Ахх... Новогодишни и Божиќни празници... Колку и да ми е преку глава од се и да сум изнервирана, едноставно самата атмосфера ме понесува во добро расположение! Мој омилен период од годината!
uf gi sakam epten,od prosta pricina so ima tolku prekrasna energija okolu lugeto..nekoja posebna toplina vo domot i site mi izgledaat raspolozeni pozitivni i srekni
Не ги сакам празниците. Фамилијарно сме нервозни на празници, не знам зошто. Верувам дека имаме многу да научиме од јапонците, како впрочем и тие од нас.
Ги сакам сите празници, со сите обичаи, рутината, топлината... Празниците се време за дружба со најблиските по крв, време кога човек е длабоко свесен за својот семеен и национален континуитет, за своите корени.
Ги обожувам овие празници.Најсрекен сум и најубаво ми е.
За Бадник, сите по дома собрани, семеен ручек богата трпеза, насмевки на лица кршење лепче, шали и смеи.Божик ден кој го псоветуваме за посета на најблиските.Колку и да не се видиме преку годината сепак на Божик практикуваме да се видиме.Трет ден од Божик , Св.Стефан мојот именден. полна кука со гости.Велигден исто така преубав празник.
Има некоја посебна убавина во празниците.Јас се чувствувам одлично
Уживам во празници поради убавите обичаи кои ги имаме,и поради тоа што се слави во кругот на семејството и едноставно чувствувам топлина и хармонија. Прекрасно.
Убавината на празниците е во ред да се празнува но во никој случај тоа не смее да премине во навика, веќе во Македонија има премногу празници кои што се празнуваат. Но секогаш е убаво да се оттргне човек од секојдневите задачи.
ги сакам празниците, посебно Бадник и Велигден...интересни обичаи кои треба се повеќе и повеќе да се негуваат, фамилијарните собири, посета на роднините...во тие денови опкружени сме само со убави работи, топлина и среќа!
Оваа страница користи колачиња за персонализирање на содржината. Со продолжување на користењето, се согласувате со нашата политика за користење колачиња.