УЈП врши економски терор во Охрид

И

Име И Презиме

Гостин
Ние сме единствена земја во светот што приватниот сектор се гази од страна инспекциите. Поради тоа никој не сака да отвори бизнис. Туку сите сакаат да се пикнат некаде на државна работа. Или ако не биде и тоа трета опција странство. Многу мали бизниси се исчезнаа поради инспекциите. Државата со свој пиштол си пука на своја нога.
Проблемот е нискиот стандард на луѓето.Забележете дека се нема кеш, полни се само маркетите и кафичи и кафани, тек тук некој добар занаетчија со кеш што работи а се друго на рати, на чекања на фактури ....
 

oon

Член од
3 ноември 2008
Мислења
2.812
Поени од реакции
1.082
Проблемот е нискиот стандард на луѓето.Забележете дека се нема кеш, полни се само маркетите и кафичи и кафани, тек тук некој добар занаетчија со кеш што работи а се друго на рати, на чекања на фактури ....
Треба да се смени фискализацијата и казнената политика. И да се намалат ингеренциите на инспекторите. Бидејќи овдека многу лесно се злоупотребува службената положба од некои инспектори. И без писмена опомена да не можат да пишат големи астрономски залудни казни.
 

Zaptija Stojkov

Комунист
Член од
23 февруари 2010
Мислења
3.128
Поени од реакции
2.768
УЈП врши економски терор ама во мали објекти...

Но во големите објекти инспекции идат со најава унапред 2-3 дена...

Ќе им дадат скара со 3-4 врсти меса, најскапа риба, штокој, виски, метакси, балантајн, ако се републичка инспекција ќе им речат спиј, пиј, јади без пари колку деној сакаш и веднаш газдите ќе ги замолчат инспекторите...

Ова се дешава од 1990 година па до ден денес. И уште години/децении тоа ќе остане непроменето...
 
Член од
8 јануари 2012
Мислења
9.978
Поени од реакции
14.748
Во саботата бев во мојаата омилена пицерија(јадам пастрмајлија таму...не пици)...и за чудо вообичаената сметка овој пат ми дојде околу 200 ден повисока од вообичаено. гледам ставиле по 20-30 денари секаде плус

изгледа гужвата си го прави своето, но тешко ќе им биди на ориѓани да се привикнат кога ќе им избегаат скопјаништата . тренд е скопјаните викендите лека полека ги заменуваат со викенди во грција..наместо во Орид
 

Џои

КИНЕКТиран
Член од
1 февруари 2007
Мислења
8.406
Поени од реакции
2.076
Во саботата бев во мојаата омилена пицерија(јадам пастрмајлија таму...не пици)...и за чудо вообичаената сметка овој пат ми дојде околу 200 ден повисока од вообичаено. гледам ставиле по 20-30 денари секаде плус

изгледа гужвата си го прави своето, но тешко ќе им биди на ориѓани да се привикнат кога ќе им избегаат скопјаништата . тренд е скопјаните викендите лека полека ги заменуваат со викенди во грција..наместо во Орид
Ама сигурно беше поефтино него скопје нели :)
 

Џои

КИНЕКТиран
Член од
1 февруари 2007
Мислења
8.406
Поени од реакции
2.076
Појма немам....во Скупи и не се усудувам да порачвам вакви јадења:vozbud:
Охрид има многу области каде што треба да се среди, секако дека има многу маани. Неможеш да налеташ на добар издавач секој твој одмор. Кој стигна издава сега, конкуренцијата е голема ама и со тоа квалитетот е покачен.

Секоја критика за Охриѓани е и повеќе од добредојдена, но муабетите од тоа дека на пример ете во Леонардо пицата е 230 денари голема и била скапа не се прифаќаат. Сите сме биле во грција и знаеме како е. Охрид нема и не треба да се споредува со море. Таму сезона си имаат 7 месеци. Кај нас е 1 месец до 5 месеци во зависност од издавачите.
 
Н

невидливио

Гостин
Во охрид конкуренцијата е голема последниве години.Паѓа забавата, освен една журка околу 1ви август и некој концерт.Немаат стратегија а има голем потенцијал.Дали ви текнува на дискотеката во хотелот палас,Парк,арена,леа, итн.Сите беа преполни.Цените нормални и нема гајле.Закониве се шугави ко во саудиска арабија да сме.
Ееее ми текнува на тие времиња. Златните времиња за приватен бизнис во Македонија. Ми текнува и како во тоа време марката беше 27 денари:icon_lol:. Некако посреќни времиња беа. Поопуштени, послободни некако.
И на парагон блок ги пишувавме сметките. Имаше и тогаш инспекции, казните беа околу 500 марки мислам ако ти направеа попис и со попис ако најдеа дека си продавал роба а не си пријавил. А во тоа време кирија за дуќан на лоша локација беше 500 марки, а на добра локација знеше и преку 2000 марки да е отприлика. Така да тоа време никој не проплака од казни, поголема беше штетата врз прометот пописот додека го правеа обично цел ден отколку казната. Ама од 96та година надаље приватно стана на Господ бељата. Не заради инспекции туку секоја година прометот стануваше помал како што пропаѓаа фабриките една по една... Ова со драконски казни е сега нова мода.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom