Уапсен е актерот Кили

M

Muranyi

Гостин
Колку што знам во нашиот КЗ и еден милиграм марихуана да имаш у тебе ќе идеш у ќорка, значи кај нас нема „дозволено количество“.
Не,можат само прекршочна да ти стегнат за мала количина,не знам точно која но еве нека е една двојка.Нема ќорка за едно двојче,не е толку строго и стегнато.
 

STEALTH

God is a DJ
Член од
25 ноември 2011
Мислења
10.657
Поени од реакции
14.519
Ако за двојка одеа во затвор кај ќе ни беше крајот со затворите бе, не трескајте глупости
 

DonJas

Married and Happy
Член од
22 јуни 2008
Мислења
2.651
Поени од реакции
586
Ако имаш помалку од еден грам чиста маса на грање се рачуна како за сопствена употреба и јадеш парична казна. За над тоа се спроведуе истрага. Најчесто џандарциве не се замараат ако е малце, пошо ќе треа да ги тегнат по судови и рочишта и нив.
 
Член од
2 јули 2010
Мислења
4.625
Поени од реакции
5.678
На правдина го фатија човекот ни крив ни должен, се гледа дека му е за медицинска употреба 80 саксии, а и тоа е малце. Нормално за медицинска употреба обично садат по 120 па да остане нешто и за частење. Штета стварно и за Кили и за марата да се исуши, а толку е добра и негувана по цел ден ветер ја дува, од амстердам донесена.:(
 

Cannabinoid

Cannabinologist, MMD
Член од
18 јануари 2008
Мислења
597
Поени од реакции
466
Тогаш тоа е најсилниот доказ за потврда на тезата дека марихуаната не лечи канцер...
Пушењето не лечи, затоа што поголем дел од лековитите дејства на билката се губат при истото. Но, консумирањето на маслото од марихуана - лечи!

Кили, доколку навистина е болен од рак се информирал дека пушењето не го спасува, но маслото да. За целосно лечење потребни му се отприлика 60 грама масло, за чиешто производство би му биле потребни околу пола кг сума материја (сушени цветови од висококвалитетен хибрид на канабис сатива со индика).

Затоа и толку многу садници со коноп имал, а верувам сакал и залиха на маслото да си направи.

П.С. Боб Марли да го имал овој податок за маслото од канабис, немаше да заврши како што заврши...

 
Член од
25 септември 2008
Мислења
357
Поени од реакции
239
Законски е забранено користење на марихуана во Македонија ма благо речено насекаде околу нас србија, хрватска, босна етц.... Во црна гора е дозволено за туристи колку сакаат, Во бугарија само за туристи е дозволено(бугарин кога фатат со трева го јаде јако у полиција), Во грција исто. Во турција како главен производ е хашишот затоа што тој не мириса и не пречи на никого(сите сме чуле за наргиле нели)- незнам како е за туристи ама мислам дека е либеро до некаде 10 20 грама.

Точно е дека марихуаната(како и СЕКОЈА БИЛКА) има свои предности значи со сигурност го продолжува животот на доста болни(помага при рак епилепсија алцхајмер за алцхајмер е препорачливо на секои 2 3 часа да се конзумира за да истиот биде активен и нормален како сите-го знаете мајкл џ фох) и е психотропна супстанца која може секој да ја контролира не е точно дека ако пушиш марихуана ке станеш зависник или пак тоа ке те наведе да земеш појака дрога како хероин исл. Ако се дозволи одгледување на медицинска марихуана во Македонија ке се намали бизнисот на албанците(а они праат и продаваат само канабис сатива затоа што расте од 2 до 10 метра(да 10 метра и од едно стебло прават од 400 грама до 7 8 кила, е сега што е лошото со сативата е тоа што лесно им се расипува и станува машка(популарно кажано), е после што и прават ја копаат истата во место кај што има крави ја покриваат и ставаат син камен за да ја ојачаат(фактички праат отров) после ја вадат ја ставаат на преси и оп низ европа - општо се знае за неколку села до кои нема пристап во албанија за косово да не зборуваме.

Да за легализација - Марихуаната е билка која била користена од секогаш кога не постоел аналгин кафетин бруфен диазапам, Цигарите и алкохолот се полоши

Имаше едно интересно прашање колку луѓе умреле поради конзумирање марихуана одговорот е 0
Од алкохолот - се добива цироза и секако ако препиеш отиде јабана ама она е легална ама тоа ти е бизнис
Од цигарите и хемиите кои ги ставаат во нив се добиваат 10000 болести - ама тоа ти е бизнис

Е сега како и повеќето граѓани од Македонија за ова со Кили - јбг ке си одлежи ако не му дадат максимална казна тоа нема да е во склоп со законот(значи ке мора легализација-за секоја друга пресуда), Веќе има лежено така да условно отпаѓа и секако го прекшил законот. Значи во најдобар случај(законски) ке биде осуден на 7 години за производство на психотропни супстанци(ќе излезе за 2 пошто е актер,нарушено здравје лоша состојба етц.), ако полицајците кои упаднале во неговата куќа немале налог - во ваков случај не му можат ништо(ако го осудат тоа е противзаконски- и тревата што ја нашле и зеле неможе да помине на суд - се сеќавате со змиско око).
- - и да додадам ако му прогледаат низ прсти и не го осудат - во тој случај ќе треба да ги пуштат сите кои што биле приведени и затворени за вакво дело(така да тоа е).

За претходните коментари во врска дека ако имаш 1 грам со тебе и те фатат ти нудат да си им Снич и да кажеш од кој земаш и слично и после ти се закануваат ке ти стават печат на пасош и ке јадеш котеќ иако во најлош случај добиваш 6 месеца до 2 години условно и за секој шамар можеш да судиш - ама за тоа треба да имаш Гутс и да звониш дома мамо тато вака и вака и да дојдат родителите да те видат издуван од ќотек ке напраат ршум у полиција хехе(во тој случај некој лета од работа), ама до сега немам чуено или видено за ваков случај во Македонија.
Вака гледам јас на оваа ситуација -
 
Член од
12 август 2011
Мислења
3.829
Поени од реакции
2.031
Ако за двојка одеа во затвор кај ќе ни беше крајот со затворите бе, не трескајте глупости
Добро нема во затвор, наместо затвор ќе се исповедаш секоја недела во п.с. наместо во црква. :icon_lol:
 
Член од
13 август 2013
Мислења
3
Поени од реакции
0
udri po drogasite, smrkaat od toa travata samo

--- надополнето: 8 септември 2013 во 12:43 ---
Не зборам за периодично пафкање туку константно да си напушен. Како може тоа да нема никакво влијание врз организмот?
Имам другар 37 години има и пуши трева од 2001год. и изгледа најздрав за негова генерација и нема никакви здравствени проблеми а за тоа дека марихуаната го суши мозокот гледам по другаров колку е точно.. работи у влада ко преведуач и си има свое школо за англиски и е поинтелигентен од гоолем дел непушачи у негови години :) а и да си редовен пушач на марихуана, THC-то од 1 џоинт дневно сигурно не е поштетно од 1-2 кутии цигари дневно што ги пушат сите пушачи.. а и потврдено е дека годишно пола милион умираат од цигари и алкохол а до сега кај ни 1 смртен случај не е потврдено дека причина била марихуаната.. не сум за тоа дека сите треба да пушат трева само кажуам факти што сум ги читал и видел за марихуаната. :)
 
Член од
8 јануари 2012
Мислења
10.078
Поени од реакции
14.993
можеби брат му на Кили бил на бродот,да обезбеди `роба` :pos:
Пожар на брод со 30 тони хашиш

07.09.2013 | 21:14
Извор: Точка
Прочитано: 2469 пати
Испрати на пријател
Зголеми го фонтот
Намали го фонтот



Бродот "MV Gold star", на кој избил пожар во близина на брегот на Малта, превезувал повеќе од 30 тони хашиш, соопштиле италијанските власти.

"MV Gold star" вчера бил на дваесетина километри од Малта, кога на него избил пожар, а италијанската поморска стража смета дека ова е можеби направено намерно за илегалниот товар да се уништи и да се одбегне апсење.

Огнот е изгаснат утринава, а деветочлениот екипаж го собрал брод на италијанската поморска стража, кој се наоѓал во близина.

"MV Gold star" преку радио упатил повик за помош кога бил на околу 30 наутички милји северно од островската држава во Средоземното Море.

Армијата на Малта пратила два патролни бродови и брз воен пресретнувач, и во текот на целата ноќ се бореле со огнената стихија.



Се очекува дека бродот ќе биде довлечен до Италија.

Како што денес соопштила италијанската полиција, египетски и сириски криумчари со дрога го запалиле сопствениот брод со 30 тони хашиш, бидејќи ги сретнала поморската патрола. Полицијата во соопштението додала и дека пред три дена добила дојава за голема пратка дрога која ќе се наоѓа на брод во Медитеранот.

Станува збор токму за бродот "MV Gold star", долг 85 метри и регистриран во Танзанија.

„Деветте членови на екипажот, државјани на Египет и Сирија, го запалиле бродот и го уништиле неговиот скапоцен товар, а потоа скокнале во морето“ – пишува во соопштението. Криумчарите се извлечени од водата и уапсени.
http://tocka.com.mk/1/104669/pozar-na-brod-so-30-toni-hasis



 

Kajgana Shop

На врв Bottom