Ајде, нова тема за филозофирање.
Некој мисли така, некој обратно, некој дека нема врска едното со другото итн. Што мислите вие?
Дали од старт убавиот човек го осудувате дека е глупав или без разговор не донесувате заклучок?
Дали па за понеубавите луѓе мислите дека се попаметни?
Мислите ли дека овие две работи кај човекот се во постојана борба и секогаш се трудат едната со другата да се надополнат? Кога некој е убав да се пробива низ животот со помош на својата убавина, а кога некој не е, се труди да го прави тоа со помош на својот памет?
Значи, ако ги земеме овие два параметри, убавина и памет, постојат 4 типа луѓе. Убави и паметни, убави и непаметни, неубави и паметни, неубави и непаметни. Убавината и паметот апсолутно немаат врска едно со друго. Кај првите, може од една страна да има едни, што се паметни поради тоа што се очекувало од нив во текот на животот, може да се поради тоа што, искуствата ги натерале на снаодливост, може да се и природно со висок коефициент на интелигенција. Кај вторите, во некои случаи поради убавината, другите не очекувале некој посебно висок коефициент на интелигенција или снаодливост, или не било очекувано ништо посебно, па немале потреба да се напнат со паметот да се истакнат. Кај третите, направиле компензација на физичкиот изглед со паметот, се обиделе да надокнадат она што го немаат од надвор, да дојде до израз од внатре. Или едноставно имале висок коефициент на интелигенција па не им бил потребен не знам колкав труд за да потигнуваат успеси. И кај четвртите, мислам дека се јавува најлошата можна комбинација. Зашто, не праиме муабет толку за коефициентот на интелигенција, туку можеби повеќе за ставови, мислења, однесување. Овие луѓе најчесто се жалат зашто немаат успех во љубовта, а не ни гледаат што можат да превземат околу тоа. Значи не е интелигенцијата пресудна, повеќе ставовите, начинот на размислување. Не дека не можат да се подобрат на двете полиња. Не постои апсолутно неубав човек, на изгледот секогаш може да се работи. И не постои апсолутно непаметен човек, и на тоа може да се работи. Пак ќе речам, не збориме тука за коефициент на интелигенција пошо тој е повеќе вроден отколку што може да му се влијае во текот на животот, туку повеќе на работи што се менливи.
Јас лично, никогаш не донесувам заклучок според физички изглед, пред да направам муабет со некого гледам да сум што понеутрална можам, за да не дозволам на личната пристрасност да ми влијае на впечатокот што ќе го добијам за личноста каква е реално. Секако физичкиот изглед може да е некогаш стимулатор за да пријдеш некому, да сакаш да го запознаеш, но не е пресуден. Зашто ако некого прв пат го гледаш некаде, прв впечаток градиш не само според изгледот, туку и според однесувањето, ако лично немаш контакт со него, тогаш како се однесува со другите. Ако првиот тест го пројде кај мене, има основа да прејдеме на следниот чекор, потемелно запознавање...