Двајца членови тука веќе изразија желба да го видат ова монументално здание во Перу, мал историјат околу него:
Мачу Пикчу (кечуански: Machu Pikchu –
„стара планина
“) е претколумбовски град на Инките кој се наоѓа на 2430 метри надморска височина на Андите во Перу. Градот, а денес археолошко наоѓалиште, се наоѓа на планинскиот венец над долината Урубамба во Перу, каде тече реката Урубамба и од Куско е оддалечен околу 80 километри. Голем број археолози веруваат дека Мачу Пикчу бил изграден како одморалиште на Сапа Инка Пачакути. Мачу Пикчу понекогаш се именува и како
„изгубениот град на Инките
“ и претставува најпознат симбол на некогашната нивн империја.
Инките започнале да го градат во 1400 година, но бил напуштен во официјална смисла од страна на нивните владетелите еден век покасно. Иако градот и наоѓалиштето биле познати за мештаните, тој долго време останал непознат за остатокот од светот. Вниманието на светската јавност било фокусирано кон наоѓалиштето во 1911 година кога американскиот историчар Хирман Бигман му го претставил Мачу Пикчу на светот. Оттогаш, Мачу Пикчу е важна светска туристичка атракција.
Мачу Пикчу во 1981 година бил прогласен за перуанско историско светилиште и во 1983 година бил вклучен во Светското наследство на УНЕСКО. Бидејќи не бил чепнат од Шпанците, Мачу Пикчу има доста голема историска, археолошка и културна важност и се смета за свето место. Мачу Пикчу бил изграден во класичен инка стил, со полирани камени ѕидови. Главни градби во наоѓалиштето се Интихуатана, Храмот на Сонцето и Собата на три прозорци. Овие три градби се наоѓаат во делот кој археолозите го нарекуваат и „свет округ“ на Мачу Пикчу. Во септември 2007 година, Перу и Универзитетот Јејл се договориле да се пренесат сите артефакти во Перу кои биле пренесени за време на американската експедиција на чело со Бингам.
Кога шпанските освојувачи го уништиле најголемиот дел од Инките, а последниот нивен владател Атахуалпа го убиле, останатите жители побегнале во една оддалечена ридска тврдина на Андите. Оттаму уште 39 години тие храбро ги напаѓале конквистадорите. Шпанците никогаш не успеале да го пронајдат нивното тајно засолниште. Кога исчезнале и последните Инки, тврдината била заборавена. Пред неколку децении била пронајдена, иако уште многу поодамна се знаело дека мора некаде да постои: Мачу Пикчу, слично на орелско гнездо, на висина од 2000 метри, била огромна изградена тврдина.
Крв и многу злато биле потрошени за патот на 188 војници кои под раководство на генералот Франциско Пизаро тргнале со цел за припојување на државата на Инките кон шпанската круна. Тие дошле во најповолниот можен момент, имено, последниот владател Хуајна Капак, ја поделил државата на своите синови Атахуалпа и Хуаска. Наследниците се искарале, поради што настанала граѓанска војна од која Атахуалпа излегол како победник. Својот брат го заробил во Куско, познатиот главен град на Инките, чиешто име во превод значи „папокот на светот“. Во својата престолнина Кахамарка, очекувал да надојдат голем број на Шпанци, а пред неговиот град Пизаро првпат се појавил во 25 ноември 1532 година.
Неговите чети никогаш нема да можат да започнат војна против најмалку 30000 неуништливи Инки. Генералот Пизаро го намамил владетелот во неговиот главен штаб и го заробил. Тој ден, животот го загубиле 4000 Инки. Атахуалпа, кому добро му била позната жедта и алчноста на Шпанците по злато, се обидел да ја плати и откупи својата слобода. Тој предложил просторијата во која бил затворен да ја наполни со злато, до висината до која рацете можат да досегнат. Но, Шпанците за возврат на тоа морале да му ја вратат слободата“, а (Франциско де Херез) Пизаро на тоа и номинално се согласил.
Иако Атахуалпа го исполнил своето ветување, сепак тој никогаш не ја видел повторно својата слобода, затоа што генералот Пизаро наредил да го убијат. Пред да биде погубен, Атахуалпа ги проколнал своите убијци, а клетвата и се исполнила. Веднаш по овој настан сите учесници во неговото убиство, вклучувајќи го и самиот Пизаро умреле од болна и сурова смрт, а Инките организирале лов на виновниците. Генералот Манко Капак, еден од браќата на Атахуалпа, се прогласил за крал на Инките и ги повел огорчените Индијанци во борба против тиранинот. По една неопислива борба меѓу двете завојувани страни, победиле Шпанците по што Манко Капак се повлекол назад со своите верни луѓе, меѓу кои биле и „ќерките на сонцето“ (според верувањата тие биле посебно облечени девици) и заедно се повлекле назад во ридската тврдина која била наречена Мачу Пикчу.
Одовде, тој и неговите следбеници ги предводеле нападите врз Шпанците кои траеле со децении. Иако Шпанците упорно се обидувале да го откријат нивното засолниште, сите нивни обиди за тоа останале неуспешни. Но, еден ден кога престанале нападите, поради тоа што изумреле жителите на Мачу Пикчу или поради тоа што се иселиле, Шпанците престанале да се интересираат за нивното засолниште. Во XIX век освојувачите, авантуристите, ископувачите на злато и учесниците во истражувачките мисии започнале да спороведуваат активности за пронаоѓање на Мачу Пикчу, но без успех, сè дури професорот по историја Хирам Бингам, предводникот на една експедиција од Универзитетот Јејл, не наишол на траги поврзани со престолнината.
На ден 24 јули 1911 година, Бингам за првпат ги видел ѕидините на Мачу Пикчу, кои била прекриени од вегетацијата на прашумата. Целокупната градба била откриена година дена подоцна. Тогаш неговата експедиција пред себе видела огормен сплет од тераси и скали, при што придружникот на Бингам престанал да ги брои скалите кога стигнал до 3200, а пред нив наизменично продолжиле да се нижат ѕидини и кули, бунари и храмови, како и гробови со мумии и свети камења.
Единствено местоположбата на градот во кој некогаш живееле околу 1000 жители, претставувала причина зошто Шпанците не успеале да стигнат до Мачу Пикчу. Врвовите на ридот биле прекриени со тераси и опколени од трите страни со 700 метри длабока и стрмна клисура во која беснела брзата река Урубамба, додека пак, четвртата страна била затворена со гребен од еден рид. Сосем е извесно дека во времето на Инките постоеле и мостови преку реките, кои тие можеле во одредени моменти на опасност и да ги повлекуваат и уништуваат.
Ѕидовите кои биле прецизно изработени од блокови на камења, ги правеле поцврсти и им давале можност да се одбранат од надворешните влијанија и покрај тоа што немало пронајдено никакви докази дали градот некогаш бил нападнат од страна на непријатели. Во врска со градот постојат и голем број на други мистерии кои останале неразјаснети и покрај големиот број на гробови и материјални остатоци кои таму биле пронајдени. Зошто Инките го напуштиле Мачу Пикчу? Од кога датираат огромните ѕидини? На кој начин тие ги имаат донесено овие камења на ридот?
Можеби еден ден ќе бидат потврдени претпоставките дека Мачу Пикчу бил изграден илјада години пред нашата ера, како и тврдењата дека светот настанал за време на владеењето на првиот владетел на Инките.
Браќата Хуаска и Атахуалпа.
Шпанскиот конквистадор Франциско Пизаро.
Манко Капак и приказ на фамилијарното стебло на Сапа Инките (Хуринска династија) чијшто основач бил самиот тој, инаку брат на Атахуалпа.
Мапа на Мачу Пикчу.
Поглед на Вајна Пикчу над руините од Мачу Пикчу.
За разлика од многуте симболи на Мачу Пикчу, јасната сличност сo машко лице на планините може да се види на прв поглед. Сосема природната формација се чини дека ги покажува носот, устата и челото на човекот којшто гледа кон небото. Ако треба да се следи дуалноста што ја покажуваат митските слики на Инките, нема да ве зачуди кога ќе чуете дека на неа е претсавена и жена што спие.
Примероците земени од површината на карпата покажале траги од злато, со гравури на неговата површина, за коишто некои археолози веруваат дека можеби била целосно покриена со злато во еден момент.
Ако навистина била целосно покриено со злато, светиот и скапоцен метал на Инките, таа ќе заблескаше на сончевата светлина, можеби обезбедувајќи воздушен сигнал за божествата погоре над неа. Овие лица на Мачу Пикчу и нивната симболика не треба да се пропуштат за време на вашето патување кон урнатините.
Храмот на кондорот:
Кондорите на Андите се огромни птици и нивниот огромен распон на крилјата од 10 метри е една од нивните суштински карактеристики. Кога ќе стигнете до Храмот на Кондорот кај Мачу Пикчу, можеби ќе започнете да се прашувате зошто андскиот кондор извајан на подот има само глават и тело. Направете неколку чекори наназад и целата слика ќе ви биде откриена, птицата има огромни крилја претставени со две гигантски карпи. Вниманието на деталите е спектакуларно со тоа што карпата од лево не ја допира земјата, на тој начин симболизирајќи го кондорот што лета низ воздухот.
Светата карпа во Мачу Пикчу и куќите во облик на планини:
Мачу Пикчу и ориентацијата на нејзините најважни структури биле под силно влијание од локацијата на блиските свети планини или Апус. Низ урнатините на Инките во Мачу Пикчу, има голем број „ехо камења“ кои се усогласени со обликот и формацијата на Апусот што го опкружува Мачу Пикчу.
Светата карпа на Мачу Пикчу, долга 25 метри, тешко е да се промаши, па дури и се наоѓа на пиедестал со цел да се обезбеди подобро да јазабележите. Исто така позната и како Олтарот на репликата на Апусот, Светата карпа потсетува на силуетата на група важни планински врвови, поточно Јанантин Планина.
Модерна реконструкција на Мачу Пикчу.
Ѕидините на тврдината изведени од изделкани и фино обработени камени блокови.
Тераси коишто се користеле за земјоделство во Мачу Пикчу.
Правилните геометриски решенија на објектите во рамките на тврдината.
Храмот на Сонцето или „Тореонот“.
Скулптурите издлабени во карпестото дно на Храмот на Сонцето коишто се толкуваат како „Водени огледала за набљудување на небото“.
Кралскиот дел со градби во рамките на тврдината.
Внатрешноста на една зграда на Инките, во која има трапезоидни прозорци.
Прегледај го приврзокот 246454
Артефакти собрани за време на експедицијата на Бингам во 1912 година, на изложба во Музејот на Мачу Пикчу:
Осликан глинен сад (арибалос) за парфем со антропоморфна претстава на глава на неговото грло и длабок сад со рачки со стилизирани прикази на пеперуги.
Сребрени тупуси, игли кои жените кај Инките ги користеле за прицврстување на текстилот од облеката.
Игла за шал од изрезбана коска, украсена со две птици.
Артефакт со приказ на антропоморфна фигура со мачкини обележја, изведена од позлатена бронза, злато, седеф и тиркиз, Моше период.
Виртуелен преглед на збирката артефакти и човечки остатоци пронајдени во Мачу Пикчу.