Увоз на половни возила

Член од
20 јануари 2018
Мислења
91
Поени од реакции
76
Имаме царинска увозна мафија во спрега со фирми како Ауто Груп и слични фирми кои си делат профит од луѓе како тебе кои даваат смешно високи суми за давачки а всушност чисто дерење.....Сето ова со дозвола на и онака мафијашката држава во која живееме,само партиски наивци кои одат по штабови и митинзи мислат дека живееме во демократија со закони а всушност е обратно....И да не спомнувам дека во соседна Србија на пр. увозните давачки се на пола од нашите,така да се додека овој мирен и пасивен наш народ не почне да пали по улиците како во Франција нема ништо да се помрдне кон подобро
Не е само во Србија и во Бугарија за истото возило да се увезе со се сите давачки е помалку од 1000ЕУР ,па се прашувам зошто Македонецот треба да плати 6100 ЕУР за истите давачки односно 7000ЕУР со се хомологација и регистрација?
 
Член од
7 март 2009
Мислења
1.156
Поени од реакции
812

Имаме увозна царинска мафија на која никој не и може ништо или намерно не презема ништо,имај го ова на ум кога ќе ти дојдат на врата партиските потрчковци од сдс или дпмне да те убедуваат да гласаш за нив и нивните програми
 
Член од
20 јануари 2018
Мислења
91
Поени од реакции
76
Не размислувам за гласање, размислувам дали да ја возам на Американски таблици или да ја вратам назад во Америка и да отидам и јас само овој пат фамилијарно. Знам за еден школски од средно кој беше да работи на брод во Америка и на враќање донесе Форд Фокус 1.6 и го возеше така преку 10 години со USA таблици и сега пред 2 години ги смени на Македонски. Тогаш ми беше чудно зошто купил Фокус кој може да се купи и овде во Македонија ама сега го разбирам и знам зошто ја возел колата толку долго на USA таблици. После тоа брзо се одсели со фамилија во USA и овде доаѓа еднаш годишно го разбирам и зошто по враќањето дома во Македонија одлучил пак да се замине во Америка со фамилија. Сигурно има иљадници вакви случаи на студенти или други привремени работници кои планирале да се вратат и да останат во Македонија и се предомислиле поради ваков чист арамилак како од Македонските Народни Приказни, од стилот: Се враќа од печалба го пресретнале арамии го ограбиле, само сега на еден помодерен начин.
Со таа опрема Пассат во USA нов е купен 2014-2015 г. за 21500 УСД ја рачунаат по каталози или незнам како дека нова била меѓу 34225 и 37375 ЕУР, место со 5 брзински мануелен менувач ја рачунаат со 7 брзински автоматик, и место реални за тој мотор од 136 до 137мг/км ЦО2 рачунаат 204 мг/км ЦО2, чист арамилак.
 
Attachments

Член од
20 ноември 2014
Мислења
100
Поени од реакции
1
Некој да е информиран за царина на голф 5 1.6 фси 2007год. Сакам да го донесам од Германија за татко ми.
Некој царинарник пријател на татко ми му кажал сума од околу 2000евра ?
 
Член од
20 август 2022
Мислења
63
Поени од реакции
262
Гледам зачестеност на коли на плацовите од типот бмв е90 каде велат дека се сега увезени. Дали има некој скоро што царинел е90 и да кажи колку го коштало за царина?
 
Член од
14 април 2012
Мислења
32.555
Поени од реакции
66.173
Гледам зачестеност на коли на плацовите од типот бмв е90 каде велат дека се сега увезени. Дали има некој скоро што царинел е90 и да кажи колку го коштало за царина?
Многу зависи од ниво на опрема на возилото. Еве, синоќа проверував за Audi S5, и гледај која разлика има. Ова е за истата кола, колку царина смета дека е правичната цена, и според тоа колку ти ке ја платиш.

Член од
12 јули 2011
Мислења
869
Поени од реакции
424
Веќе неколку пати , во неколку поста кажав дека груба математика за давачки при увоз на понови , добро опремени и поскапи возила е негде околу 40-50% од тоа што ќе го платиш возилото во странство … Или ти треба да им дадеш уште една солидна кола за џабе … Ненормална работа … Сите знаеме во нормално општество зашто се плаќа царина , а овие нашиве не знам која индустрија ја штитат , па вакви ненормални давачки бараат … Или некое јакоо лоби , од некој увозник на нови возила , игра голема улога …
 
Значи за купена кола од пр 1000е горе царина би излегло 500е груба математика?
 
Член од
12 јули 2011
Мислења
869
Поени од реакции
424
Значи за купена кола од пр 1000е горе царина би излегло 500е груба математика?
Зависно од модел , година и опрема . Од 25 до 50 % … Колку понова и поопремена , толку повисоки давачки . Еве пријателот погоре покажа пример . Јас лани сакав да внесам Мазда 6 од 2019та , 2.5 бензин , аутоматик со фул опрема и само 36.000 изминати км … 27.000 евра ја најдов во Германија … 12.000 евра давачки ми рекоа овде
 
Член од
27 мај 2016
Мислења
365
Поени од реакции
144

За тие пари 39к е имаш нов Cx5 2.0G 165кс Advantage од салон.
 
Член од
12 јули 2011
Мислења
869
Поени од реакции
424
За тие пари 39к е имаш нов Cx5 2.0G 165кс Advantage од салон.
Па тоа ти викам . Мене со вратен данок и патни трошоци колата ми излагаше околу 23.000 … Да можев да ги покријам трошоците овде со тие пари што ќе ми ги вратеа германците од данок , па да ми излезеше овде со се таблици до кај 29-30.000 ќе ја земев . Ама 36.000 многу е . Што викаш за 39К има нов СХ5 , толку пари е и нов Рав4 … Ненормални давачки се … Човек од градов лани зеде Мерцедес ГЛЦ од 2022 со 6.000 км , го плати горе 61-62.000 , уште точно 33.500 му земаа овде :confused::D
 
Член од
20 август 2022
Мислења
63
Поени од реакции
262
А како се враќа данокот, треба преку сметка да е платена колата или?
 
LustingVertigo

Snopdan Dogovich
Член од
1 декември 2017
Мислења
835
Поени од реакции
1.217
Сакам да си донесам автомобил од Словенија/Швајцарија, се мислам помеѓу овие две земји.

За Словенија ако купуваш од фирма автомобил, треба да исплатиш пари на трансакциската од фирмата во Словенска банка, би можел како граѓанин од МК тоа да го направам ? Знам дека кеш можи од физичко лице.

Ваша препорака од каде е најдобро да се увезе кола?
 
Член од
3 април 2024
Мислења
1
Поени од реакции
1
Има ли некој во скоро време што увезол кола од германија, физичко лице купена тамо од фирма. Како е постапката, во Гер. ја плакате полната сума и после ви го вракаат ддв ? Како е постапката за поврат за ддв ? Од останатите чекори се предпоставувавм документи за извоз и привремени цол таблици за да може да ја возам до МК. После царинењето тука е јасно.
Фала
 
Kajgana Shop

На врв Bottom