Уапсен е актерот Кили

Shorty

Вансериски
Член од
30 јануари 2007
Мислења
7.277
Поени од реакции
1.496
Фактички ако Кили докаже дека не продавал, дека е болен од рак, дека имал намера да ја користи за своја лична употреба и лечење, ако успее да изведе докази на пример дека поседува книги за алтернативно лечење и медицина за да се докаже неговата намера, да изведе научни докази за дејството на марихуаната, тогаш би можел да има мали шанси да го јаде помалку.


Еве Кривичниот законик што вели:
(1) Тој што неовластено произведува, преработува, продава или нуди на продажба или заради продажба купува, држи или пренесува или посредува во продажба или купување или на друг начин неовластено пушта во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори, ќе се казни со затвор од три до десет години.

(2) Ако делото од ставот (1) на овој член е сторено со наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од помало количество, сторителот ќе се казни со затвор од шест месеца до три години.

Што значи дека според мое мислење ако се докажат сите околности, и ако судијата не ја смета количината од 80 саксии за голема, може да лежи Кили околу 2 год. И плус зависи како судијата ќе ја земе у предвид неговата наркоманска историја (дали како позитивно или негативно у смисла дека чуеков е наркоман и не може да се откаже од тие работизасекогаш). Нормално има и многу други фактори како на пример надворешен притисок, јавно мислење, морал, така да зависи од судот што ќе се случи и колку ќе му се даде :D
 

Bojan Van Buuren

Колектор
Член од
11 април 2008
Мислења
8.394
Поени од реакции
12.058
Абе на суд поминуваш без "кривична осуда", ако имаш грамажа за лична употреба.
И 24 сати можат да те држат без око да им трепне.
Можат да те држат ако има сомнение за кривично дело, ама ако држење марихуана викаме дека не е кривично дело тогаш не би смеело да те држат.
Башка мора нели пред истражен судија да те изнесат, не смеат така како ќе им текне да затвараат и да пуштаат...
 

Shorty

Вансериски
Член од
30 јануари 2007
Мислења
7.277
Поени од реакции
1.496
Абе на суд поминуваш без "кривична осуда", ако имаш грамажа за лична употреба.
И 24 сати можат да те држат без око да им трепне.

Тоа грамажа за лична употреба не се води по кривична постапка туку се одговара прекршочно. Мислам дека казната за таа грамажа до 5 грама (пакетче) е 400-500 евра. И не, не се лежи во затвор и мислам дека не се отвара ниту досие во полиција ама не сум сигурен :)
 
Член од
12 август 2011
Мислења
3.829
Поени од реакции
2.031
Тоа грамажа за лична употреба не се води по кривична постапка туку се одговара прекршочно. Мислам дека казната за таа грамажа до 5 грама (пакетче) е 400-500 евра. И не, не се лежи во затвор и мислам дека не се отвара ниту досие во полиција ама не сум сигурен :)
Тоа што го збориш е доколку се декриминилизира, што не е случај во МК. Во Хрватска и Црна Гора има ваков закон. Не и тука.
 

Shorty

Вансериски
Член од
30 јануари 2007
Мислења
7.277
Поени од реакции
1.496
Тоа што го збориш е доколку се декриминилизира, што не е случај во МК. Во Хрватска и Црна Гора има ваков закон. Не и тука.

Ако е декриминализирано, тогаш ќе биде дозволено до одредена грамажа да не биде казниво, ниту парично ниту затворско. МИСЛАМ ама не сум сигурен дека во времето на СДСМ било дозволено до 5 грама.
 

Bitcoin

Член од
24 мај 2005
Мислења
5.530
Поени од реакции
13.903
Дечки од лично искуство зборвам, не бај д бук :D .
Значи има олеснување ако ти е првпат, има олеснување ако ти е под 10грама, има олеснување ако "стоката" ти е пакувана во 1 пакетче, а не во 10 помали, има олеснување ако соработуваш со полицијата, и во секој случај со мала грамажа не одговараш кривично, туку прекршочно (парично).
Ако најдат во тебе и одпушок од џоинт, можат да те држат 24 сати, безразлика дали имаш адвокат или не.
За се друго, те викаат на "информативен", а можеш да завршиш и како сведок.
То е то.
 
Член од
9 април 2009
Мислења
3.183
Поени од реакции
3.830
уште не можам да поверувам дека кили е наркоман...
 
B

BooBojan

Гостин
Може различно да си го оценуваме ова,јас сепак не го оправдувам,ама ајде ако е ептен за медицинска употреба,плус и на личност која гледам дека кај лугето важи како интересна и ценета лично.


И Душко Илиевски,млекарот од Битола(мислам беше)го осудија,убаво ги знаеме околностите...
 
Член од
7 октомври 2011
Мислења
9.377
Поени од реакции
11.748
Овој е за во гинис ако користел 40 стебла за лична употреба, и чак норис не го може ова.

За полицијата да не правиме муабет, како бе знаеле од почетка дека има садено, ми кој кур што чекале тогаш да пораснат.
Пишав јас за стеблата значи тие се временски распоредени за да има константна берба,имаш растенија кој можеш денес да ги береш и имаш растенија кој сега станале расад и за кратко време би се расадиле за да растат и даваат плод.



Вложил во семе, опрема, вода, струја... и напрај есап на крајот, со тие трошкови - можел да си купува за лична употреба, и секогаш да има грамажа која не претставува кривично дело. Што мислел, не знам. Освен ако....имал некој профитабилни планој. Тогаш со право го затвориле.
А според "бавчата" на видеото..... не го спасува ниеден адвокат.
Домашното и купечкото не е исто!Тоа што го продаваат кај нас е живо ѓубре со 300000 адитиви кој се многу пострашни од самата мара(пошо овие можат да те отрујат),кој знае какви не ти глупости се ставаат во готовиот производ,а да не збориме за време на раст и развој ,зборам за пестициди,инсектициди....
Вака дома се си контролираш ти и си знаеш на што си.

п.с. не зборам од искуство со ова,агроном сум.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom