу 34225 и 37375 ЕУР, место со 5 брзински мануелен менувач ја рачунаат со 7 брзински автоматик, и место реални за тој мотор од 136 до 137мг/км ЦО2 рачунаат 204 мг/км ЦО2, чист арамилак.