УЈП врши економски терор во Охрид

oon

Член од
3 ноември 2008
Мислења
2.812
Поени од реакции
1.082
УЈП во Охрид, угостителите револтирани: Наместо да ги служиме гостите, ние со инспекциите се расправаме!

Деновиве републички инспекции на Управата за јавни приходи го нападнаа Охрид. Инспектори од цела Македонија ги чешлаат угостителските објекти на брегот на Охридското езеро. Нема точна бројка колку угостители се казнети во градот, но според чаршиските муабети ги има голем број угостители кај кои биле забележани законски недостатоци.

-Цела зима немаме работа, ние знаеме како преживуваме, како плаќаме кирии, даноци, закупнини кон општината, вработени и други давачки. Токму кога почнува работата, секогаш деновивте околу 1 мај, имаме работа за да закрепниме после долгата зима, е тогаш доаѓаат инспекциите. Наместо да ги служиме гостите ние со инспекциите се расправаме. Бараат книги, документи, бројат пари, едноставно бараат „рачки“ за да не казнат. Вака е години наназад. Ништо не е сменето, велат угостители во изјава за Охриднет.

https://republika.mk/911158
 
И

Име И Презиме

Гостин
Угостителите од Охрид бетер од цигани со нивното лажење и кукање.Цените астрономски и секогаш полни локалите.Сезоната е продолжена а и зимно време има многу случувања што привлекуваат туристи.
 
Член од
18 март 2015
Мислења
405
Поени од реакции
568
во потпеш ресторанчето наручав овошна салата која се состоеше од : 2 тркалца банана,2 грозда, 2 парченца лубеница од по 1 цм, 2парченца јаболка ,2 коцки диња сервирано во епрувета по цена од 150 или 180 ден ,што е до мене секој ден инспекција нека имаат
 
Познавам лично многу луѓе што цел живот има работено чесно и поштено и наеднаш една акција од УЈП му напишаа казна 20 илјади евра. А бизнисот му вреди 10 илјади евра. Значи овдека станува збор за класичен економски геноцид врз обичните приватнаци. Ако се гази приватниот сектор државата автоматски ќе има дополнителни социјални случаи. Овој терор врз приватнаците трае речиси уште од осамостојувањето на Македонија. А ем башка е тоа што Зајко кукурајко кога беше опозиција цело време лаеше како куче дека нема да се чепне приватнаците со астрономски казни. А сега бетер напра од како дојде на власт. Која будала после ќе инвестира овдека ? Или ќе си замине надвор од државата или ќе стане партиски војник со цел да се пикне некаде во државна администрација за една пуста плата и да молчи цел живот.
 
Последно уредено:

GreenRoot

^Зелен^
Член од
20 јули 2011
Мислења
2.550
Поени од реакции
2.120
Мислaм декa немa нa другo местo тaквo искoристувaње нa рaбoтнaтa силa кaкo вo угoстителствoтo вo Oхрид.

Гoлем дел oд рaбoтниците рaбoтaт нa црнo, не пријaвени и вo сезoнa чести oстaнувaaт прекувременo и извршувaaт и други oбврски нaдвoр oд рaбoтнaтa пoзицијa.

Ујп требеше дa ги чешлa угoстителите уште oдaмнa, нo сепaк тие блиски нa влaстa ќе си пoминaт кaкo и дo сегa.

Ми се гaди кoгa ќе слушнaм декa сметките не ги пoкривaле, a мoчaнo мaкијaтo им е 70-80 денaри вo сезoнa.

Sent from my LG-H830 using Tapatalk
 
Член од
20 јули 2016
Мислења
7.633
Поени од реакции
4.934

Ќе ги шутнат тие што се непијавени од работа и ќе затворат места а ти е што ќе останат ќе имаат повеќе работа и ќе ги дигнат цените на мочаните макијата на 100-120 денари. И сите среќни :D
 
Така нема никој да седи и ке си затворат, можеби некој од странците ке го заколат....
За бизнис треба памет, а за угостителство треба и душа.За жал таму го нема тоа во пакет.
 
Член од
20 јули 2016
Мислења
7.633
Поени од реакции
4.934
Така нема никој да седи и ке си затворат, можеби некој од странците ке го заколат....
За бизнис треба памет, а за угостителство треба и душа.За жал таму го нема тоа во пакет.
Цените на Макијатата никад нема да паднат, освен ако има војна и хаос во МК. Тоа е...има и други дестинации.
 
Член од
31 март 2013
Мислења
320
Поени од реакции
197
За каков економски терор и геноцид зборате бе луѓе, тие се богатат ставајќи астрономски цени на се и не плаќат данок, има локали и ресторани кој редовно си го плаќаат данокот, плаќање данок е законска обврска на сите. Вие оправдувате некој да не плаќа данок? Па од тој данок се полни државниот буџет а од тој државен буџет после Вие во Охрид ќе барате марина, инвестиции и слично. Вие лично ако не го платите данокот на имот или ПДД одма ќе Ве казнат па така треба и нив да ги казнуваат.
 
Член од
26 јули 2014
Мислења
95
Поени од реакции
103
Познавам лично многу луѓе што цел живот има работено чесно и поштено и наеднаш една акција од УЈП му напишаа казна 20 илјади евра. А бизнисот му вреди 10 илјади евра. Значи овдека станува збор за класичен економски геноцид врз обичните приватнаци. Ако се гази приватниот сектор државата автоматски ќе има дополнителни социјални случаи. Овој терор врз приватнаците трае речиси уште од осамостојувањето на Македонија. А ем башка е тоа што Зајко кукурајко кога беше опозиција цело време лаеше како куче дека нема да се чепне приватнаците со астрономски казни. А сега бетер напра од како дојде на власт. Која будала после ќе инвестира овдека ? Или ќе си замине надвор од државата или ќе стане партиски војник со цел да се пикне некаде во државна администрација за една пуста плата и да молчи цел живот.
20 илјади евра е голема казна и за да се собере треба да има барем 4-5 основи за казнување. Тешко се доаѓа до овој збир во бизнис кој цело време работи чесно и поштено. Некој од УЈП да сака да пише намерно волкава казна треба да е или многу креативен или да му се сервирани на тацна 4-5 сериозни прекршоци.
Го имаш видено записникот од УЈП? Кои се прекршоците?
 
Makaron

КЕН ЛИИИИ лиду дибу даут јууууууу !!!!
Член од
16 јули 2014
Мислења
7.612
Поени од реакции
11.739
И јас прв пат да застанам на страна на скопјаништава. :D

Буквално за се сте во право, сакаат со еден локал да возат поршеа, аудија, бемвеа а работниците како што кажавте погоре работаат 12+ саата секој божји ден во сезона, 3-4 месеца без слободен ден за 12000.

Оваа зима правеа семинари, работни групи и што ти знам за да се посочел фактот дека во Охрид последниве години неможеш да најдеш келнер или готвач да ти работит, сите или заминаа или отидоа по фабрики и маркети, никој не сака да им работи цел ден за 200е.

Па правеа преквалификации, па ова па она:pos:
Секоја година се помалку работна сила ќе има во угостителството а како за инает бројот на туристи се зголемува три години по ред.

П.С Мало макијато во Аквариус е 40 денари.
 
60 е брaчкo, летни цени. Некoј мoрa дa јa плaти плaтфoрмaтa штo јa ренoвирaјa.

Sent from my LG-H830 using Tapatalk
 
Член од
8 октомври 2009
Мислења
755
Поени од реакции
356
УЈП во Охрид, угостителите револтирани: Наместо да ги служиме гостите, ние со инспекциите се расправаме!

Деновиве републички инспекции на Управата за јавни приходи го нападнаа Охрид. Инспектори од цела Македонија ги чешлаат угостителските објекти на брегот на Охридското езеро. Нема точна бројка колку угостители се казнети во градот, но според чаршиските муабети ги има голем број угостители кај кои биле забележани законски недостатоци.

-Цела зима немаме работа, ние знаеме како преживуваме, како плаќаме кирии, даноци, закупнини кон општината, вработени и други давачки. Токму кога почнува работата, секогаш деновивте околу 1 мај, имаме работа за да закрепниме после долгата зима, е тогаш доаѓаат инспекциите. Наместо да ги служиме гостите ние со инспекциите се расправаме. Бараат книги, документи, бројат пари, едноставно бараат „рачки“ за да не казнат. Вака е години наназад. Ништо не е сменето, велат угостители во изјава за Охриднет.

https://republika.mk/911158

„Република“ е пропагандистички медиум на мафијата на ВМРО!
Фирмата основач на „Република“ е од Белизе...
 
Bojan Van Buuren

Колектор
Член од
11 април 2008
Мислења
8.394
Поени од реакции
12.058
Имало инспекции по кафиќите во Охрид... boo freaking hoo...
 
Kajgana Shop

На врв Bottom