Прво наоѓаш кола, договараш цена со продавачот и начин на плаќање. Е сега имаш две опции.
- Прва опција е да се качиш во авион и да му ја платиш на лице место колата, а потоа да си ја возиш до МК или да мy префрлиш пари на продавачот на сметка/Western Union. Внимавај, доколку одиш на првата опција, прво консултирај се со продавачот, доста од вистинските германци( вистинските зошто арапите и турците немаат проблем со кеш
) се плашат да примат пари во кеш. Под предпоставка дека си отишол во Германија и си ја платил колата, следен чекор е одјава на колата и вадење на цол таблици и EUR1 (доколку колата е производ на ЕУ). За овој процес ќе оставам некој поупатен да ти ги каже чекорите, неколку години немам донесено вака кола.
2.Втората опција, наоѓаш кола, некој во Германија ја проверува колата и решаваш да ја купиш со тоа што ќе префрлиш пари со банкарска трансакција. Внимавај доколку купуваш кола од приватно лице, ќе имаш проблем со префрлањето на пари. Доколку не е правно лице и не приложиш фактура при префрлањето на парите во банка, максималниот износ кој може да го префрлиш е 2000 евра месечно (не ме држи за збор за сумава, ама не беше повеќе од 3000 евра).
Доколку префрлаш пари преку Western Union. Тука имаш лимит од 1500(или 2500) евра месечно по човек, но за разлика од трансфер преку банка, може да дојдете 3ца и да префрлите по 1500 евра од еднаш со тоа што ќе платите дупла провизија.
Откако ќе најдеш начин да ја платиш колата, бараш од продавачот на колата да ја одјави колата и да ја спреми за транспорт, а ти во меѓувреме бараш камиони што носат коли од Германија. Цената на транспортот варира и е од 450 до 600 евра, во зависност од видот на возилото. Внимавај со транспортериве многу, јас колата си ја чекав 1,5 месец, возачот не ми креваше телефон и ми ја донесе оштетена. Јас би ги бирал поголемите фирми.
Е сега откако ќе најдеш начин да ја платиш и донесеш колата прва работа што треба да платиш е царина. Ја носиш колата во царински склад, наоѓаш шпедиција им ги даваш документите кои им требаат (двете германски сообраќајни, фактурата која/купопродажниот договор и мислам дека тоа е тоа). Кога царината ќе биде завршена шпедитерот ти праќа уплатница со сума која што треба да ја уплатиш на сметка на царина. Додека не ја донесеш колата на царина, никој не може да ти каже колку пари би била царината за твојата кола. Може некој што царинел слична кола па да ти каже ориентациона сума. Имаше случај со другар каде му кажаа2500 евра царина за BMW 530d 2013, го донесе и испадна 3990 евра царина.
Уплаќаш, си ја земаш колата (доколку си ја донел со возење имаш цол таблици кои се со ограничено време на траење,доколку е донесена со камион немаш таблички и треба да бидеш многу претпазлив да не те застане полиција.) и одиш на хомологација. Хомологација јас правев во ЦРЦ техничкиот во Ченто. Доколку колата има сертификат(COC) фабрички процесот кошта помалку околу 3000 денари и трае само 2 работни денови. Доколку нема, цената е околу 6000 денари и трае 5 работни денови, а некогаш и повеќе.
Во меѓувреме правиш нотарски превод на документите и чекаш хомологација. Штом искочи хомологацијата, одиш со колата во некоја од станиците за технички преглед за да иницираат проверка во Интерпол за дали возилото е крадено. Оваа проверка трае ~10 дена.
Штом ти се јават од станицата за технички прегхлед дека проверката е завршена ја земаш колата одиш кај нив и ја регистрираш на наши таблици.
Се надевам дека не заборавив некој чекор