Не зезна ли…? Ја зезна ли македонската јавност…? Го изгледавми ли ние скоро перфектно изрежираниот филм на грчките разузнавачки служби? Како еден грчки државјанин станува херој во очите на македонската јавност… сценариото оди вака.
Настанот се случува во денешно време… пред Република Македонија да го добие најпозитивниот извештај од Европската Комисија, и да добие датум за преговори со Европската Унија… Ликот Стилјан Самарџиев (Stilijanos Samrdzis) се појавува во Македонската јавност со приказна на која секој Македонец би аплаудирал…
-Македонски државјанин го закачи Македонското знаме на полициска станица во Солун… Македонец… МАКЕДОНЧИШТЕ!!!
Сите се фативме како слеп за стап!
Уште по трагично е тоа дека истиот, ‘наш’, Македонец одлежал 13 дена притвор во Грција, и тоа како Грчки државјанин… Значи подлогата е спремна. Во тој момент, по ширењето на бомбастичната вест, Македонските портали, весници, телевизиски куќи, како кленови се фаќаат за приказната за нашиот ‘брат’, без претходно да ја проверат информацијата…, а кој не би…?
Патриотот, во меѓувреме прави свој ФБ профил, и праќа понуди за пријателства на се што е македонско… политичари, новинари, луѓе од интелектуално-општествената сфера во Македонија, се со цел да им се приближи, и да видат што тоа објаснува овој ‘ГОЛЕМ ПАТРИОТ’.
После 2-3 недели од сензационалното поставување на Македонското знаме на полициската станица во Солун, Македонецов (фантом) , излегува со уште по бомбастична вест:
- Неговиот братучед, Александар Самарџиев, бил претепан од членови на Златна Зора!!! За по неколку дена, кутрото дете да почине…
Опет, Македонците ја гризаат јадицата на Стилјан… Се споделува сензационалната вест… се докажува национализмот на Грците… непотврдена информација, излезена единствено од ФБ постовите на ‘Македонскиов’ патриот…
За МАЛКУ, целта на режисерот ќе беше постигната… Да се кренат Македонците, најмногу оние од Гевгелија, да влезат во македонските казина, во кои се коцкаат Грци, да искршат неколку грчки глави, а во Скопје да се запали грчката Канцеларија за Врски!
Медиумите, СИТЕ ДО ЕДЕН, повторно како кленчиња ја залапаа јадицата на Стилјан. Но оп, во филмот, среде снимање, откупија права и Македонските власти…
Дечките, под огромен притисок од македонската јавност, која бара став од македонските власти, за екстремните постапки на Грците, изјавува дека: – Ништо не се знае за случајот, освен дека ваква информација проширил ГРЧКИОТ државјанин, Stilijanos S.
Тоа значи дека на нашиве им станало јасно дека грчката разузнавачка служба, за малку пари, мошне лесно ни инсталирала, демек нашинец, да не ‘работи’ сите… Што успеа, успеа… но само оние кои треба, НЕ! На јадицата денеска дури, се фати и еврокомесарот за проширување на ЕУ, Стефан Филе, кој на својот твитер профил, објави дека е загрижен за тоа што се случувало во Tesalonoki !
Утре, истиот тој Филе, ќе ја посети Атина, за на грчките официјални власти да им каже дека овогодинешниов извештај на Европската комисија ќе биде ПОЗИТИВЕН за Македонија, каде ќе има одредници „МАКЕДОНСКИ“ и „МАКЕДОНЦИ“ па за да ги замоли многу да не скокаат… бидејќи нели имаат можност повторно да не блокираат на наредниот совет на ЕУ.
Наместо тоа, утре Грците би го пречекале господинов со инфото дека тој е наместен од македонските власти и медиуми, да се изрезили за настан што никогаш не се случил. А тие како во театар ќе му се изнасмеат во лице, и ќе му кажат дека ‘скопјанос те издриблаа брат’.
Патем, без официјална изјава од Македонија, грчкото МНР, излегува со реакција во која велат
- „Македонските власти да се воздржат од вакви долни провокации“, иако никој од македонските власти не реагираше, туку напротив, портпаролот на Владата, Александар Ѓеорѓиев, рече дека: – Треба да се проверат информациите пред да се реагира!
Со овој удар, грчката служба т.е. грчката држава ја добива Македонија со 100:0 во еден меч, а последиците допрва би ги почувствувале.
Грците мораа некако да не наместат, инаку по пресудада во судот во Хаг, и по се поголемата поддршка од САД, Германија, Канада и други големи земји, почнаа да паѓаат под притисокот, и може да се случи до крајот на годинава да добиеме и датум за почеток на преговори за членство во ЕУ!
Сценариото е сменето… првата провокација беше патката од грчките медиуми (пред се Катимерини, кој е весник на грчката служба) дека Македонија ќе влезе во НАТО до крајот на годината како „Горна Македонија“, второто, е филмот во филм, на Стилјан, кој за малку ќе ја кренеше македонската нација во бој против грчкиот национализам! А како и да неможевме да ја приметиме помошта од Бугарија, со провокациите за филмот Трето полувреме, знаејќи дека со тоа губи Македонија, а тие не добиваат ништо!!!
TO BE CONTINUED…
Автор: Петар Марков
http://www.bezpardon.mk/dali-preku-makedonetsot-siljan-grchkite-razuznavachi-prorabotija/