Ти навистина ли мислиш дека
навивачка песна, и мислење на обичен граѓанин се доволни и валидни аргументи за блокада на евроатлантска интеграција на Македонија (или било која друга држава). Приказна за мали деца. Дека не ебат, не ебат. Ама не Грција.
Некој друг. Појак.
Чекај сега.
Ти тврдиш дека такво лице не постои, у стилот "Исус не постоел".
Истовремено не постои, а бил примен во болница со тешки телесни повреди.
Најдобронамерно велам: чукнете си ја главата.
Голем е бројот на Македонците кои имаат исчезнато "без трага и глас" во Грција, Бугарија, Србија..
Не го мислам тоа јас. На крај краева не е ни битно што мислам, битно е што се крена голема галама и што дефинитивно не ни беше од корист. Или песна стара преку 20 години случајно стана проблем баш во тие два термина?
За „починатиот„ - нема јас што да тврдам дали постои или не. Ама тврдам дека денес став на ОН е дека Македонија нема територијални претензии кон Грција, а за неколку месеци се ова ќе се заборави и ќе останат само три работи:
- дека престедателот на СМК повикува на војна со Грција -
на кого му одговара тоа?
- сликите дека на територија на Грција има вооружени и екстремни Македонци -
на кого му одговара тоа?
- фактот дека после бламажата на Фуле, на кол да наденат Македонец и да го шетаат низ цел Солун, ни тој ни неговата ЕУ гарда барем две недели уста нема да отворат! -
на кого му одговара тоа?
А ако не си легнуваш рано еве ти неколку прашања за размислување:
- по избрзаните вести, сите медиуми гледаат да ја затворат темата која не ни одговара. Останаа само неколку (види случајност, инфо и компанија - истите од приказната со навивачката песна) кои лупаат глупости за ФБ профили и слики на дечконо кои покажуваат пак - дека во Грција има Македонци со калаши и територијални претензии -
на кого му одговара тоа?
- новинари на лице место, луѓето од амбасадата, роднини, соселани, Виножито!(за мене најрелевантните), накратко сите НАШИ луѓе - тврдат дека нема ваков настан и пробуваат да го затворат случајот. Единствените кои шпекулираат дека може „има нешто„прават простор за завера се АЛФА? кои имаат телефонско интервју со ГРК? кој меѓу другото е АНОНИМЕН? Тоа е онаа твојата вест за „примен тешко повреден во болница„ која два пати ми ја лупаш во фаца. А мене па ми изгледа дека грчево (преку АЛФА) не дупи -
на кого му одговара тоа?
- збориме за Грција каде нашите ги малтретираат за ситници, каде секој втор комшија е шпиун и каде се плашат да зборат на својот јазик. Во истата таа Грција човек со месеци ги дупи со поставување знамиња, позира со калаши и лупа профили - пак потврда за „вооружени Македонци во Грција„ - без разлика дали дечкото е платен, храбар или луд па оставен на мира -
на кого му одговара тоа?
Од мене само еден хинт - на сите 6 болда одговорот е -
на Македонија сигурно не.
Еве ти го сега твојот цитат назад и биди ми поздравен.
Истовремено не постои, а бил примен во болница со тешки телесни повреди.
Најдобронамерно велам: чукнете си ја главата.
..